ЖивотНаграда од 10.000 евра во кеш: Започнува најголемиот математички натпревар за средношколци Ова е клучниот предизвик на „UltiMATH“ кој ќе прерасне во годишен натпревар организиран од факултетот „Brainster Next“ и NU College – Првиот колеџ за средношколци во Македонија.За средношколците што сакаат да се натпреваруваат и да ги поместуваат границите на своето знаење, како и за оние што ги бива за математика, но немаат каде да го докажат својот потенцијал: започнa квалификациската рунда за UltiMATH – најголемиот натпревар по математика за средношколци во Македонија. Ова е клучниот предизвик на „UltiMATH“ кој ќе прерасне во годишен натпревар организиран од факултетот „Brainster Next“ и NU College – Првиот колеџ за средношколци во Македонија. Покрај мерењето на знаењето на средношколците, „UltiMATH” е привлечен и поради наградата од 10 илјади евра во кеш како и 100% стипендија што целосно ќе го покрие студирањето на „Brainster Next“ факултетот за најдобриот математичар. Како што објаснуваат организаторите, идејата зад натпреварот е да ги инспирира младите да градат кариера во математика, наука и технологија. Привлечните награди, пак, се само дополнителен мотив за средношколците кои треба да ги поттикнат да размислуваат и да посакуваат повеќе. „Нашата цел и практично мисија за организација на овој натпревар е да покажеме дека математиката и науката се области кои се високо ценети и можат да донесат сериозна заработка во иднина. Треба сите да бидеме свесни дека со оглед на технолошки развиеното време во коешто живееме природните науки и ИТ вештините се неопходност, а перцепцијата меѓу младите се менува и станува сè повеќе кул да се докажуваш со знаење и да истражуваш нови можности за напредок“, вели Петар Ниновски, основач на образовниот центар Бреинстер и на NU Колеџот за средношколци. Право на учество на „UltiMATH“ имаат сите редовни ученици во јавните или приватните средни училишта од прва до четврта година. Пријавувањето за „UltiMATH“ е бесплатно и се одвива онлајн на веб-страницата ultimath.mk каде што средношколците го тестираат своето знаење во првата квалификациска рунда која е отворена сè до 26-ти ноември. Организаторите очекуваат силна конкуренција и одмерување на знаењето на над 4.000 средношколци од сите средни училишта во Македонија уште во квалификациите. Онлајн предизвикот се состои од три типа задачи, а најдобрите 350 средношколци продолжуваат во следните четири последователни рунди кои ќе се одвиваат во живо во Ист Гејт Мол на 30 ноември и на 1 декември. Овие елиминациони рунди ќе ги водат најуспешните натпреварувачи низ неколку фази и формати на тестирања, при што ќе се соочат со различни нивоа на тежина на математички и логички проблеми. Најдобриот математичар, кој ќе триумфира низ сите предизвици, ќе ја освои наградата од 10.000 евра во кеш и 100% стипендија на Next факултетот. Организаторите најавуваат професионален натпревар, подготвен од искусни математичари, кој ќе ги тестира напредните математички знаења на средношколците. Покрај мерењето на знаењето, натпреварот нуди одлична можност за учење, дружење и забава за сите средношколци од Македонија. Сите заинтересирани средношколци што ги исполнуваат условите може да се пријават и да добијат повеќе информации на веб-страницата на „UltiMATH“. Натпреварот е поддржан од голем број средни училишта во Македонија, но и компании и организации, како Ист Гејт Мол, WVP, iBorn, The Beetles, Urban FM, МОФ - Младински образовен форум и други.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПочна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО) На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови. Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот. 🇫🇷💥 FLASH | La police charge des manifestants à coups de matraque, à Paris. La situation reste très tendue sur place. https://t.co/9rB2OIAvSM — Cerfia (@CerfiaFR) October 24, 2026 Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците. Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканРама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема. Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал. Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.Тагови: Еди Рама Албин Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38