Над две милијарди евра загуба предизвикала короната во првата и втората лига на Шпанија - Канал 5

Над две милијарди евра загуба предизвикала короната во првата и втората лига на Шпанија

Фудбалските клубови во шпанската прва и втора лига забележале загуба од 2,013 милијарди евра во сезоните 2019/20 и 2020/21 година поради пандемијата на коронавирус.

Над две милијарди евра загуба предизвикала короната во првата и втората лига на Шпанија

„И покрај две милијарди помалку приходи, што е многу, клубовите, а особено големите клубови, успеаја да се справат со тоа“, рече првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Во сезоната 2019/20 клубовите пријавиле заработка од 4,8 милијарди евра, што е за 366 милиони евра помалку од планираните 5,167 милијарди, објави ревизорската компанија „ PricewaterhouseCoopers“.

За тековната сезона, се проценува дефицит од 1,647 милијарда евра врз основа на првично очекуваните 5,269 милијарди евра, што претставува загуба од 31 процент за првата и втората лига.

Сепак, клубовите ги намалиле трошоците за 984 милиони евра во последните две сезони, што резултира со чиста загуба од 1,03 милијарди евра што треба да се анулира во следните сезони.

„Тој долг ќе биде отплатен во следните три до пет сезони, така што ќе го ублажиме ефектот на ковид-19 за 150-250 милиони евра по сезона“, рече генералниот директор на Ла Лига, Хозе Геара.

"Има проблеми со платниот список во другите лиги. Во Италија, Франција и англиската Премиер лига, неколку клубови аплицираа за државна помош, но ние не го направивме тоа", рече Тебас, кој предвидел дека на клубовите ќе им требаат две сезони со приход за да се вратат до нивоата пред пандемијата.

Во меѓувреме, значителниот пад на приходите предизвикан од отсуството на гледачи на стадионите ја натера Ла Лига да им наложи на Барселона и Атлетико Мадрид да го намалат буџетот за околу 35 милиони евра.

Реал Мадрид има најголем буџет за плати, буџетот на актуелните шампиони е зголемен од 468,5 милиони на 473,3 како резултат на профитот од трансферите и нивниот успех на теренот.

Барселона го намалила својот буџет од 382,7 милиони евра на 347 милиони. Минатата сезона, клубот потрошил 391,6 милиони евра за плати на првиот тим.

Атлетико ќе мора да заштеди 35,4 милиони евра за да го исполни ревидираниот буџет од 217,3 милиони евра.

Ограничувањата на платите се пресметуваат според приходите, а Ла Лига ги користи за регулирање на финансиите на 42 клуба во шпанската прва и втора лига.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер