БалканНафтена индустрија на Србија доби трето одложување на воведување санкции од САДНафтена индустрија на Србија (НИС) доби трето одложување на воведување санкции од САД поради мнозинскиот руски капитал во таа компанија. Овојпат, воведувањето на санкции беше одложено за дури два месеца, односно до 27 јуни. Рокот на претходно одложените санкции изминува в понеделник - 28 април. „Добри вести за граѓаните на Србија. Србија успеа да добие ново одложување на санкциите за НИС, овојпат за два месеца, до 27 јуни. Благодарност до нашите американски партнери за разбирањето на ставот на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил buducnostsrbijeav. Во средата, компанијата НИС поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца со која се одложува целосното спроведување на санкциите, а целта е да се овозможи компанијата непречено да работи и по 28 април. Тагови: НИС санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е насилник од Скопје, баран по потерница Лишено од слобода лице барано со потерница за сторени кривични дела изнуда и насилство .Денеска (27.09.2026) во 9:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со Единицата за интервента полиција при СВР Скопје во дворот на негововиот дом го лишија од слобода Ц.А.(26) баран по централна потерница од 06.08.2026 од Основен Суд Скопје-1 по член 258 ст.1 вв член 22 изречена мерка притвор и централен распис од 17.04.2026 од СВР Скопје за сторено кривично дело по член 386 ст.6. Од страна на Единицата за интервента полиција при СВР Скопје Ц.А. е предаден во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постака, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на здравствената установа во БардовциВчера попладне било пронајдено тело на мртов човек во близина на здравствена установа во Бардовци.„На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Карпош е пријавено дека во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а лешот е подигнат и даден на обдукција.“, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНикола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА? Никола Јокиќ би можел да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА следното лето.Имено, доколку остане со Денвер Нагетс, според сегашните проекции, српскиот центар би можел да добие околу 360 милиони долари во текот на пет години. Сепак, Кевин О'Конор го предупредува тимот на Колорадо дека неговиот престој не треба да се зема здраво за готово! Трократниот МВП на НБА не потпиша продолжување на договорот, а зад тоа стои идејата дека ќе добие историска плата следната сезона. Сето ова е наведено ако остане во Денвер. Јокиќ можеше да потпише минимум четири години оваа година и да добие бројка од 278 милиони долари, но - реши да почека. - Мојата идеја е да потпишам следното лето и да останам во Денвер до крајот на кариерата - изјави Јокиќ ова лето. Сепак, засега сè се базира на шпекулации, но треба да очекуваме Никола Јокиќ да остане во Денвер до крајот на својата НБА кариера.Тагови: Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter