Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
2Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
СветНад пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град. Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА. Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU). „Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг. „Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење - ниту пак ACLU ќе седи настрана“, се потенцира во соопштението.Тагови: Доналд Трамп САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во СкопјеВо моментов заседава и кризниот штаб на Град Скопје.Поплавени улици и подвозници низ Скопје по обилниот дожд кој попладнево го зафати главниот град. Дел од скопските сообраќајници беа полни со вода. Јана Јосифоска ни ја пренесува моменталната состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и имотни деликтиВо рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.Денеска (01.07.2026) на подрачје на општините Велес, Градско и Чашка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, ПК Градско и ПО Чашка, реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше потенцирана потребата за намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и за внимателност при извршување на земјоделските работи, надополнето со континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. Вакви превентивни активности спроведоа и Одделението за превенција на СВР Скопје во Скопје, како и СВР Штип во Штип. Полициски службеници од ОВР Неготино, во Демир Капија реализираа превентивна активност на тема „Внимавај на својот дом“, со укажување за граѓаните за поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Полициски службеници од ПО БПС при ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“ во рамки на која на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес, Одделението за превенција на СВР Скопје и ПС БПС Кочани и Берово, во Велес, Скопје, Кочани и Берово реализираа превентивни активности на тема „Носи кацига“ насочени кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Вчера пак, на подрачје на општините Градско и Росоман, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа активност со цел да им се укаже на возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Кисела Вода свика итна седница на Кризниот штаб поради невреметоПоради обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, во Општина Кисела Вода е свикана итна седница на Кризниот штаб.„Нашите екипи се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти. Општина Кисела Вода е во постојана и интензивна комуникација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, како и со надлежните служби на Град Скопје, со цел брза интервенција и санирање на штетите.“- велат од општината. На терен се мобилизирани сите расположливи општински служби, кои работат на расчистување на критичните точки и обезбедување на безбедноста на граѓаните. Доколку жителите на Општина Кисела Вода, забележат проблеми или имаат потреба од асистенција, случајот да го пријават на следните дежурни телефони: Бобан: 072250719 Димитар: 072443500 Сите капацитети се ставени во функција на помош и поддршка на граѓаните. Општинските служби се на терен и ќе останат таму сè додека целосно не се нормализира состојбата. Општина Кисела ВодаТагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook