Надал: Би сакал да бидам претседател на Реал - Канал 5

Надал: Би сакал да бидам претседател на Реал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска изјави дека би сакал во иднина да стане претседател на Реал Мадрид.

Надал: Би сакал да бидам претседател на Реал
Надал често пати ја истакнува љубовта за фудбал и Реал Мадрид, а сега отиде и чекор понатаму и изрази желба еден ден да го води најтрофејниот фудбалски клуб на светот.

- Се разбира дека сакам да го водам Реал, кој не би? Но, тоа е долг пат ... Реал сега има претседател, Флорентино Перез и мислам дека тој е многу успешен. Во моментов не му требам на Реал, но никогаш не се знае што носи иднината", рече Надал за „Мундо Депортиво“.

Интересно е дека чичкото на Надал, Мигел Анхел Надал во минатото беше фудбалер на Барселона, големиот ривал на Реал.

Надал по големиот број на проблеми со повреди, навести враќање во старата форма, бидејќи стигна до финалето на неодамнешниот Австралија Опен, каде што беше поразен од Роџер Федерер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба.

Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер