ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
1ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
КултураНаградата „Јасмин" нема да ја добие ниеден од кандидатите за 2019 година Ниту еден од пријавените кандидати нема да ја добие државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин" за 2019 година, одлучи Одборот за оваа награда која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.Одборот за наградата, со кој претседаваше Катерина Блажевска, нема да ја додели наградата затоа што, како што е наведено во одлуката, ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин" за 2019 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градотСилна песочна бура го зафати Истанбул вчера.Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера, пред да почне поројниот дожд,небото се затемнило, ветерот корнел дрвја и кревал покриви, а возачите се соочиле со тешкотии поради намалената видливост предизвикана од облаците прашина. Bugün İstanbul. Bu mevsimde herhalde ilk defa oluyor. #istanbul #fırtına #sel pic.twitter.com/0cNitLhBJg — Murat Sagman (@muratsagman) July 22, 2026 Поради силниот ветер и неповолните временски услови, некои авиони што се обидувале да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ биле принудени да кружат во воздухот, објави порталот „Сон Саика“. Деца што си играле на улицата и еден минувач за малку ќе настрадале откако силниот ветер откорнал дел од покрив во истанбулската општина Есенлер; инцидентот бил снимен од безбедносна камера, пренесува „ТРТ Хаберлер“. Силниот јужен ветер подигна високи бранови во близина на Ускудар, што им го отежна движењето на граѓаните долж крајбрежјето. Ветарот откорна дел од шатор поставен на плажата, кој падна врз едно лице. Во центарот на Истанбул, во областа Фатих (населба Лалели), дрво падна на патот и предизвика краткотраен застој во сообраќајот. Во населбите Зејтинбурн и Бејоглу ветрот откорна покриви од згради, а дрво што падна на улица во Бахчелиевлер удри во паркиран автомобил. #İstanbul #İstoç’da saniyelik #fırtına pic.twitter.com/Gjjkh9ke6J — Her_Branşta_Beşiktaş (@Her_Bransta_BJK) July 22, 2026 Бурен ветер проследен со слаб дожд на одредени места уследи по топлотниот бран, за време на кој температурата во Истанбул надмина 35 степени. Метеорологот Адил Тек изјави за „Сабах“ дека од правец на Бугарија и Романија кон Турција се движи нов систем што носи дожд; тој во текот на вечерта најпрвин ги зафати Едрене и Киркларели, а потоа дождот ќе ја зафати цела Тракија, особено европскиот дел и северните делови на Истанбул.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водатаПо Гостивар забренета за пиење и водата во Валандово. Од јавниот комунален сервис соопштуват дека лабораториските анализи покажале зголемено присуство на арсен и упатија итно предупредување до жителите на овој град да не ја пијат водат, туку да ја корситат само за технички потреби. Според градоначалникот на општината Ѓоко Камчев можно е да настанала печатна грешка при објавувањето на резултатите. – тврди дека се прават нови анализиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ФудбалЛионел Меси најавил повлекување?Аргентински новинар близок до фудбалерот предизвика хаос со својата изјава! Тој повторно се огласи.Многу светски медиуми ја пренесоа ексклузивната изјава на Кастиљо дека Меси, по финалето, во соблекувалната им кажал на соиграчите оти тоа бил неговиот последен натпревар за Аргентина. Фудбалскиот свет сè уште ја очекува одлуката на Лионел Меси, кој размислува дали да продолжи да игра за Аргентина. Меси го напушти финалето на Светското првенство во солзи, што многумина го протолкуваа не само како пораз, туку и како збогување. Во таква ситуација, информацијата на познатиот аргентински новинар Ернан Кастиљо, кој е многу близок до самиот Меси, одекна како гром од ведро небо. Многу светски медиуми ги пренесоа зборовите на Кастиљо, кои беа ексклузивни, дека Меси им рекол на своите соиграчи во соблекувалната по финалето дека тоа е неговиот последен натпревар за Аргентина. Меси одржа емотивен говор во кој објави дека се збогува со националниот дрес. Веста се прошири со брзината на светлината на социјалните мрежи, а токму кога сите веќе го сумираа учинокот на Меси во националниот тим, повторно се огласи Ернан Кастиљо. Кастиљо изјави дека Меси им рекол на соиграчите во соблекувалната: „Ова може да биде мојот последен натпревар“, ублажувајќи ја првичната категорична изјава.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter