Награди за анимираниот филм „Неми филмови“ на меѓународни фестивали - Канал 5

Награди за анимираниот филм „Неми филмови“ на меѓународни фестивали

Филмот е копродукција на „Фокус покус филм“  и „Флипбук продакшнс“, поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Награди за анимираниот филм „Неми филмови“ на меѓународни фестивали

Анимираниот филм „Неми филмови“ на Крсте Господиновски освои две нови награди на меѓународни фестивали - награда за најдобар интернационален краток филм на Меѓународниот фестивал за краток филм „Вижн“ во Кемерово, Русија, и Почесно признание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ во Тајпеј, Тајван.

Филмот е копродукција на „Фокус покус филм“ и „Флипбук продакшнс“, поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Како што соопшти режисерот Господиновски, од премиерата на фестивалот Анеси во јуни, „Неми филмови“ досега е прикажан на 28 меѓународни фестивали и има освоено седум награди.

-Ова е втора по ред награда во Русија и втора награда во Тајван, по октомвриската награда на престижниот ТИАФ кој се одржува во Тајчунг. Во септември филмот ги освои Гран-при наградата на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Аниматор фест“ во Јагодина и наградата од домашната публика на Меѓународниот фестивал за краток филм „Ѕирни“ во Скопје, вели режисерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Нов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. 

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер