Состојбата во Гостивар полека се стабилизира, надлежните очекуваат наскоро градот да добие питка вода
1Состојбата во Гостивар полека се стабилизира, надлежните очекуваат наскоро градот да добие питка вода
3Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар
Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
1Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
ЗдравјеНадлежните бараат начини како да се набави лекот „Трикафта“ за пациентите со цистична фиброзаДодека пациентите со цистична фиброза најавуваат масовни протести за в сабота, надлежните велат дека комплицирана е постапката да се набави современиот лек „Трикафта“ кој тие го бараат.Една недела надлежните прават пресметки и анализи за тоа за колку пациенти треба да се набави лекот за цистична фиброза „Трикафта“ и од каде да се најдат пари бидејќи со буџетите на Клиниките не се предвидени финансии за оваа намена. Премиерот Димитар Ковачевски појаснува дека се бараат начини за да се купи лекот, а не се исклучува можноста да бидат потребни и измени на закони со цел да може да се дојде до него со дирекни преговори со производителот за да не се плаќа цена од 25.000 евра месечно за еден пациент. -Ако треба да се направат и законски измени, бидејќи има случаи со држави кои не одат на јавно наддавање за такви лекови, туку одат на дирекна спогодба, согласно закон, со производителите на иновативен патентиран лек. На таков начин добиваат неколку пати пониски цени. Бидејќи, ние ако набавуваме треба да одиме преку трговци, а тие на највисоката цена на лекот ќе додадат и маржа, па на крајот се добива исклучително висока цена на одреден лек. Затоа работат веќе Клиниките и Министерството, вели - Димитар Ковачевски – Претседател на Влада. Додека надлежните ја објаснуваат комплицираноста на евентуалната набавка, бидејќи претходно не била планирана, пациентите немаат намера да го намалат притисокот и за в сабота на пладне најавуваат масовен протест пред владината зграда. Според здравствените власти лекот „Трикафта“ кој согласно регистарот бил наменет само за осум пациенти, сепак им е потребен на 65 луѓе, а за годишната терапија за сите нив потребни се околу 20 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСостојбата во Гостивар полека се стабилизира, надлежните очекуваат наскоро градот да добие питка водаСостојбата со водата во Гостивар се подобрува, но се уште останува неизвесно кога Гостиварци би добиле целосно чиста вода за пиење. Од Централниот кризен штаб уверуваат дека состојбата со водата постепено се подобрува, но како што велат, потребно е време за целосна стабилизација - до кога не се знае. Од Центарот за јавно здравје во Гостивар велат дека секојдневно се земаат примероци, а овие денови очекуваат да се стабилизира и состојбата со хлорот. Во меѓувреме партиите продолжуваат со меѓусебни прозивки за тоа кој е виновен за небезбедната вода за пиење во Гостивар. Од СДСМ денеска поднесоа кривична пријава против министерот Клековски, директорката на ИЈЗ Андоновска, како и директорите на Државен санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје Тетово, Лазов и Амети, заради, како што тврдат, неодговорност за труењето во Гостивар. -Не се придржувале кон прописите за заштита на луѓето и животната средина и луѓето. Се задоцнило со реакциите, 22 дена граѓаните на Гостивар пиеле отровна вода со фекалии, дури Центарот за јавно здравје соопштил дека водата е исправна за пиење. Се криеја информации за водата од граѓаните, никогаш не беше објавена анализа или извештај. Сите овие непостапувања доведоа до сериозни и тешки последици за здравјето на граѓаните на Гостивар. Со ова пријавените сториле неколку кривични дела кои се гонат по службена должност, изјави Јон Фрчкоски. Филипче, поради кој со години Гостиварци пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија велат дека овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти, како и градоначалникот кој според нив бил поддржан и од СДСМ. -Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење, а секојдневно добиваме и флаширана вода за пиење. ЈО треба да го истражи молкот на Филипче и власта на СДС која дозволувала Гостиварци да се трујат со години, а да не знаат од што им се потоа болестите, изјави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Андоновски. Загадувањето на водата во Гостивар во моментов го истражува Јавното обвинителство,. Одреден е 30-дневен притвор за директорката на Комуналец и двајца раководители. Тие се сомничат дека сториле тешки дела против животната средина и природата кога поставиле пумпи во надворешен канал кои внесувале вода во градската мрежа. Покрај Обвинителството, предмет по сопствена иницијатива отвори и Народниот правобранител. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеИтната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препоракитеКолапси на улица, сообраќајни незгоди и нагло влошување на хронични заболувања кај граѓаните..Топлотниот бран го зема данокот во здравје, барем според повиците на Итната медицинска помош која само во изминатово деноноќие интервенирала на терен на над 60 различни локации низ Скопје. Оттаму апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба во најжешкиот период од денот, а вода да се пие постојано, дури и кога не се чувствува дирекна жед. Превенцијата започнува со навремена грижа за себе. Од Институтот за јавно здравје велат дека освен да се носи лесна облека мора да се избегнува напорна и физичка активност преку ден од 11 до 17 часот, а во однос на работниците кои работат на отворено велат дека треба да имаат повеќе паузи. За повозрасните лица препораките се и да избегнуваат користење на шпорет, рерна и други уреди што дополнително го загреваат домот во периодот од 13 до 17 часот. Во меѓувреме, граѓаните што ги затекнавме на пладне велат дека периодов се разладуваат кој како знае и умее. Некои одат на река, други на планина, а сите се трудат да ги слушаат советите, но обврските не се завршуваат од дома. Според климатскиот мониторинг на Европската унија порвите два месеци од летото во западна Европа се најжешките досега, додека континентот се подготвува за уште еден топлотен бран. Лето како „под вршник“.. Иако ова лето веќе се оценува како најтопло досега, научниците предупредуваат дека во иднина можеби ќе го паметиме како едно од најпријатните. Од година во година температурите ќе растат, топлотните бранови ќе бидат сè подолги и поинтензивни, а ризиците по здравјето на граѓаните ќе бидат сè поголеми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степенОд утре повторно температури од 40 степени, за два степени потопло од денеска, велат од УХМР. Според прогонозите што ги следат во секој момент синоптичарите за вечер најавуваат нестабилност во делови од земјата, а пад на температурите ќе има од четврток. Според синоптичарите најавеното нестабилното време не може да се каже каде ќе биде, првично е највено за југоистокот на земјата. Според последниот извештај за пожари од страна на центарот за управување со кризи регистриани се седум пожари на отворен простор, три се активни, два се ставени под контрола, два се изгаснати.Од ЦУК со апел, големо внимание поради високите температури и ветерот. Професроот од Факултетот за земјоделски науки и храна Миле Маркоски објаснува дека палењето стрништата, како причина за големи пожари се штетни во екологијата но и за самата почва и таа навика не помага во подобрување на земјата и исто така е казниво по закон. Градоначалниците на Крива Паланка и на Делчево објаснија дека пожарите на депониите се ставни под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18