Нагло скокна продажбата на електрични автомобили во Европа - Канал 5

Нагло скокна продажбата на електрични автомобили во Европа

Продажбата на нови автомобили во Европската Унија порасна во првиот квартал со речиси исто темпо како и на крајот од 2025 година.

Нагло скокна продажбата на електрични автомобили во Европа

Продажбата на нови автомобили во Европската Унија порасна во првиот квартал со речиси исто темпо како и на крајот од 2025 година, најмногу благодарение на скокот во март, според извештајот на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Во периодот од јануари до март, продажбата се зголеми за четири проценти во споредба со истиот период минатата година, со регистрирани 2,82 милиони нови автомобили. Март донесе скок на продажбата на годишно ниво за дури 12,5 проценти, по растот од 1,4 проценти во претходниот месец.

Пазарот беше поддржан од силната побарувачка, дополнително стимулирана од новите и изменетите даночни олеснувања и стимулации во главните европски економии, според асоцијацијата.

Скокот ги одразува добрите резултати на четирите водечки пазари, па така Германија забележа раст на продажбата во март за дури 16,0 проценти, а Франција за 12,9 проценти. Шпанија е исто така блиску, со скок на продажбата од 11,7 проценти. Меѓу „големите четири“, продажбата во Италија најмногу порасна во март, за 7,6 проценти.

Популарни електрични хибриди

Во првите три месеци од оваа година се регистрирани 546.937 нови целосно електрични автомобили, што е за 30 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Ова го зголеми нивниот пазарен удел на 19,4 проценти, од минатогодишните 15,2 проценти.

Во групата од четири водечки пазари, продажбата на целосно електрични автомобили најмногу порасна во Италија, за 65,7 проценти. По неа следуваат Франција со скок на продажбата од 50,4 проценти, и Шпанија и Германија, каде што се зголеми малку повеќе од 41 процент.

Најпопуларниот погонски склоп беа и на почетокот на оваа година хибридните електрични автомобили со пазарен удел од 38,6 проценти и 1.089.421 нови регистрации, за 12,8 проценти повеќе од минатата година.

Според ACEA, групата вклучува „целосни и делумни хибриди“ кои, во зависност од капацитетот на батеријата, можат да работат само на електрична енергија до 62 проценти од времето во просек. Продажбата на plug-in хибридни возила исто така силно се зголеми, за дури 30 проценти, со регистрирани 268.344 возила. Нивниот пазарен удел изнесуваше 9,5 проценти во првиот квартал.

Продажбата на бензински и дизел мотори, сепак, повторно падна, за 18,2 и 15,7 проценти, соодветно. Пазарниот удел на бензинските мотори падна на 22,6 проценти во првиот квартал, а на дизел моторите на 7,7 проценти, според податоците на ACEA.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата

На вториот круг од вонредните избори за градоначалник во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанче Радичевски. Во штабот на дуи во Брвеница синоќа се славеше.

Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбујк напиша:

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови.

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата.

Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите.

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). 

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер