Наградата за животно дело од Општина Битола за актерот Борис Чоревски

Највиското општинско признание, наградата за животно дело што ја доделува Општина Битола, годинава ќе му биде врачена на доајенот на Народниот театар од Битола, актерот Борис Чоревски.

Борис Чоревски (75) во својата кариера одиграл над 150 улоги, меѓу кои и Осман бег во „Македонска крвава свадба“, Барон Михаузен во „Минхаузан“, Јордан во „Печалбари“, а како што пролетоска изјави за МИА, за свој возбудлив почеток го смета настапот на Стериино позорје во Нови Сад кога во 1978 година битолскиот театар ја изведе претставата „Време за пеење“ од Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски.

Наградата за животно дело на Чоревски ќе му биде доделена на 4 ноември, на Денот на ослободувањето на градот, настан за кој Општина Битола подготвува свечена академија.

Грчките власти им забраниле влез на албанските новинари за да присуствуваат на собирот на Рама

Грчките власти не им дозволиле влез на албанските новинарски екипи кои требало да ја следат утрешната средба на премиерот Еди Рама со албанската дијаспора во Солун.

- Новинарите беа запрени со образложение дека не ја запазиле регуларната процедура. Од нивна страна е демантирано ова образложение на грчките власти наведувајќи дека надлежните се известени за имињата на медиумските работници кои ќе одат во Солун, објави Ора њуз.

Според албанските новинари, грчката гранична полиција не им дозволила да поминат без да добијат овластување од грчкото МНР.

- Во меѓувреме во Солун веќе се пристигнати припадници на албанската национална гарда и специјалната единица "Ренеа", кои заедно со грчката полиција ќе се грижат за обезбедување на настанот, наведува телевизијата.

Средбата во Солун е закажана за 11 часот, а грчките десничарски екстремистички групи најавиле дека ќе протестираат пред салата каде што ќе се одржи средбата на премиерот Рама со албанската дијаспора.

Уапсен маж по експлозијата во Атина, во која загина едно лице- познати се деталите

Грчката полиција уапси 31-годишен маж, кој е осомничен за експлозијата на бомба во стан во Атина, во која загина еден маж, а една жена е тешко повредена.

Полицијата соопшти дека случајот е поврзан со герилски групи и дека експлозијата се случила при изработка на бомба, пренесе Ројтерс.

Уапсениот Грк вчера сведочеше и рече дека ги споделил клучевите од станот со парот осомничен за експлозијата, но негирал каква било вмешаност во инцидентот.

Во текот на изминатите 20 години, во Грција се појавија бројни левичарски и анархистички герилски групи кои објавија војна против сите форми на владеење, по уништувањето на групата „17 Ноември“.

Експлозии на бомби и подметнати пожари врз политичари, полицајци, судии и бизниси беа вообичаени за време на грчката должничка криза од 2009 до 2018 година.

Претседателот на Австрија оди на операција на ‘рбетот, ќе го менува канцеларот

Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, кој го надгледува спроведувањето на коалициските преговори по неодамнешните избори во земјата, ќе мора да оди на операција на 'рбетот, соопштија од неговиот кабинет.

Овој 80-годишник, кој е на чело на државата од 2017 година, од почетокот на годината се бори со дегенеративни промени на интервертебралниот диск.

„Неодамна неговата состојба се влоши. Тој ќе биде подложен на рутинска операција во Виена во следните денови“, соопштија од неговиот кабинет. За време на лекувањето и закрепнувањето на претседателот, ќе го застапува канцеларот Карл Нехамер, соопштија од кабинетот на Ван дер Белен.

„На претседателот му посакувам успешен третман и брзо закрепнување“, напиша Нехамер на X.

притисни ентер