Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
1Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
2Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
3МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
КултураНаградени дела на „Остен - Биенале на цртеж“ изложени во Прага Галеријата „Остен“ со преку триесетина дела на македонски и странски автори, учесници на изложбата на 42.Меѓународно биенале на цртеж „Скопје 2014“, е претставена во Салонот на уметничката критика во палатата ,,Адриа" во чешкиот главен град Прага. Изложбата под покровителство на македонската Амбасада во Прага со поддршка од чешкото Министерство за култура, свечено беше отворена синоќа од македонскиот амбасадор Паскал Стојчески и ќе трае до 13 септември, јави дописникот на МИА. Чешката кураторка Власта Чихакова Ноширо, говорејќи за „Остен“ како препознатлив бренд во областа на уметноста, слободната мисла и слободното творештво со голема традиција уште од 1945, потенцираше дека уметноста не е само цртеж со молив на хартија, туку и ширината и разновидноста на уметничкиот израз. - Како голем љубител на уметноста и пасиониран колекционер на уметнички дела, преку Светската галерија на карикатури и Светската галерија на цртеж „Остен“ ги презентира уметниците од светот, рече Чихакова Ношир, која подвлече дека на изложбата одлучила да бидат претставени дела на наградени автори. Корнелија Конеска, извршна директорка во „Остен“, која заедно со Мице Јанкулоски од македонска страна се куратори на постановката, подвлече дека за Биеналето на цртеж како интегрален дел на манифестацијата Светска галерија на цртеж „Остен“ постои навистина голем интерес според бројот на пријавени уметници од целиот свет. На отворениот конкурс пристигнале над 1.400 дела, од кои 747 биле цртежи испратени од 474 уметници од 53 земји во светот, што според неа, претставува поттик секое Биенале да биде подобро како израз на промоција на уметноста на хартија. - Посветуваме внимание на новите трендови и на младите надежни уметници, но доделуваме и Гран При за животно дело на оние кои веќе одамна својата креативност ја слеале на хартија. Знаеме дека времето е важно и иднината е веќе тука, но оддаваме почит на оние кои го создале колективното културно наследство преку наградата за Светско културно наследство, рече Конеска. Постановката во Прага ги претставува уметниците Марина Абрамовиќ (Црна Гора/САД), добитничка на Гран-при за животно остварување и Пјер Пиночели од Франција и Сафет Зец од Босна и Херцеговина, добитници на наградата Уметник на светот (Награда на САВУ – Светска асоцијација на визуелни уметности). Чешката публика ќе има можност да ги види и делата на авторите од Македонија: Душан Перчинков, Александар Цане Јанкуловски, Трајче Блажевски, Мице Јанкуловски, Павле Кузманоски, Марк Јанура како и Ирена Гапковска (САД/Македонија). Дел од Експозицијата се и Анка Буриќ, Александар Рафајловиќ, Крсто Андријашевиќ од Црна Гора, Ана Плавинскаја и Игор Јосифов од САД, Јармила Вешовиќ-Рус од Франција/Црна Гора, Бранислав Бркиќ, Ирена Пауновиќ, Андријана Даниловиќ од Србија, Александра Косон, Лукаш Герлак,Ана Свиталска- Јончик, Зофиа Палуча од Полска, Игор Лекшиќ и Ана Ратковиќ од Хрватска, Евгенија Демниевска од Франција, Ваватум Тенгаи од Тајланд, Јулиа- Мариа Игнат, Калин- Раул Антон од Романија, Виталиј Комар од САД, како и Едита Патова и Филип Буриан од Чешка. Минатата година со над 150 дела, селектирани од 5.500 дела на 70-тина светски автори, Музејот на цртежи и графики на македонската галерија „Остен“ првпат и беше претставен на чешката публика со постановка во Прага. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНевреме проследено со обилни врнежи во СловенијаНевреме проследено со обилни врнежи го зафати југозападниот дел на Словенија, при што поројни поплави ги поплавија станбените, земјоделските, училишните и другите објекти, а излеаните водотеци ги поплавија патиштата.Невреме го зафати подрачјето меѓу регионот Крас и ридестиот предел Идрија-Церкно. Според извештајот на оперативниот центар за итни случаи, пожарникарите испумпувале вода од објекти, спасувале луѓе заглавени во возила, ги штителе загрозените локации со вреќи со песок и расчистувале наноси од одрони. Патиштата во општините Комен и Ајдовшчина станале непроодни поради одрони од камења и свлечишта, пренесува Срна. Најголем број инциденти – 38 – се регистрирани на подрачјето што го покрива Регионалниот оперативен центар во Нова Горица, а по него следи подрачјето на Регионалниот оперативен центар во Постојна, каде што се случиле 17 инциденти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМеси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња волшебникот Лионел Меси, пред два дена се прости од аргентинската репрезентација на натпреварот против Бенин и со тоа заокружи една фантастична фудбалска приказна.Сепак, Лионел Меси нема намера да застане кога станува збор за клупскиот фудбал, а пристигна и една многу интересна понуда. Меси има освоено бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не настапил во Копа Либертадорес. „Мислам дека му преостанува уште да заигра во Копа Либертадорес, па затоа го прашувам дали би го прифатил овој предизвик“, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез. Иако фудбалерот на Интер Мајами сè уште не размислувал за оваа одлука, навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување. Меси практично освои сè што можеше да се освои, а евентуалното освојување на уште еден трофеј во неговата богата кариера би претставувало вистинска круна на неговите достигнувања. На 39-годишна возраст, Меси веќе зад себе има осум „Златни топки“, шест „Златни копачки“, четири титули во Лигата на шампионите, десет титули во Шпанија, две титули на Копа Америка, трофејот од Финалисима и Светското првенство во 2022 година, како и бројни други признанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДоделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година е Наванетен Пилај.Пилај е јужноафриканска адвокатка и судијка, позната по својата долгогодишна работа во заштитата на човековите права и меѓународната правда. Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирањето на мирот и меѓународното право. Гледајте ја церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во живо: За потсетување, Норвешкиот Нобелов комитет доби номинации за 287 кандидати, од кои нешто повеќе од една четвртина се организации, објави претходно АП. Како што објавува Тајм, 208 кандидати се поединци, а 79 се организации. Овогодинешната церемонија на доделување на наградите ја одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на 112 поединци и 28 организации од 1901 година. Црвениот крст е награден три пати, а Агенцијата на ОН за бегалци двапати. Меѓу индивидуалните добитници беа 20 жени, од кои осум беа наградени во последните 15 години. Минатогодишната добитничка беше лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која беше наградена за нејзината борба за демократска транзиција во Венецуела. Подоцна таа му ја додели Нобеловата награда на Трамп, но Нобеловиот комитет рече дека самата награда не може да му се додели на друго лице.Тагови: Нобеловата награда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook