1Спасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураНаградени 24 дела на конкурсот за класична музикаДоајени на македонската класична музика, автори од поновата генерација, но и студенти се меѓу наградените на Конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика кој Министерството за култура го распишува втора година по ред.Од вкупно поднесени 34 апликации наградени се 24 дела во 11 категории, додека за три категории (композиции за мелодиски инструмент, композиции со духовен карактер за мешан хор и композиции за квартет) на конкурсот не пристигнала ниту една апликација. За резултатите од конкурсот на денешната прес-конференција во Скопје информираше министерката за кутура Елизабета Канческа-Милевска. Таа подвлече дека преку овој конкурс, кој, според неа, е еден од најефективните кои ги спроведува Министерството во насока на соодветно вреднување и стимулација на творештвото на македонските автори, досега фондот на музичките дела од овој жанр се зголеми четирикратно. - На четирите конкурсни рокови кои се спроведоа во 2014 и 2015 година е поддржано создавањето на вкупно 91 композиција на 39 македонски автори кои се наградени со износ од 10,4 милиони денари. Овие податоци доволно говорат дека сме на вистинскиот пат во нашите заложби за поддршка на авторите и уметниците во нашата држава во нашите напори за корекција на многу состојби во културата, во нашите настојувања за соодветна стимулација на домашното творештво и негова афирмација во меѓународен контекст, рече Канческа-Милевска. Таа потенцира дека е од огромна важност што најголем дел од поддржаните композиции веќе се изведоа пред македонската публика и тоа во рамките на концертите на Македонската филхармонија, како и на 38. издание на Деновите на македонската музика. -Убедена сум дека преку настапите на наменски создадениот оркестар „Контемпора“ наскоро пред македонската, но и странската јавност ќе бидат изведени и останатите дела кои се наградени на овие конкурсни рокови, рече министерката за култура упатувајќи честитки до наградените автори. Според одлуката на стручните комисии во кои освен претставници од Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) и Сојузот на музичките уметници членуваа и други реномирани домашни и странски автори и репродуктивни уметници, доделени се девет први награди со вкупен износ од 1.390.000 денари, девет втори награди од 1.135.000 денари и шест трети награди со вкупен износ од 810.000 денари. Конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика, кој се распишува втора година по ред, го поздравија уметниците од повозрасната генерација, но и новите надежи на македонската класична музика. Композиторите доајени Љубомир Бранѓолица, (награден за мјузикл во катергоријата за мултимедијална музичко-сценска композиција) и Александар Џамбазов (награден во категоријата свечена композиција за мешан хор и симфониски оркестар) го оценија конкурсот како поттик особено за младите генерации. - Она што можеме да го кажеме ние го кажуваме со ноти. Задоволни сме од оваа поддршка особено кон младата надежна композиторска мисла за да имаат желба да се докажат и да го искажат својот талент бидејќи најголемиот успех на Македонија е токму од областа на музиката и нашиот вонсериски Симон Трпчески, рече Џамбазов. Авторите од помладата генерација Дамјан Темков и Дарија Андовска особено го потенцираа придонесот на конкурсот на Министерството за култура во однос на растот на творештвото во областа на класичната музика и создавањето моќна млада генерација композитори. Марко Коловски, член на една од стручните комисии, оцени дека особено радува фактот што има и напредок во однос на сериозниот пристап и квалитетот на поднесените партитури. - Би сакал истата сериозност да се примени и во пренесувањето на чувствата и емоциите искажани во музиката и дека крајната цел на секој автор треба да биде да стигне до слушателите. Не мислам дека овој тип музика – класичната музика треба да биде масовна, но секако авторите треба да имаат на ум дека треба да допрат до слушателите, рече Коловски. Композиторот Сони Петровски изрази задоволство од зголемувањето на музичкото творештво и потенцира дека изминатите години голем број дела од композициите кои беа наградени на конкурсите се изведоа не само на сцените во Македонија, туку и надвор од земјата. На почетокот на следната година од Министерството за култура најавија дека ќе биде објавен и новиот конкурс за кој очекуваат интерес да пројават домашните автори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЖивотРозов дијамант е продаден за 13,1 милиони евра- „Мона Лиза“ меѓу дијамантите (ФОТО)Реткиот 24-каратен дијамант „Булгари Пинк“ е продаден во „Кристи“ во Женева за 12,1 милиони швајцарски франци, или околу 13,1 милиони евра.Дијамантот бил во приватна сопственост околу 70 години, а наводно го купило семејството на продавачот во Индија во 1950-тите, по што бил однесен во ателјето на модната куќа „Булгари“ во Рим. Се верува дека скапоцениот камен потекнува од рудниците Голконда во јужна Индија, познати по дијамантите од кои се добиени некои од најпознатите скапоцени камења во светот, вклучувајќи ги Ко-и-Нур и дијамантот „Надеж“. „Кристи“ го опиша „Булгари Пинк“ како „Мона Лиза на розовите дијаманти“, истакнувајќи ја неговата исклучителна чистота и транспарентност. Каменот е класифициран како дијамант од тип IIa, категорија која сочинува помалку од два проценти од дијамантите со квалитет на скапоцен камен. 1950年代のRomeでBulgariによってリングに仕立てられ、その後70年以上にわたり個人の手に守られてきた24カラットのピンクダイヤモンドが、初めてオークションに姿を現す。Bulgari Pinkは24.00カラットのエメラルドカット・ダイヤモンドで、カラーグレードはFancy Intense Pink。Christie’sによれば、 https://t.co/LZshgv6rRD — 社畜ミが強い。 (@dokodemoikiru) November 9, 2026 Пред аукцијата, се очекуваше дијамантот да се продаде за цена помеѓу 10 и 15 милиони швајцарски франци. На истата аукција беше понудена и приватна колекција од речиси 300 парчиња накит од 20 век, вклучувајќи дела од Булгари, Картие и Граф.Тагови: дијамант Мона Лиза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСпасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград.Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград, што утврдиле тие проверки и какво мислење било доставено за потеклото на капиталот и за лицата кои управуваат со него. Спасовски посочи дека гувернерот Трајко Славески во своето сведочење се повикал на добиени позитивни мислења од надлежните институции, меѓу кои ја навел и Управата за финансиско разузнавање. Токму затоа, нагласи тој, јавноста треба да знае врз кои информации и податоци се темелело постапувањето на институциите. „При постапката за лиценцирање на Алта банка за мене беше логично и нужно да имате соработка со Народна банка, но таа моја логика е потврдена после исказот на гувернерот Трајко Славески којшто рече дека ги собрал сите мислења во однос на постапката за Алта банка, меѓу кои ја посочи и Управата за финансиско разузнавање и дека од таму се добиени сите потребни позитивни мислења во однос на работењето со Алта банка“, рече Спасовски. Тој ја истакна одговорноста на Управата во следењето на финансиските текови, проверката на сомнителните трансакции и утврдувањето на потеклото на средствата на инвеститорите кои влегуваат во државата. „Многу е важно инвеститорите во државата коишто влегуваат да видиме со какви финансиски средства располагаат и кое е практично нивното потекло“, нагласи Спасовски. Во обраќањето тој го отвори и прашањето за разликата меѓу постапувањето на институциите во Македонија и во Австрија. Според него, Финансиското разузнавање треба да објасни кои информации ги прибрало и како тие влијаеле врз мислењето што го користела Народната банка во постапката за преземање. „Практично финансиското разузнавање е тоа коешто ги прибира сите тие информации и податоци и на основа на тој склоп на информации и податоци вие практично можете да доставите одредено мислење коешто треба да го искористи гувернерот, односно Советот на Народна банка“, посочи Спасовски. Тој нагласи дека утврдувањето на улогата на секоја институција е важно за граѓаните и побара конкретен одговор за времето, содржината и резултатите од проверките. „Затоа моето конкретно прашање: кога беше побарано од гувернерот Трајко Славески, односно од Народната банка, да извршите проверки во однос на Алта банка Белград за купувањето на Стопанска банка Битола и на основа на тоа што укажавте на Народната банка во однос на капиталот и на лицата коишто го управуваат тој капитал во Алта банка Белград“, праша пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаШасивари - Крихбаум: Европската иднина се гради со реформи и силни партнерстваМинистерот за правда, Јетон Шасивари, во рамки на работната посета на Берлин, оствари средба со германскиот државен министер за Европа при Сојузното министерство за надворешни работи, Гинтер Крихбаум.Средбата претставува значаен дипломатски контакт во период кога земјата интензивно работи на исполнување на обврските од европската агенда, а реформите во правосудството остануваат еден од клучните показатели за подготвеноста за членство во Европската Унија. Министерот Шасивари ги претстави актуелните реформски активности на Министерството за правда, со посебен акцент на новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка, кои веќе се доставени до Европската комисија за мислење. Станува збор за две значајни законски решенија со кои се настојува да се надминат постојните слабости и да се постават основите за посовремен и поефикасен систем на кривична правда. Во разговорот беа разгледани предизвиците на европската интеграција, динамиката на реформските процеси и значењето на германската поддршка за европската перспектива на земјата. Посебно беше истакната потребата реформските обврски да не останат само на ниво на законски измени, туку да резултираат со конкретни подобрувања во функционирањето на институциите и примената на правото. Германија, како еден од најзначајните европски партнери, има важна улога во поддршката на демократските процеси и институционалниот развој. Продлабочувањето на ова партнерство е особено значајно во период кога земјата се соочува со важни задачи во исполнувањето на европските критериуми. Средбата во Берлин е дел од напорите за зајакнување на политичката и институционалната соработка со Германија, како и за обезбедување континуирана поддршка на реформите што треба да донесат долгорочни резултати во правосудството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter