Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 проценти - Канал 5

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 проценти

Над половина од возрасните граѓани во Македонија имаат прекумерна тежина, а „подебели“ во регионот се само Хрватите. 

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 проценти

Ова го покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Според анализата, 55.7 отсто од луѓето во земјава се справуваат со дебелина, а најголема причина за тоа е внесувањето на висококалорична храна и физичката неактивност.

Лекарите се загрижени што луѓето тешко прават промени во навиките, што дополнително го прави проблемот посложен.

Дебелината е сериозна болест која луѓето мора навреме да ја препознаат, вели доктор Недеска Минова. Дополнително, според неа голем фактор за гојазноста во земјава е што дел од луѓето кои се лекуваат во Центарот за менаџирање со дебелината, во храната гледаат како антидепресив и тешко се одвикнуваат од прекумерното јадење.

Инаку, освен Хрватска и Македонија, над 50% проблем со дебелината има населението и во останатите земји од регионот, со исклучок на Црна Гора.

Статистичкиот портал „Ландгеист“ врз основа на податоците од Евростат излезе и со анлаиза која покажува дека жените во Македонија се меѓу најмладите во Европа при стапување во прв брак, со просоечни 26.6 години. Најмлади се мажат Украинките на 24,9 години, а жените во Шведска, пак, стапуваат во брак просечно на возраст од 34,8 години. Над 30 години се и сите останатие земји од Западна Европа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара

Легендата на светскиот тенис, големата шампионка од екс Југославија, Моника Селеш му честиташе на Новак Ѓоковиќ за победата на Вимблдон, а имаше и совет за неговата ќерка Тара.

„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара

Најтрофејниот свтески тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш му покажа на целиот свет зошто е најголемиот на сите времиња.

Иако има 39 години, тој успеа да победи во најдолгиот четвртфинален меч во историјата на Вимблдон и да го скрши отпорот на Феликс Оже-Алијасим по пет часа и 15 минути игра со 3-2 по сетови – 7:6 (12:10), 3:6, 6:3, 6:7 (4:7), 7:6 (10:4).

Неговата игра воодушеви многумина, меѓу кои и легендарната Моника Селеш.

Поранешната југословенска тенисерка го следеше мечот од трибините и објави видео со интересна порака за српскиот ас.

„Конечно ги гледав мечевите на Вимблдон. Две возбудливи четвртфиналиња во женска конкуренција, а потоа – што да кажам за Новак? Продолжуваш да нè инспирираш со својата игра, физичка подготвеност и ментален фокус. Оној поен во петтиот сет, супер тај-брејкот при резултат 4:3 по пет часа тенис, беше апсолутно неверојатен. Легендо“, напиша Моника.

На самиот крај, познатиот мал Мо имаше порака за ќерката на Ноле, Тара.

Моника тврди дека Новак треба да поработи на своето танцување за време на прославата.

„П.С. Тара, продолжи да вежбаш танцови чекори со тато. Има уште многу простор за напредок“, напишала во шега славната тенисерка..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Завршена е железничката обиколница околу Скопје по релација Драчево-Илинден ќе се пренасочуваат товарните возови

До крајот на месецов ќе профункционира пругата Драчево – Илинден, која ќе овозможи пренасочување на товарниот железнички сообраќај надвор од централното градско подрачје на Скопје. 

Завршена е железничката обиколница околу Скопје по релација Драчево-Илинден ќе се пренасочуваат товарните возови

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информира дека реконструкцијата на железничката обиколница, што ја реализираше ЈПДП, е целосно завршена и ќе служи исклучиво за товарен железнички сообраќај. Според него, тоа ќе придонесе за подобра организација на транспортот, но и за намалување на аеро загадувањето. Во наредните дваесетина дена ќе следува тест-период, па технички прием, по што карго-возовите и официјално ќе почнат да ја користат делницата.

-Очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Николоски најави дека на 1 септември ќе биде пуштена во употреба и првата линија од Градскиот воз. Линијата ќе сообраќа од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, и Аеродром, до Транспортниот центар, а реконструираната пруга ќе овозможи возовите да се движат со брзина од 80 до 90 километри на час, што значи дека патувањето од Зелениково до центарот на Скопје ќе трае околу 25 минути.

Од Министерството за транспорт претходно најавија и дека до крајот на 2027 година системот треба да се прошири со уште две линии. Едната од Волково, преку Ѓорче Петров и Скопје Север до центарот на градот, а другата од Миладиновци, преку Илинден и Маџари, до центарот на Скопје.

Паралелно со развојот на градската железничка инфраструктура, Владата најави и реализација на проектот за брза пруга на Коридорот 10, која треба да го поврзе северниот и јужниот дел на земјава, од Табановце до Гевгелија. Во моментов се работи на обезбедување на финансиската конструкција, изработка на физибилити студија и потребната проектна документација. Според најавите na Николоски, целта е проектот да биде реализиран до 2031 година, со што значително би се скратило времето на патување кон Белград и Солун.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза

Македонските компании во следните неколку недели ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза.  

Македонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза

Проектот се реализира во соработка со Европската банка за обнова и развој, а како што посочи директорот на Македонска берза Иван Штериев во периодот кој следи ќе се разговара и со компании од ИТ секторот.

Оттаму велат до 10 домашни компании ќе добијат стручна подготовка за пристап до пазарот на капитал, преку можност за финансирање со издавање акции и обврзници ..

Во првиот проект ќе има одреден број компании, а ако некоја од нив реши и го направи овој чекор, ќе има втор проект, условно договорен, за конкретна поддршка и на таа оперативна фаза..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер