МакедонијаНагради за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2016Марјан Димитриевски е најдобар полицаец, Ѕвонко Стојановски е најдобар пожарникар, а Љупчо Велковски најдобар крводарител за 2016 година во Скопје. Наградите на најхрабрите и најхуманите луѓе во Град Скопје за 2016 година денеска им ги врачи градоначалникот Коце Трајановски. - Град Скопје традиционално доделува награда за најдобар полицаец, крводарител и пожарникар. Наградата изнесува 10.000 денари. Ги наградуваме најхуманите и најхрабрите. Со тоа сакаме да ги поттикнеме и останатите кои работат во овие области да бидат хумани, храбри и пожртвувани во извршувањето на своите задачи, рече Трајановски. Најдобриот полицаец за 2016 година Марјан Димитриевски е вработен во Полициската станица Гази Баба од 1992 година. Осврнувајќи се на годинава што истекува, Димитриевски ги издвои поплавите во Стајковци каде што им пружале помош на поплавените и повредените. Најдобриот пожарникар за годинава Ѕвонко Стојановски е вработен во Бригадата за противпожарна заштита од 1989 година. И тој ги издвои поплавите во Сингелиќ, Стајковци и Арачиново каде работеле две недели. Годинава тој учествувал во гаснење на повеќе од 50 пожари и учествувал во други интервенции. Најдобриот крводарител Љупчо Велковски досега дарувал 120 пати крв, а просечно дарува четири пати годишно или на секои три месеци. Тој додаде дека не ги чека акциите за да дарува крв, туку тоа го прави самоиницијативно. Град Скопје ги награди најдобрите со благодарници и со 10.000 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвропската слободна алијанса усвои резолуција за заштита на македонското малцинство во АлбанијаГенералното собрание на европската слободна алијанса што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција за заштита на македонското малцинство во Албанија.Генералното собрание на европската слободна алијанса што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција за заштита на македонското малцинство во Албанија и на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ.. Со резолуцијата се повикува на доследен и принципиелен пристап како од страна на албанските власти, така и од институциите на ЕУ, за да се осигура дека малцинските права не само што ќе бидат признаени, туку и ефективно спроведени. Од албанската влада се бара да обезбеди целосно спроведување на малцинските права на целата територија каде што живеат Македонци, вклучувајќи го и пристапот до образование на Македонски јазик секаде каде што има соодветна побарувачка, изјави претседателот на Македонската алијанса, Васил Стерјовски..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ Денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПерез победник на изборите за претседател на Реал Мадрид, го објави новиот тренерФлорентино Перез - победи на изборите и го објави новиот тренер на Реал.Градежникот Флорентино Перез убедливо победи на претседателските избори и ќе остане на чело на Реал Мадрид до 2030 година. Гласовите се пребројуваа до доцна во ноќта, а како што објави кралскиот клуб, актуелниот претседател доби поддршка од 65 проценти од членовите (21.741), додека 35 проценти (11.814) гласаа за противникот Енрике Рикелме. Ова беа првите избори за претседател на Реал од 2006 година на кои членовите гласаа помеѓу двајца кандидати - тогаш Рамон Калдерон тесно го победи Хуан Паласиос. По оставката на Калдерон во 2009 година, Флорентино Перез се врати на претседателската позиција (тој беше на чело на клубот за прв пат од 2000 до 2006 година), а потоа победи без противник во 2013, 2017, 2021 и 2025 година. Перез, со кого Реал освои седум европски првенства, доби поддршка за да го врати клубот на врвот по две сезони без трофеј. „Ова беше одличен ден за Реал Мадрид. Победивме на секое гласачко место, односно во сите возрасни групи. И го постигнавме вториот најдобар резултат во историјата на изборите во Реал Мадрид. Тоа е извонреден резултат. Можеше да биде подобро бидејќи речиси илјада гласови беа поништени, а ние ќе поднесеме жалба бидејќи веруваме дека постапивме правилно. Дадовме пример на светот кога станува збор за транспарентност и коегзистенција. Како претседател на Реал Мадрид, горд сум на сите вас. Членовите слободно се искажаа како ќе се одлучи за иднината на клубот“, рече Перез во својот победнички говор. Во истата пригода, тој го прогласи веќе најавениот Жозе Мурињо за нов тренер на Реал Мадрид. „Ќе продолжиме да работиме, ќе продолжиме да бидеме горди на Бернабеу, на еден од најдобрите тимови во светот и на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо. Не се сомневајте, Реал Мадрид сè уште ќе им припаѓа на своите членови. Сакам да продолжам да градам клуб кој ќе остане на самиот врв на светската ранг-листа во однос на меѓународниот углед.“заклучи Перез. Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook