3Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
ТенисНадал: Повеќепати сум бил во ситуацијата во која се наоѓа ЃоковиќАктуелниот најдобар тенисер на светот Рафаел Надал изјави дека во целост ја разбира ситуацијата во која се наоѓа Новак Ѓоковиќ, бидејќи повеќепати и самиот се соочувал со тоа.Најдобриот српски тенисер сезонава на терените се врати по тешка повреда и операција на лактот, а по неубедливиот почеток повторно игра со самодоверба и во врвна форма. Ѓоковиќ го победи Надал во полуфиналето на Вимблдон, а на турнирот ја освои и првата Гренд слем титула по две години. Потоа српскиот тенисер во финалето во Синсинати го совлада Роже Федерер и првпат во кариерата ја освои титулата на овој мастерс. - Сум бил повеќепати во таква ситуација. Знам како одат нештата. Се што ви е потребно е да сте здрави. Не заборавате да играте тенис, туку само треба да бидете мотивирани. Секој се сомнева и тоа е нормално, тоа е дел од спортот и животот. Сомнежите се добри, бидејќи ако ги немате значи дека сте арогантни, истакна шпанскиот тренисер. Надал и Ѓоковиќ се фаворити за Ју-Ес опен. Турнирот почнува на 27 август, а трофејот го брани токму шпанскиот тенисер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКендал Џенер во црвено бикини уживаше во идиличен излет во природаМоделот Кендал Џенер објави серија фотографии од излет во природа на Инстаграм, вклучувајќи една на која позира во црвено бикини. 30-годишната Џенер беше фотографирана како седи на карпа во шумата, покрај голем водопад, а накратко ја опиша објавата со зборовите „Имам толку среќа“. Во позадината на фотографијата во костим за капење може да се види суптилно виножито. Во остатокот од објавата, Џенер позираше на отворено во плетен џемпер во крем боја, држејќи чаша црвено вино, а комбинацијата ја комплетираше со обетки, очила за сонце и голема чанта. Таа, исто така, им откри на своите следбеници што моментално чита, колекцијата „Медитации во итен случај“ од Френк О'Хара, и сподели фотографија од сцена од концерт на Крис и Моргана Стејплтон. View this post on Instagram A post shared by Kendall (@kendalljenner) Отворено за менталното здравје Џенер зборуваше во интервју за „Elle Canada“ во април за начините на кои се грижи за себе. „За мене, справувањето со анксиозноста е многу поврзано со мојата околина и мојата рутина“, рече таа. „Научив дека морам свесно да ја бирам енергијата со која се опкружувам.“ Таа, исто така, сподели неколку совети за секој што се бори со слични проблеми. „Мојот совет до секој што се бори со ова е да прави мали чекори. Пронајдете ритуал што ќе ве смири, како што е прошетка или слушање одредена плејлиста, и направете го тоа нешто од кое нема да се откажете.“ Во претходно интервју за „Vogue France“, моделот го опиша својот сегашен начин на живот како „здрав“. „Мојата дневна рутина се чувствува здрава и стабилна и многу сум благодарна за тоа“, рече таа во февруари. „Но, тоа не дојде без напор. Ден по ден, се обидувам да донесувам одлуки што се добри за моето ментално здравје, но тоа не е секогаш лесно.“ Таа додаде дека сè уште има многу тешки денови. „Редовно имам многу тешки денови кога се чувствувам како едвај да можам да ја држам главата над вода. Понекогаш може да биде многу фрустрирачко.“ Извор: Индекс.хрТагови: Кендал Џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКазната ги стигна и странските возачи: Редици на Табановце за да платат казни од „Сејф сити“На граничниот премин Табановце денеска има редици од возачи од странство кои чекаат да ја платат казната за сторен сообраќаен прекршок, регистриран од системот „Сејф сити“, пренесува Експрес.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички. Тој рече дека нема да има исклучоци и дека секој што ќе ги прекрши законите додека се движи низ Македонија ќе биде санкциониран, без оглед од која држава доаѓа. Кога беше воведен системот „Безбеден град“ на почетокот на годнава беше истакнато дека странските возила кои ќе направат сообраќаен прекршок нема да бидат задржани при излез од државата, но возачите ќе добијат официјално известување дека нема да можат повторно да влезат на македонските граници доколку не ја подмират казната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИДФ конечно признава: „Да, пукавме врз петгодишно девојче“Израелската војска денес за прв пат призна дека нејзините сили отвориле оган врз автомобил во кој се наоѓала петгодишната Палестинка Хинд Раџаб во Појасот Газа и соопшти дека започнала кривична истрага за нејзината смрт.Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно негираа вмешаност во инцидентот од јануари 2024 година, велејќи дека нивните војници не биле во близина на возилото или во домет за да отворат оган, објави Си-Ен-Ен. Раџаб била една од седумте членови на семејството во автомобил во северна Газа кога бил погоден од огнено оружје. Девојчето го преживеало првичниот напад и поминало часови на телефон молејќи ги палестинските медицински работници да дојдат да ја земат. Брза помош испратена да ја спаси, исто така, била нападната. Нејзиното тело било пронајдено 12 дена подоцна во автомобил изрешетан со куршуми. Снимката од телефонскиот разговор на Раџаб со палестинските медицински лица привлече меѓународно внимание и предизвика повици за истрага и одговорност за нејзината смрт, како и за страдањето на другите деца во Газа. Случајот беше тема на филмот „Гласот на Хинд Раџаб“, кој беше номиниран за Оскар оваа година.Тагови: ИДФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook