Нагелсман: Швајцарија е најсилниот противник во групата - Канал 5

Нагелсман: Швајцарија е најсилниот противник во групата

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го сподели своето мислење за претстојниот натпревар со Швајцарија во 3. коло од групниот турнир на Евро 2024 година.

Нагелсман: Швајцарија е најсилниот противник во групата

- Во моментов немам планови за промена на составот. Не ризикувам да калкулирам околу жолти картони бидејќи имам целосна доверба во тимот. Ако некој од играчите биде суспендиран, едноставно ќе испратиме некој друг на теренот. Мислам дека Мурат Јакин (селектор на швајцарската репрезентација) е добар тренер и ми се допаѓа да разговарам со него за фудбалот. Швајцарија е веројатно најдобриот противник во оваа група според индивидуалните квалитети, изјави Нагелсман, за веб-страницата на УЕФА.

Натпреварот меѓу Швајцарија и Германија ќе се одигра вечер во Франкфурт со почеток во 21 часот.

Германската репрезентација веќе обезбеди пласман во плејофот по двете победи и шесте бода. На второто место е Швајцарија со 4 бодови, трета е Шкотска (1), а четврта Унгарија (0).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. 

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби.

"Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит на загинатите бранители кај Карпалак.

Пред 25 години овие млади луѓе ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска.

Се сеќаваме со почит. Им се поклонуваме со достоинство. Карпалак не смее да биде само датум во календарот.

Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се бранат со одговорност, а не со поделби.Иднината на Македонија се гради заеднички, без страв и без омраза. Вечна им слава. Почит кон нивните семејства", порача Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Канал 5“ на терен со екипите на ЦЈЗ Гостивар: Како тече испитувањето на водата?

Од чешма до лабораторија, секојдневно се проверува дали водата во Гостивар конечно е на пат да стане безбедна за пиење.

„Канал 5“ на терен со екипите на ЦЈЗ Гостивар: Како тече испитувањето на водата?

Секое утро екипи на терен земаат примероци од повеќе мерни точки низ градот, со кои се следи состојбата на целиот водоснабдителен систем.

-Ова е една од локациите од каде што се земаат мостри за анализа на водата во Гостивар. Екипите од институтот за јавно здравје тоа го прават под строго определени услови. Дел од мострите исто така се испраќаат и во лабараторија. Резултатите треба да покажат дали границите на водата се враќаат во рамките на дозволеното.

Постапката започнува со физичко-хемиски мерења. На лице место се проверуваат температурата и нивото на хлор. Овие параметри се следат особено внимателно поради хиперхлорирањето на мрежата, кое периодов беше интензивно поради нејзина дезинфекција по загадувањето. Со постепеното чистење на системот, неговото ниво сега треба да се врати во дозволените граници, а резултатот од овие параметри се добива веднаш со помош на апарат кој се носи на терен. Посложени се микробиолошките анализи. Примероците се земаат во стерилни шишиња и веднаш се транспортираат во лабораториите во Скопје и Тетово, каде се испитува присуството и растот на микроорганизми. Резултатите се добиваат за 24 до 48 часа, а за конечна потврда се потребни и до 72 часа.

- Овие денови континуирано земаме анализи од 7 до 8 мерни места. Денеска ќе земеме од 7 мерни места во градот, така да ќе биде опфатен целокупниот водоводен систем во градот и према тоа ќе видиме до каде сме со анализите. После тоа резултатите ги испраќаме до ЦУК и до АХВ. Секако состојбата е подобра во однос на порано, секојдневно се мери и хлорот. Деновиве се врши чистење на водоводната мрежа, и мораме на повеќе места да се зема вода и да а се испитува хлорот така да тој процес трае се уште. Мислам дека набрзо ќе заврши и мислам дека ќе имаме вода за пиење.- Др. Берун Мустафа - специјалист по хигиена од Центар за јавно здравје Гостивар

Иако резултатите се подобри од почетокот на кризата, водата за сега останува само за техничка употреба. Подобрувањето на резултатите го потврдува и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Но, конечната одлука кога водата ќе може повторно да се користи за пиење треба да ја соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

- Состојбата со водата во Гостивар е значително подобрена. Последните наоди се значително подобри за разлика од претходните, но потребно е време за истата да биде прогласена за чиста за пиење. АХВ тоа ќе го направи тогаш кога водата ќе биде и хемиски и бактериолошки исправна за пиење. - Стојанче Ангелов – директор на ДЗС

Во меѓувреме, за гостиварчани секојдневието и натаму значи снабдување со вода од пунктовите , каде дистрибуцијата продолжува секојдневно. Кај дел од граѓаните постои дилема дали проблемот е само од неодамна и бараат одговорност за настанатата ситуација.

Покрај присуството на хлор, предизвик останува и бактеријата псевдомонас аеругиноза, која според експертите се појавува во водата при подолга стагнација, особено во делови од мрежата и инсталациите каде водата не циркулира. Токму затоа граѓаните се повикуваат редовно да ги пуштаат чешмите, со цел да се избегне задржување на водата во цевките и да се овозможи нејзина циркулација низ системот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на Македонија, СДС, да престане да шири лаги и паника, Националниот дата центар е во корист на граѓаните

СДС продолжуваат со својот филм во кој има само лаги и ширење на страв во јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на Македонија, СДС, да престане да шири лаги и паника, Националниот дата центар е во корист на граѓаните

Денес на прес-конференцијата од СДС покажаа дека или не знаат или намерно ги мешаат фактите. Па така не се знаеше што мислат за големите комерцијални дата центри и Националниот дата центар што Владата планира да го изгради само за потребите на државата и на граѓаните.

Еве кратко ќе им објасниме да си знаат и да научат за во иднина.

Целта на Националниот дата центар е на едно современо, високо заштитено и енергетски ефикасно место да се складираат податоци кои сега се расцепкани низ различни дата центри и функционираат со различни стандарди за безбедност. Со ова државата штеди и добива централизирана инфраструктура со значително повисоки безбедносни стандарди, а средствата планира да се обезбедат во форма на грантови и дополнително со поволно финансирање од меѓународни партнери.

Резултатите во областа на дигиталната трансформација не се празна политичка парола, туку нивната основа е во фактите кои ги пишува во Извештајот на Европската комисија за 2025 година.

А што правеше СДС за дигиталната безбедност додека беше на власт.

Колку за илустрација, проблеми се јавуваа на официјалната веб страница на Владата, имаше хакерски напади на веб страниците на Државната изборна комисија, Фондот за здравствено осигурување, Бирото за јавни набавки и слично.

СДС ја остави државната дигитална инфраструктура во хаос, а денес Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ става крај на хаосот.

Добронамерно им советуваме на СДС да престанат со лаги и ширење на паника меѓу граѓаните, бидејќи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно во корист на граѓаните, во конкретниов случај да немаат проблем со нивните податоци и да можат навремено да ги добиваат услугите од државата кои им следуваат.

Од СДС секој ден сами покажуваат дека се талог на општеството.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер