Шоу бизНаграда за животно дело за Де Ниро на отворањето на Фестивалот во КанНа свеченото отворање на 78. Кански филмски фестивал денеска, американскиот глумец Роберт де Ниро (81) треба да добие почесна „Златна палма“ за животно дело.- Имам толку блиски чувства за Фестивалот во Кан, истакна Де Ниро кога минатиот месец беше објавена денешната награда. - Особено сега, кога има толку многу во светот што нѐ разделува - Кан нè зближува - раскажувачи, филмаџии, обожаватели и пријатели... Тоа е како да се враќам дома, додаде глумецот. Отворањето на настанот ќе биде проследено и со проекција на „Partir un jour“ („Напушти еден ден“) на француската режисерка Амели Бонин - филм којшто ја раскажува приказната за жена која го напушта родниот град за да изгради сопствен живот, но мора да се врати поради семеен итен случај. Инаку, 22 филма годинава се борат за „Златната палма“. Меѓу првичните фаворити се „Умри, љубов моја“ на Лин Ремзи, со Џенифер Лоренс и Роберт Патинсон и „Едингтон“ на Ари Астер, со Педро Паскал, Ема Стоун и Хоакин Феникс. Историската драма „Гледајќи во сонцето“ на германскиот режисер Маша Шилински е исто така меѓу најочекуваните филмски новитети. Натаму, еден од документарните филмови е портрет на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меѓу нив има и репортажа од фронтот снимена меѓу февруари и април 2025 година, од страна на францускиот репортер Бернар-Анри Леви, како и приказна за армијата раскажана од украински автор. Фестивалот ќе трае до 24 мај. Надвор од главната конкуренција, деби-режисерските остварувања на Кристен Стјуарт (филмот „Хронологија на водата“) и на Скарлет Јохансон („Великата Елеонор“) ќе бидат прикажани како „необични и нетрадиционални“ приказни. Минатогодишниот победник беше американскиот филм-оскаровец „Анора“ во режија на Шон Бејкер. Тагови: Роберт де Ниро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44