Наградени најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител за 2019 во Скопје - Канал 5

Наградени најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител за 2019 во Скопје

Зоран Рајчин е прогласен за најдобар пожарникар, Душко Кикеновски за најдобар полицаец за 2019 година, а Ајрис Асани доби признание за крводарител за годинава во Скопје. 

Наградени најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител за 2019 во Скопје

Традиционалните награди денеска им ги додели скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

– Како град на солидарноста ги негуваме традициите на хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош. Затоа Град Скопје секоја година дополнително ги мотивира оние што најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела. Убеден сум дека оваа награда поттикнува лична мотивација кај секој од нас да не ја штедиме нашата хуманост и да го користиме секој момент да ја покажеме на дело во средината во која живееме и работиме, рече Шилегов.

Зоран Рајчин е пожарникар спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и има 26-годишно работно искуство. Низ неговите раце поминале четири генерации на пожарникари. Изјави дека им го пренесува своето искуство на помладите колеги.

Душко Кикеновски, кој е вработен во Полициска станица од општа надлежност Центар, доби награда за најдобар полициски службеник. Тој изрази балгодарност до своите колеги и до семејството за поддршката.

Ајрис Асани од Сарај е истакнат крводарител, кој ја потврдил својата хуманост со 218 дарувања крв.

Наградените истакнаа дека е многу важно тимски да се работи, а наградата, како што велат, е резултат на повеќегодишна работа и претставува дополнителна мотивација. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската слободна алијанса усвои резолуција за заштита на македонското малцинство во Албанија

Генералното собрание на европската слободна алијанса што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција  за заштита на македонското малцинство во Албанија.

Европската слободна алијанса усвои резолуција за заштита на македонското малцинство во Албанија

Генералното собрание на европската слободна алијанса што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција за заштита на македонското малцинство во Албанија и на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ..

Со резолуцијата се повикува на доследен и принципиелен пристап како од страна на албанските власти, така и од институциите на ЕУ, за да се осигура дека малцинските права не само што ќе бидат признаени, туку и ефективно спроведени.

Од албанската влада се бара да обезбеди целосно спроведување на малцинските права на целата територија каде што живеат Македонци, вклучувајќи го и пристапот до образование на Македонски јазик секаде каде што има соодветна побарувачка, изјави претседателот на Македонската алијанса, Васил Стерјовски..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

 Денеска во судницата во „Идризово“ продолжува  судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перез победник на изборите за претседател на Реал Мадрид, го објави новиот тренер

Флорентино Перез - победи на изборите и го објави новиот тренер на Реал.

Перез победник на изборите за претседател на Реал Мадрид, го објави новиот тренер

Градежникот Флорентино Перез убедливо победи на претседателските избори и ќе остане на чело на Реал Мадрид до 2030 година.

Гласовите се пребројуваа до доцна во ноќта, а како што објави кралскиот клуб, актуелниот претседател доби поддршка од 65 проценти од членовите (21.741), додека 35 проценти (11.814) гласаа за противникот Енрике Рикелме.

Ова беа првите избори за претседател на Реал од 2006 година на кои членовите гласаа помеѓу двајца кандидати - тогаш Рамон Калдерон тесно го победи Хуан Паласиос.

По оставката на Калдерон во 2009 година, Флорентино Перез се врати на претседателската позиција (тој беше на чело на клубот за прв пат од 2000 до 2006 година), а потоа победи без противник во 2013, 2017, 2021 и 2025 година.

Перез, со кого Реал освои седум европски првенства, доби поддршка за да го врати клубот на врвот по две сезони без трофеј.

„Ова беше одличен ден за Реал Мадрид. Победивме на секое гласачко место, односно во сите возрасни групи. И го постигнавме вториот најдобар резултат во историјата на изборите во Реал Мадрид. Тоа е извонреден резултат. Можеше да биде подобро бидејќи речиси илјада гласови беа поништени, а ние ќе поднесеме жалба бидејќи веруваме дека постапивме правилно. Дадовме пример на светот кога станува збор за транспарентност и коегзистенција. Како претседател на Реал Мадрид, горд сум на сите вас. Членовите слободно се искажаа како ќе се одлучи за иднината на клубот“, рече Перез во својот победнички говор.

Во истата пригода, тој го прогласи веќе најавениот Жозе Мурињо за нов тренер на Реал Мадрид.

„Ќе продолжиме да работиме, ќе продолжиме да бидеме горди на Бернабеу, на еден од најдобрите тимови во светот и на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо. Не се сомневајте, Реал Мадрид сè уште ќе им припаѓа на своите членови. Сакам да продолжам да градам клуб кој ќе остане на самиот врв на светската ранг-листа во однос на меѓународниот углед.“заклучи Перез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер