Наградата „Прозарт“ врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар на затворањето на 13.„ПРО-ЗА Балкан“ - Канал 5

Наградата „Прозарт“ врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар на затворањето на 13.„ПРО-ЗА Балкан“

Наградата „Прозарт“ му беше врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар.

Наградата „Прозарт“ врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар на затворањето на 13.„ПРО-ЗА Балкан“

На затворањето на 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, наградата „Прозарт“ му беше врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар кој, во обраќање по повод признанието, зборуваше за значењето на квалитетната литература и за улогата на книгата во време кога „светот се дави во премногу зборови и премногу книги“.

-Книгата може да биде опасна и во рацете на некој што не знае како да се справи со неа. Голем дел од она што го наоѓаме во книгите, во многу книги, може сериозно да го оштети умот. Од друга страна, добро избраната и правилно прочитана книга може да свети во животот на една личност како сонце, загревајќи го духот и исполнувајќи го со радост и креативност, истакна најпреведуваниот словенечки писател.

Како што информира „ПРО-ЗА Балкан“, „во својот обемен, но и мошне искрен говор, Флисар предупреди дека 'плевелот на лошите книги' го загушува просторот за креативна и искрена литература, додавајќи дека вистинската борба денес не е меѓу авторите, туку меѓу површното пишување и добрите читатели, оние кои знаат да ја разликуваат автентичната приказна од безличната продукција“.

- Мора да се бориме против лошите книги со добри читатели – оние што се добро начитани, информирани, образовани и што инстинктивно знаат што е добро, а што е само подгреана каша. Се плашам дека секоја година има сè помалку и помалку такви читатели, истакна Флисар.

Завршната вечер на „ПРО-ЗА Балкан“ и оваа година започна со традиционално читање извадоци од дела на гостите - Небојша Лапчевиќ, Хана Корнети, Елена Алексиева, Лидија Димковска, Јана Бауер, по што публиката го проследи читањето од лауреатот Флисар.

Фестивалот го затвори Дејан Трајкоски, идеен творец на „ПРО-ЗА Балкан“, посочувајќи дека „во овие времиња на светот како да не му преостанува ништо друго освен да го послушаат поетот Радован Павловски и неговата мисла од циклусот песни 'Зрна': Биди како природата/ И на мали работи/ Најди им пат/ Да дојдат/ До својот врв“.

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот, в петок во 20 часот во „Аудиокултура“ во Скопје ќе гостуваат четири грчки поети за промоција на книгата со поезија „30 современи грчки автори“ - Хрисанти Иакову, Ефтихија Кателанаки, Манос Мавромустакакис и Никос Влахакис, истакнати поети, чии песни се застапени во книгата.

Програмата „Скопје фелоушип“ оваа година се реализираше во соработка со КУД „Содобност“ од Словенија, а кофинансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

-Учесниците на програмата имаа можност да се сретнат со претставници од домашните издавачки куќи во Куќата на Европа во Скопје и учествуваа на тркалезната маса „Војни, вештачка интелигенција, литература“ во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. На програмата годинава учествуваат 15 издавачи, меѓу кои претставник на италијанскиот гигант „Џунти едиторе“, поранешна директорка во „Рандом хаус“ и актуелна уредничка на британска издавачка куќа, еден од најугледните издавачи на книги за деца од Украина, шпанскиот издавач на Јосип Коцев, унгарскиот издавач на Румена Бужаровска, претставничка од ТРАДУКИ, директор на литературна агенција од ОАЕ, претставник на Интернационалната алијанса на независни издавачи и уште многу издавачи од Европа, соопшти Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој е организиран од издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Односите во таборот на француската фудбалска репрезентација наводно се сериозно разнишани, а во центарот на вниманието се новиот селектор Зинедин Зидан и капитенот Килијан Мбапе, пренесуваат локалните медиуми. 

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Иако официјалната причина поради која напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Италија е проблем со грбот, телевизискиот водител Сирил Ануна тврди дека повредата не е единствената причина за ваквиот развој на настаните.

Гостувајќи во емисијата „Tout beau, tout neuf“, Ануна истакна дека постојат несогласувања меѓу селекторот и првата ѕвезда на тимот, како и дека Зидан нема намера да го толерира неговото однесување.

Наводниот конфликт датира уште од првото собирање на националниот тим под водство на Зидан.

Новиот селектор тогаш одлучил да го премести Мбапе на левата страна од нападот, додека улогата на централен напаѓач му ја доделил на Усман Дембеле.

Оваа тактичка замисла наводно не наишла на одобрување кај капитенот на „триколорите“, со оглед на тоа што во дресот на Реал Мадрид, во последно време, тој главно игра како најистурен напаѓач. Покрај тоа, Хануна наведува дека Мбапе не бил задоволен ниту од својата физичка подготвеност, поради што не сакал да ризикува и да настапи против Италијанците.

„Зидан нема да биде толку попустлив кон него како што беше Дидие Дешамп. Мбапе се однесуваше како разгалена ѕвезда, велејќи дека има многу повреди и дека не знае дали ќе игра. Зидан му одговорил дека тогаш нема ни да игра“, изјави Хануна.

Според дополнителните тврдења на овој водител, ситуацијата во националниот тим е прилично напната, а односите меѓу Мбапе и одредени соиграчи, исто така, не се на најдобро ниво.

Хануна заклучува дека Зидан одлучил веднаш да воспостави јасен авторитет и му соопштил на капитенот дека тој нема да биде во составот за натпреварот против Италија, напоменувајќи дека би можел да се врати во тимот за следниот натпревар против Турција.

Пораз од Италија Во 5. коло од Лигата на нации, Франција беше поразена од Италија во Милано. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а Италијанците победија по пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер