Наградени најдобрите спортисти и клубови на Штип - Канал 5

Наградени најдобрите спортисти и клубови на Штип

-Нека овие признанија ви бидат мотив за уште поголеми успеси и достигнувања во иднина,а на останатите мотивација оваа година да бидат подобри од претходната.

Наградени најдобрите спортисти и клубови на Штип

Борачот, Владимир Егоров, кој седум години ги брани боите на БК „Балканец“, воедно е државен и европски првак е прогласен за спортист на годината на Општина Штип за 2022 година, а каратиската Бојана Манева за најуспешна жена спортист за 2022 година, која е и државен првак во карате.

Од 78 пријавени спортисти, Комисија за избор на спортист на годината ги селектираше најуспешните 17 активни спортисти од категориите пионери, кадети, младинци и сениори, а награди и признанија добија сите оние кои се истакнале по својот активен придонес за спортот во Општина Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека спортските успеси oсвен што се круна на напорната работа на спортистите, тие се гордост на сите нас кои ги поддржуваме и бодриме.

-Нека овие признанија ви бидат мотив за уште поголеми успеси и достигнувања во иднина,а на останатите мотивација оваа година да бидат подобри од претходната. Горд сум што Општина Штип дава поддршка и има значаен удел во голем број спортски достигнувања и успеси,затоа и оваа година ќе одвоиме 16 милиони денари со кои ќе дадеме поддршка и мотивација на спортските клубови и спортистите да продолжат со макотрпната работа и во иднина да продолжат да нижат уште поголеми успеси, вели Јорданов.

Посочи дека минатата година општината има инвестирано во нови спортски игралишта, со цел младите да се мотивираат и да имаат услови за спортување.

-Ние како Општина ќе останеме постојани партнери на спортот и младите, бидејќи спортот зазема значајно место во секое развиено општество учејќи ги најмалдите на вистинските вредности, на тимска работа, меѓусебна почит, споделување на победи но и прифаќање на поразите.

Упатувам честитки до сите спортисти кои изминатата година го претставуваа градот,до клубовите, до тренерите и до семејствата кои ја даваат својата несебична поддршка за овие млади луѓе професионално да се развиваат, вели Јорданов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат

Во моментов пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар во близина на селото Трстеник.

Јанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат

Со брза и координирана интервенција се преземаат сите неопходни мерки за локализирање и ставање на пожарот под контрола, објави ноќеска по полноќ на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија со балистички проектили го нападна Киев, погодена е станбена зграда (ВИДЕО)

Русија ноќеска започна напад со балистички ракети врз Киев, при што наводно е погодена една станбена зграда. 

Русија со балистички проектили го нападна Киев, погодена е станбена зграда (ВИДЕО)

Нападот се случи еден ден откако претседателот Володимир Зеленски предупреди за можен масовен напад врз украинскиот главен град, објавува „Киев Индепендент“.

Новинарите на терен пријавија повеќе експлозии во градот околу 00:23 часот по локално време, со големи пламени видливи на местото на нападот. Непосредно пред експлозиите, украинските воздухопловни сили издадоа предупредување за закана од балистички ракети за главниот град.

Последици

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека остатоците од ракетата погодиле 18-катна зграда во населбата Шевченко. Паѓачките остатоци предизвикале пожар што се проширил на седмиот и осмиот кат. Државната служба за вонредни ситуации подоцна објави дека се регистрирани и изгаснати пожари во населбите Десњански, Шевченко и Соломјански.

Во нападот, исто така, изгореле неколку автомобили, нестанбена зграда и напуштена четирикатна зграда. Според првичните информации, немало жртви во нападот. Проценката на вкупната материјална штета е во тек.

Напад по предупредувањето

Нападот се случи откако претседателот Зеленски ден претходно предупреди дека Москва планира голем ракетен напад врз Киев во рок од 48 часа. „Нашите разузнавачки информации и информациите од партнерите укажуваат дека Русите подготвиле ракети за нов масовен напад врз Украина.

Според прелиминарните информации, ова би можело да се случи во следните 48 часа“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање. Нападот се случи само два дена откако руска балистичка ракета погоди изложба на оружје во Киев на 24 јули. Официјални извори потврдија дека 10 лица се убиени, а повеќе од 100 се повредени во тој напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромни пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија, огнот се приближува до Мадрид (ВИДЕО)

Големи пожари продолжуваат да се шират во Шпанија и Франција, а властите предупредуваат дека ситуацијата останува многу сериозна. 

Огромни пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија, огнот се приближува до Мадрид (ВИДЕО)

Едно лице загина во пожар, кој сега е под контрола, во близина на Валенсија во источна Шпанија.

Во Шпанија, најкритичните области се Мадрид, Авила и Толедо, каде што пожарите сè уште не се под контрола и зависат од временските услови. Пожарот продолжува да се шири кон Мадрид.

Во Франција, пожарот во Жиронда се приближува кон областа Бордо, досега уништи околу 42.000 хектари, автопатот А63 кон Шпанија е затворен, а 220.000 луѓе се евакуирани.

Германија испраќа помош во Франција

Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија испраќа авиони и служби за итни случаи за да ѝ помогне на Франција во борбата против големите пожари на југозападот од земјата.

„Во близок контакт сум со Емануел Макрон. Испраќаме помош до областите погодени од пожарите во Франција за да ги поддржиме нашите соседи. Хеликоптер, авион А400 и служби за итни случаи се на пат“, напиша Мерц на X.

„Ви благодарам многу, Германија“, одговори Макрон на германски јазик.

Градоначалник на Сестас: Не можеме да кажеме кога луѓето ќе можат да се вратат

Градоначалникот на Сестас, Жером Стеф, изјави за BFMTV дека градот, кој се наоѓа југозападно од Бордо, е „за среќа напуштен“. „Имаме неколку луѓе кои не сакаа да ги евакуираат своите куќи. Секако, водиме список на нив во соработка со префектурата“, рече Стеф.

Сестас има околу 17.000 жители и се наоѓа на југозапад од метрополитенската област Бордо.

„Овој пожар е непредвидлив и секој пат кога мислиме дека сме добиле една битка, за жал нè изненадува на најлош можен начин. Затоа денес, за жал, не можеме да објавиме никаков датум за враќање“, рече градоначалникот.

„Денес е невозможно да се каже каде ќе престане пожарот“, додаде тој.

Следните часови се клучни за контролирање на пожарот во близина на Мадрид

Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на пожарот под контрола, соопштија шпанските власти.

„Ќе вложиме многу голем напор за да ги заштитиме различните згради, куќи и населби во оваа област, каде што работиме сите овие часови“, рече Франциско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид.

Зборувајќи во командниот центар во Навалкарнер, тој нагласи дека работата што треба да се изврши во наредните часови ќе биде клучна.

Пожар се заканува на областа околу Бордо

Француските власти предупредуваат дека пожарот повторно се разгорел и им се заканува на населбите околу Бордо. Пожарникарите се борат со ветерот, сувата вегетација и опасноста од ширење на пожарот во текот на денот.

Поради пожарот, автопатот А63 помеѓу Бордо и Шпанија беше затворен за 60 километри, објави префектурата Жиронда. Овој пат е една од клучните врски помеѓу југозападна Франција и Шпанија.

Пожарот во близина на Бордо уништи 42.000 хектари

Голем пожар во француската покраина Жиронда продолжува да се шири кон областа Бордо. Според проценката од префектурата Жиронда од 4 часот наутро, пожарот досега опустошил околу 42.000 хектари.

Во текот на ноќта, евакуирани се нови места јужно и источно од заливот Аркашон и во близина на Бордо. Меѓу нив се Маршприм, Ле Барп, Биганос, Миос и Сестас. Според новите податоци, вкупно 220.000 луѓе се евакуирани во Жиронда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер