МакедонијаНагради за документарецот „Приказната за Силјан“ во Лос АнџелесДокументарниот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan) на Тамара Котевска, македонскиот кандидат за Оскар, освои награда за најдобар документарен филм и за најдобра камера на 41. издание на IDA Documentary Awards во Лос Анџелес.Како што соопшти тимот, режисерката Котевска изјави дека овој е нејзин „најличен филм досега“ и дека успехот го посветува „на сите документарни воини ширум светот.“ Наградата за најдобра камера ја доби кинематограферот Жан Дакар која, како што се наведува во соопштението, „несомнено придонесува за целокупниот артистичен израз на филмот“. -IDA признанијата важат за едни од највлијателните во светот на документарниот филм и се сметаат за еден од најсилните индикатори за успех во оскаровската трка. Добитниците многу често се наоѓаат меѓу номинираните, но и меѓу добитниците на Оскарите. Овој успех ги зацврстува шансите на „Силјан“ во двете категории во кои се натпреварува во претстојната оскаровска сезона. Потесниот избор за Оскарите (short listed) ќе биде објавен на 16 декември, а финалните номинации на 22 јануари 2026 година, соопшти тимот. Филмот на Котевска е откупен од National Geographic Documentary Films и „веќе предизвикува силен меѓународен интерес и го поставува македонското документарно творештво на значајно место во глобалниот филмски простор“. Тагови: Приказната за Силјан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕвропаСилно невреме ја погоди Франција, најмалку три лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)Обилните дождови што ја погодија јужна Франција предизвикаа големи поплави, при што се наведува дека три лица загинале, а илјадници домови останале без електрична енергија.Регионалните власти соопштија дека бурата предизвикала нивото на водата да се искачи на „невидени“ нивоа. Според извештаите, три лица загинале, а едно е повредено во бурата. Локалниот весник „Ла Прованс“ објави, повикувајќи се на властите, дека две жени, на возраст од 86 и 26 години, биле пронајдени во подрум во Ланкон-Прованс. 75-годишен маж, исто така, загинал во бурата во Сен-Митр-ле-Ремпар. Регионалните власти соопштија дека околу 250 луѓе од Арл и Сен-Мартен-де-Кроа се однесени во засолништа. ⛈️ Des orages diluviens frappent les Bouches-du-Rhône ce mardi matin avec des inondations, ici à Port-de-Bouc. Prudence ! 🌊 (© Angelana Cri via La Météo du 13) https://t.co/e7pgFyEHaE — Météo Express (@MeteoExpress) October 20, 2026 Oct 20_5⃣ Climate Awareness🚩 🇫🇷 Heavy rainfall has hit the south of #France, causing widespread flooding in the Bouches-du-Rhône, Hérault, and Gard departments, as well as on the of Corsica island In some areas 200+ mm of rain fell in 24 hours #ClimateCrisis #ClimateEmergency https://t.co/eHa1FnX71e — Irene (@irene_makarenko) October 21, 2026 Бурата, исто така, предизвикала голема материјална штета, а патиштата и железниците биле блокирани. Исто така, имало прекини во електричната енергија и телефонските линии. Severe flooding following torrential rainfall in Martigues, Bouches-du-Rhône, France 🇫🇷 (20.10.2026) #Anonymous #OpEarth 🌎 #BecauseItsOurHome #climatechange #ExtremeWeather https://t.co/FgU0p0SE7h — #Anonymous (@TheStripesGirl) October 22, 2026 Во меѓувреме, метеоролозите предупредуваат на повеќе проблеми. Бурата „Остин“ се очекува да ја погоди северозападна Франција подоцна вечерва, носејќи ветрови до 130 километри на час, високи бранови и обилни врнежи од дожд, со очекувани прекини во сообраќајот и ризик од паѓање дрвја.Тагови: поплави Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗемјотрес од 7 степени ја погоди Кина Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 22 октомври 2026 година, во 16:33 часот во регионот Шизанг-Ќингхај во Кина, во регионот Тибет.Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 32,4415 и географска должина 93,8549. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. 🚨🇨🇳#BREAKING | NEWS ⚠️ A Powerful 7.0⚡️Magnitude Earthquake has just struck Nagqu,Tibet, China Xizang region. Searching for a video will update soon. https://t.co/loF6mXvYg5 — Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) October 22, 2026 Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борбаЗголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, соопштуваат од МВР.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на утрешниот ден (23.10.2026), по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе има употреба на беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух. Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел апелираме до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот. Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки поврзани со одбележувањето на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала. Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека станува збор за однапред планирани активности и апелира за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook