СветНафтен шок: Цените над 100 долари по блокадата на САДЦените на нафтата нагло скокнаа на светските берзи по одлуката на САД за целосна блокада на иранските пристаништа. Конфликтот на Блискиот Исток, шок за берзите. Преминува ли регионалниот судир во светска војна за енергенси? Цените на референтната нафта „брент“ се искачи на 104 долари за барел, по најавите на Американскиот претседател за блокада на Ормутскиот теснец. Цената е на највисоко ниво изминатите 4 години, претходно падна и под 100 долари за барел по објавувањето на примирјето минатата недела.Американскиот претседател реагираше и на проповедта на папата Лав во саботата, во која тој упати директен апел до владетелите: „Запрете! Време е за мир!“. Вчера, Трамп објави и дека американската морнарица ќе спроведе блокада на Ормускиот теснец за сите бродови што платиле за премин кон Иран, а се закани дека во блокадата ќе бидат вклучени и други земји. „Нивната војска е уништена, целата нивна морнарица е под вода, знаете 158 бродови им исчезнаа, нивната морнарица е исчезната, повеќето од нивните минофрлачи ги нема. И друдфите нации работат на тоа Иран да не може да продава нафта и тоа ќе биде многу ефикасно. -Зошто толку го нападнавте Папата Лео на социјалните мрежи? Не ни допаѓа Папа кој ќе каже дека е во ред да се има нуклеарно оружје, не сакаме Папа кој вели дека криминалот е во ред во нашите градови. Не ми се допаѓа, не сум голем обожавател на папата Лео.“ Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Британија нема да се придружи на поморската блокада на Ормутскиот теснец. Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад-Багер Галибаф, кој беше учесник во неуспешните мировни разговори.го исмеа американскиот претседател по заканата за блокада на иранските пристаништа и му поча да ужива во сегашните цени, бидејќи наскоро ќе бидат носталгични по бензинот од 4–5 долари. Иранската Исламска револуционерна гарда издаде предупредување дека сите воени бродови што се приближуваат кон Ормускиот теснец ќе бидат третирани како кршење на прекинот на огнот и ќе се соочат со „суров и решителен“ одговор „Прашањето за Ормутскиот теснец, не е нешто кое што го отвораме и го затвораме преку преговори. Тоа е воден пат кој што му припаѓа на исламски Иран, и со години им дозволуваме на луѓето да доаѓаат и да заминуваат со толеранција, гостопримство и великодушност. Сега сакаме да го искористиме ова легитимно национално право. “ Кревките услови за прекин на огнот се соочуваат со зголемен притисок, што предизвикува загриженост за потенцијална ескалација и нарушување на меѓународните поморски патишта, оценуваат познавачите на состојбите. „Претседателот повторно се вклучува во екстремистичка реторика, како што споменавте „ѓаволот е во деталите“. Можат ли всушност да спроведат блокада на Ормутскиот теснец, за да поништат друга блокада за која што се загрижени? И доколку технички може тоа да се изведе, ќе треба да почекаме да видиме и како Иранците ќе реагираат. На крајот сево ова води до целосно нарушување на сообраќајот во Ормутскиот теснец и надвор од него, а тоа би било скапо за сите вклучени страни.“ Ормутскиот теснец, глобална енергетска артерија останува централен за растечките тензии. Ставот на Иран е нулта толеранција за воен притисок и повод за нова поморска ескалација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Има три големи несреќи Скопје Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДССДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради.Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години каде потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје. СДС повторно се обидува преку политички прес-конференции да ја замени реалноста со празни обвинувања. СДС е партијата која со години имаше можност да го развива Скопје, а наместо тоа остави зад себе нефункционален систем. Граѓаните многу добро паметат во каква состојба беше градот по годините на управување на СДС. Немаше реализирани проекти, Скопје доби блокади, неисполнети ветувања, проблеми во јавните претпријатија и наталожени инфраструктурни проблеми. Особено лицемерно е СДС да зборува за транспарентност и јавни набавки, без притоа да даде одговор за сопственото управување и за состојбите што ги остави зад себе. Ако имаат конкретни докази за незаконитости, нека ги достават до надлежните институции, наместо да шират сомнежи преку политички обвинувања. Денес, кога се преземаат чекори за надминување на наследените проблеми и за реализација на нови проекти, СДС повторно шири само демагогија. Денес Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор. Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, на преостанатата делница од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, влегува во својата завршница – до крајот на оваа година, а може и пред зададениот рок, 100.000 наши граѓани ќе возат по целосно проширен, модерен и безбеден булевар на чија изградба се чекаше повеќе од 30 години. Привршува изградбата и на сложената клучка на Момин поток, проект од особено значење за развој на три општини. Забрзано се работи на ставањето во функција на булеварот Македонија, првата подземна сообраќајница во Скопје, улиците што ќе се слеваат кон подземната сообраќајница се прошируваат и се адаптираат за очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, а се продолжува со градежните работи на другите фази од проектот. Во Карпош, се поврзува улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ преку новиот мост на реката Вардар, која ќе биде готова до крајот на оваа календарска година. Се расчистува и трасата на булеварот АСНОМ низ населбата Ќерамидница, со цел конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“. На Скопје му требаат решенија, а не политичко лицемерие од СДС кои со години имаа можност да работат, а не испорачаа резултати. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСо „зелено светло“ од Путин, Европа добива преговарачко столче за Украина Путин даде зелено светло, по речиси пет години епизодна улога, Европа добива преговарачко столче покрај Украина, Русија и САД во разговорите за постигнување мировно решение. Веста доцна синоќа ја соопштија специјалните претставници на Трамп, по средбите со рускиот и украинскиот претседател во Москва и во Даблин. -Не можеме да склучиме договор без Европејците да бидат на маса. Му кажавме на претседателот Путин дека тоа е многу важно. , изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на Трамп. -Не на некаков начин, не одделно, (Европејците) ќе имаат глас. Ова е многу важно за нас, бидејќи војната е во Европа. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. Но, денеска пристигна студен туш од Кремљ. Портпаролот на Путин, Песков за руските медиуми изјави дека е прерано за Европејците да се приклучат на преговорите. -Откако ќе ги разбереме нивните вистински намери и подготвеност да придонесат во мировниот процес, тогаш можеме да донесеме одлука за водење дијалог во проширен формат. , изјави Песков. А, во Даблин, каде што денеска се одржува неформален Европски Совет, почна потрагата по европски претставник кој во име на 27 земји членки ќе седне на преговарачка маса веќе на следната мировна средба. Европските лидери се поделени. Дел настојуваат на претставник од таканаречената „големата тројка“, Германија, Франција или Британија, други пак, даваат предност на некој од двоецот Кошта – Калас. Високата претставничка, Естонката Калас не ги крие амбициите, и покрај резервите на Москва поради нејзиниот остар став кон руската агресија. -Знам дека Русите не ме сакаат, но, знаете, дали ние се прашуваме кој ја претставува Русија? Не, не се прашуваме. Навистина ни е потребен силен тим, а јас сум подготвена да работам на ова заедно со министрите за надворешни работи. Тие не сакаат некој силен на спротивната страна, бидејќи сакаат да ги наметнат своите максимални барања – како што правеле отсекогаш. , изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ -Јас сакам наративот да биде како да постигнеме мир, а не кој. Ако можам така да кажам, одбивам да прифатам дека Хенри Кисинџер е во право. , изјави Роберта Мецола, претседателка на Европскиот Парламент. Во Абу Даби пред два дена Украина и Русија со посредство на Вашигнтон договорија досега најголема размена на заробеници, неофицијиално, по околу 1.500 од обете страни. На вчерашната средба со американските посредници, Путин се закани дека по евентуален мировен договор, распоредувањето на европски војници во Украина ќе ги смета за легитимна воена цел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни скрининзи за рак на простата во „Железничар“ „Едно боцкање спасува живот, редовни контроли за навреме да се открие дали има заболување“, изјави Клековски.Во здравствениот дом „Железничар“ од овој четврток до крај на месецот ќе има бесплатни тестирња за рак на простата. Бесплатниот скриниг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампњата „Мовембер“, месец кога мажите треба да направат контрола и да разговраат доколку имаат проблеми. Најчесто голем дел од мажите не сакаат да говорат за своите проблеми и затоа треба да има зголемена свестност. „Треба да се работи на свесноста, редовните прегледи е здравје за себе, но и мира за целото семејство“, изјави Влатко Ужевски. Од здравствениот дом објаснуваат дека секоја година се зголемува бројот на заинтересирани се зголемува но и кај голем дел од пациентите навреме се реагира доколку има отстапки во испитувањата. Министерот Клековски посочи дека ќе се работи на подоборување на системите за закажување на прегледи и исто така вакви акции ќе има и во другите градови во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20