Наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2025 за Љубомир Цуцуловски - Канал 5

Наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2025 за Љубомир Цуцуловски

Добитник на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2025 година е проф. д-р Љубомир Цуцуловски. 

Наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2025 за Љубомир Цуцуловски

Како што информира Филозофското друштво на Македонија, едногласната одлука за добитникот ја донесе Комисијата за доделување на наградите, во состав: академик Витомир Митевски (претседател), проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска (членови).

Во 2023 година Филозофското друштво на Македонија ги востанови наградите „Константин Философ“ во три три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач. Конкурсот годинава беше распишан на 1 април 2025 година., а пријавувањето траеше до 1 октомври.

Во образложението Комисијата ги акцентира трите есенцијални белези за оваа награда истакнати во Конкурсот: вкупниот опус на филозофот во филозофското творештво, филозофското образование и афирмација на филозофијата во земјата и во странство.

Комисијата истакнува: „...Анализата на обемниот и разновиден опус на проф. д-р Љубомир Цуцуловски, како и на дострелите на неговата повеќедецениска педагошка дејност, сведочи за тоа дека како една од најзначајните одлики на неговиот филозофски профил може да се посочи тесната поврзаност на теоријата и практиката. Ова не се однесува единствено на врската меѓу теориската и практичката филозофија во сферата на неговите филозофски интересирања, туку и на врската меѓу теориското проучување на филозофијата и примената на нејзините методи и алатки како средства за прониклива и бескомпромисна анализа и евалуација на реалните општествени феномени“.

Љубомир Цуцуловски (1948) припаѓа на, условно кажано, втората генерација македонски филозофи. Магистерската теза ја брани на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1983), додека докторската дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје (1992). Од 1975 година па сè до заминувањето во пензија (2013) професионалниот ангажман го врзува со Катедрата/Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде ги предава предметите: Увод во марксизмот, Марксистичка филозофија, Историја на марксизмот, Увод во филозофијата, Филозофија на религијата и Филозофија – општ курс.

Автор е на шест книги, како и на обемен предговор кон македонскиот превод на делото на Маркс и Енгелс „Манифест на комунистичката партија“. Библиографијата на проф. д-р Љубомир Цуцуловски опфаќа и над шестотини (600) стручни и публицистички текстови во повеќе стручни списанија, како и во дневниот печат. Професорот Цуцуловски е раководител на Институт за филозофија во два мандата (1999–2005), како и претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје (2000–2004).

Наградата ќе биде врачена на 22. одбележување на Светскиот ден на филозофијата, на 20 ноември, во Свечената сала на Филозофскиот факултет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за Гостивар

Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за Гостивар

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС

Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства.

Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица.

Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога.

СДС има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДС денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!- информира преку својот фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина.

Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.

[✔️] Побрз сообраќај

[✔️] Поголема безбедност

[✔️] Подобра поврзаност

Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алексеј Покушевски се сели во Русија

Репрезенативецот на Србија, Алексеј Покушевски има нов клуб. 

Алексеј Покушевски се сели во Русија

24 годишниот Алексеј Покушевски е нов кошаркар на Локомотив Кубан, соопшти клубот.

Србинот се раздели со Партизан и му се приклучи на тимот на Локомотив Кубан предводен од Томислав Томовиќ, поранешен стратег на Звезда и помошник-тренер во националниот тим на Србија.

На 14-годишна возраст, како еден од најголемите европски таленти на своја возраст Покушевски се пресели во системот на атински Олимпијакос.

На само 17 години, популарниот Поко дебитираше во Евролигата и влезе во историјата на грчкиот гигант како најмлад играч што зачекорил на теренот во оваа елитна европска конкуренција.

Неговиот потенцијал беше забележан и од НБА-скаутите, па во 2020 година беше избран како 17-ти пик на драфтот.

Во најсилната лига во светот, тој мина четири сезони играјќи за Оклахома Сити Тандер и Шарлот Хорнетс. Во европската кошарка се врати во 2024 година, кога го облече дресот на белградски Партизан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер