Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
ТенисНадал, Федерер и Ферер во 1/8 финалето на Ролан ГаросКралот на земјените терени седумкратниот освојувач на Ролан Гарос Рафаел Надал и во 2 коло на Грен слемот во Париз повторно загуби сет.Надал повторно имаше проблеми на стартот на мечот, идентично како и во воведниот дуел годинава во Париз, и го загуби првиот сет во дуелот со Словакот Мартин Клижан. Но потоа шпанскиот велемајстор заигра многу по агресивно што веднаш резултираше со израмнување на резултатот ,вториот сет надал го доби со 6-3. Истото сценарио го видовме и во следните два сета , Надал рано го освојуваше гемот на сервис на Клижан и двата сета ги доби со идентични 6-3 за конечен триумф од 3-1 во сетови. Противник на Надал во 3 коло ќе биде Италијанецот Фабио Фонињи. Второто коло лесно го прескокна и легендарниот Швајцарец Роџер Федерер. Без многу напор за само 93 минути игра Федерер го збриша домашниот тенисер Жилиен Бену со 6-3, 6-4 и 7-5. Во 3 рунда Федерер го очекува победникот од мечот Жил Симон – Сем Квери. Во осминафиналето на Ролан Гарос ќе игра и искусниот Давид Ферер, кој денеска во максимални три сета со 6-1, 7-5 и 6-4 славеше победа над Фелициано Лопес . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрама во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомбаМаж кој се закануваше дека ќе детонира бомба во загрепската населба Утрина се предаде на полицијата, пишува Јутарњи лист.Загрепската населба Утрина беше под полициска опсада поради маж кој се закани дека ќе детонира експлозивна направа, потврди полицијата. Опсадната состојба траеше речиси еден час. Маж го извадил осигурувачот од бомбата во близина на основно училиште и наводно се заканил дека ќе се разнесе. Драмата заврши откако мажот се предал на полицијата. „Во шок сме. Млад човек шеташе во паркот, а околу него имаше полицајци. Ги задеваше одејќи од зграда до зграда во паркот. Беше загрижувачко. За среќа, никој не беше повреден“, рече жител на блиската зграда. „Специјалните сили го опколија со штитови во рацете“, додаде друг жител. Извор: Б92Тагови: Загреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре попладне ќе има услови за појава на пороен дождУтре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени. Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри. Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување за цунами. Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter