Надзор над АКМИС системот и во 2019 година

Надзор над АКМИС системот ќе биде вршен и следната година и ќе бидат опфатени нови судови, но и дел од оние каде беа утврдени неправилности. 

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека надзорот над АКМИСот останува стратешка определба на Владата.

– Овој месец донесов решение за надзор над АКМИСот во 16 судови кој ќе се спроведува во текот на 2019 година. Комисијата која во изминатиот период направи увид, најверојатнио сега ќе врши надзор со тоа што сега опфатени се и нови судови, како и дел од судовите кај кои беше извршен надзор, а кај кои беа забележани недостатоци. Се врши повторен надзор за да видиме дали имаме усогласување. Континуираниот надзор над АКМИСот е стратешка определба која е влезена во програмата на Владата и Министерството за правда и ќе почнеме да го реализираме веќе од јануари, изјави Дескоска. /МИА

Консеисао: Милан имаше шанси за нерешено, сè уште ништо не е решено

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао ги искажа впечатоците по поразот од Феенорд (0:1) во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

- Така се добиваат натпревари - со карактер и правилен менталитет. Имавме шанси да израмниме. Сè уште ништо не е решено. Не очекува реванш на наш терен во вторник, изјави Консеисао по синоќешниот натпревар.

Реваншот ќе се одигра во Милано на „Сан Сиро“ на 18 февруари.

На другите три натпревари одиграни вчеравечер:

Бриж – Аталанта 2:1

Селтик – Баерн Минхен 1:2

Монако – Бенфика 0:1.

Трамп: Сакам федералното Министерство за образование веднаш да се затвори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака веднаш да го затвори федералното Министерство за образование. „Би сакал да видам федералното Министерство за образование веднаш да се затвори. Тој оддел е голема измама“, рече Трамп.

Трамп минатата недела рече дека би сакал да го затвори федералното Министерство за образование со извршна наредба, но тој призна дека ќе му треба поддршка од Конгресот и образовните синдикати за да го исполни своето предизборно ветување. Во неговите први недели во Белата куќа, Трамп спроведе огромни промени во американската администрација, барајќи од федералните вработени да се вратат на работа или да дадат отказ, барајќи намалување на трошоците и работните места, како и обид за затворање на владини агенции како Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Градоначалникот на Тирана останува во притвор

 Специјалниот суд против организиран криминал и корупција доцна синоќа ја потврди претходно донесената мерка, со која градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, останува во затворски притвор. Мерката ќе ја издржува во затворот во Драч.

Во суд беа повеќе од 7 часа каде освен Велиај беа испрашувани и неговата сопруга Ајола Џоџа и 6 бизнисмени, а судското тело повеќе од два часа одлучуваше околу мерките.

На Џоџа мерката "куќен притвор" и е заменета со "јавување двапати месечно во судот" а и е одземен и пасошот и и е забрането напуштање на земјата.

Еден од бизнисмените доби затворски притвор, додека за останатите потврдена е првата мерка за јавување во судот.

Адвокатите за Велиај побарале ослободување од притвор со парична гаранција, но било одбиено поради можноста да побегне од земјата.

Велиај (46) кој е градоначалник на Тирана во три последователни мандати, беше уапсен во понеделникот под обвинение за пасивна и активна корупција, перење пари и непријавување имот, по што му беше изречена мерката „затворски притвор“.

Во реакција на социјалните мрежи, од притвор, тој го изрази своето незадоволство од тековниот процес, нарекувајќи го нефер и апсурден, додавајќи дека „ниту тој, ни членовите на неговото семејство немаат никаква поврзаност со зборот корупција“.

Во текот на денот, за време на целата расправа, пред судот беа вработените во општинската администрација, како и граѓани, во знак на поддршка.

притисни ентер