Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
ТенисНадал ја донесе првата деловна одлука по заминувањето во пензија Само неколку дена откако официјално ја заврши кариерата и се пензионираше, Рафаел Надал ја донесе првата деловна одлука и најави нова локација за изградба на својот хотел.Надал не мораше долго да чека за да направи големи чекори по повлекувањето од тенисот, бидејќи неговиот синџир хотели „ZEL Born“ најави нова локација за еден од неговите хотели во Доминиканската Република. Рафа го основа овој синџир хотели минатата година, заедно со Габриел Ескарер, директор на Melia Hotels International, а нивната визија беше инспирирана од традиционалните медитерански куќи и нивната култура на живот на отворено. - Новиот луксузен хотел ЗЕЛ Пунта Кана ќе биде лоциран на плажата Кортесито, на прекрасниот брег на Бавара, кој е идилична дестинација за секој патник кој сака да ужива во песочните плажи и кристално чистото море. Хотелот кој располага со 190 соби е трет по ред по отворањето на ЗЕЛ Мајорка лани и ЗЕЛ Коста Брава на почетокот на летово - се вели во соопштението. Иако официјално не потврди, се добива впечаток дека Надал ќе се занимава со хотелиерство по неговото повлекување од играњето. Да потсетиме, тој неодамна беше поразен од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп на стартот од Дејвис купот, а на првиот чекор испадна и самата Шпанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животиЗасилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција. Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот. Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација. Намали брзина. Спаси живот. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМомчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС потврди дека Филипче испратил осудени насилнициПрво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент.Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат да се спротистават на талогот криминалци и трговци на дрога во СДС кои ја имаат киднапирано оваа партија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморениАктивноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите. Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период. На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето. Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот. Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.Тагови: РСБСП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook