Над 80 дела од жени-уметници на изложба во Чифте амам - Канал 5

Над 80 дела од жени-уметници на изложба во Чифте амам

Повеќе од 80 дела од 60-ина авторки од Македонија и од поранешна Југославија од различни генерации ќе бидат претставени на изложба „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“ која вечер во 19 часот ќе биде отворена во Чифте амам.

Над 80 дела од жени-уметници на изложба во Чифте амам
Изложбата ги прикажува жените уметници во колекцијата на НГМ чии дела, главно, се чуваат во депоата на Галеријата. Во постојаната поставка на НГМ има дела од седум авторки. Најстаро дело што ќе биде претставено е од југословенската колекција, на уметницата Надежда Петровиќ од 1905-1910. Се работи за масло на платно, а насловот е „Друштво“ (Карташи).

- Нема специфики во техниките со кои авторките ги изработувале своите дела. Станува збор за сите стандардни мултимедијални техники кои се користеле низ децениите, велат од НГМ.

Според кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска, изложбата е пресек на македонската ликовна уметност претставен низ постојаната поставка во Даут-пашин амам.

- Дури и еден бегол поглед врз оваа поставка не соочува со фактот дека во 21 век процентот на застапени жени уметници во една репрезентативна поставка на македонска уметност е неверојатно мал. Се надеваме дека изложувањето на овие дела ќе понуди поинаков поглед не само за постоењето на индивидуалните напори и остварувања, туку и за флуидната категорија „женско писмо“, вели Чанкуловска-Михајловска.


Изложбата која се отвора по повод Меѓународниот ден на жената ќе може да се посети до крајот на месецов. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор..  

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

-На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни.

Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен.

Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5...

Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд.

Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба...

Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка...

Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано.

Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување.

Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер