КултураНаградата „Ристо Шишков“ за актерот Јордан СимоновАктерот Јордан Симонов ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 31. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Тој е награден за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорд Идризи, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје. Наградата на Симонов, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета ќе му биде врачена дополнително. Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка Дарја Ризова, во кое покрај неа играта на актерите ја оценуваа и Иван Додовски, професор на Универзитет Американ колеџ, и Мими Таневска, професор на Факултетот за драмски уметности-Скопје. -Jордан Симонов со внимателно избрани актерски средства, успева да оствари моќна и осмислена улога. Тој покажува особено чувство за партнерска игра и вешто го води ликот, кој во себе крие тајни, од привидна наивност до длабока перфидност. Со својата способност за трансформација, Јордан Симонов доминира на сцената, субверзивно поигрувајќи си со очекувањата на публиката, на работ меѓу комичното и неверојатното, меѓу лагата и вистината, рече Ризова. Покрај главната награда, жири-комисијата одлучи да додели и специјална награда за млад актер како поттик новите генерации актери да го негуваат камерниот театарски израз. Наградата ја доби Даријан Петров за актерски доследен пинтеровски израз во градењето на ликот на Меккен во претставата „Роденден“ од Харолд Пинтер, во режија на Васил Христов, во изведба на Народниот театар од Штип.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55