Заклучно со вчерашниот ден, а според податоците од Министерството за здравство, на Инфективната клиника, хоспитализирани се 71 пациент. Од нив на кислородна поддршка се 39 пациенти. Во „8-ми Септември“ од вкупно 42 пациенти дијагностицирани со КОВИД 19, 8-мина се борат за живот, на респираторна машина.
Здравствените власти тврдат оти ситуацијата ја држат под контрола, бидејќи 7 од 10 случаи, според бројките што се пласираат од Институтот за јавно здравје, биле асимтоматски. Па со големиот број на заразени што немаат никакви симтоми, според здравствените власти, се потврдува дека вирулентноста на вирусот е ослабена. Вкупно 60 % односно 360 заболени во Скопје, каде што има најголем број на заразени, биле без симтоми.
60%, односно 360 од вкупниот број на активни случаи во Скопје се асимтоматски случаи, што е многу важно и затоа треба сите да бидеме претпазливи, затоа што имаме во последниве денови многу такви случаи кои се асимптоматски и коишто може полесно да ја шират болеста.
Од Светската здравствена организација, пак со порака, асимтоматските случаи ретко го пренесуваат коронавирусот.
-Сe уште е реткост асимптоматска личност да ја пренесе болеста на друга индивидуа.Фокусот треба да се стави на следење на случаите со симптоми, бидејќи ако ги следиме симптоматските случаи, ги изолираме нивните контакти, ги следиме контактите и ги ставиме тие контакти во карантин, драстично ќе го намалиме пренесување, вели Марија Ван Керкове - Раководителката на одделот на СЗО за нови болести.
Здравствените власти за забрзаното ширење на вирусот КОВИД 19 прстот го вперуваат кон граѓаните што не ги почитувале мерките, но велат оти во последниот период правеле и повеќе тестови од претходно.