Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
2Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
СветНад 700 убиени во насилните протести во Танзанија- илјадници на улиците поради изборни нерегуларности (ВИДЕО)Околу 700 луѓе се убиени за време на тридневните протести поради изборите во Танзанија, објави главната опозициска партија Чадема.Протестите избувнаа во среда, на самиот ден на изборите во Танзанија, поради, како што тврдат демонстрантите, систематското потиснување на опозицијата и исклучувањето на клучните кандидати од претседателските избори, објави „Гардијан“. Џон Китока, портпарол на опозициската партија Чадема, изјави за агенцијата Франс-прес (АФП) дека стотици луѓе се убиени од среда. „Додека зборуваме, бројот на жртви во Дар ес Салам е околу 350, а во Мванза повеќе од 200. Ако ги додадеме бројките од други места низ земјата, вкупниот број е околу 700“, рече тој. Додаде дека бројот на жртви може да биде значително поголем бидејќи убиствата можеби се случиле за време на ноќниот полициски час. 🔸#Tanzania is burning. We need new leaders.🇿🇼🇹🇿 pic.twitter.com/60EXeJqnMa — Fadzayi Mahere🇿🇼 (@advocatemahere) October 31, 2025 „Престанете да ги убивате нашите демонстранти“ Неименуван безбедносен извор потврди за АФП дека има извештаи за повеќе од 500 мртви, „можеби 700-800 низ целата земја“. Амнести Интернешнл соопшти дека добила информации за најмалку 100 убиени лица. Китока објасни дека бројките на Чадема биле собрани преку мрежа на членови кои ги посетиле болниците и здравствените клиники и „броеле мртви тела“. Тој побарал од владата да „престанат да ги убиваат нашите демонстранти“ и повикал на формирање преодна влада што ќе го отвори патот за слободни и фер избори. „Стоп на полициската бруталност. Почитувајте ја волјата на народот, што е изборна правда“, рече Китока. It’s happening in Tanzania. The revolution is on. The People and the People’s Defence Forces are united to reclaim Tanzania’s sovereignty, dignity and freedom! Viva!#FreeTunduLisu pic.twitter.com/wqDxJmMllJ — Dr. Miguna Miguna (@MigunaMiguna) October 31, 2025 Апсења и киднапирања на критичари на владата Танзанијанците излегоа на гласачките места во среда каде што се очекуваше претседателката Самија Сулуху Хасан да ја консолидира својата власт во услови на интензивирање на репресијата и исклучување на клучните противници од претседателската трка. Во април, Тунду Лису, потпретседател на Чадема, беше уапсен и обвинет за предавство и кибер криминал, а неговата партија подоцна беше дисквалификувана од учество. HAPPENING NOW: A massive crowd has stormed Dar es Salaam Int'l Airport in Tanzania to stop politicians and their families from fleeing the country. Lessons will be learnt in 2027, as no one will be waiting on Obi to give a go-ahead. pic.twitter.com/Ugfd2HU9Oh — Queen Bee 👑 🐝 (@RealQueenBee__) October 30, 2025 Минатиот месец, Лухага Мпина, лидер на другата опозициска партија, АКТ-Вазалендо, исто така беше дисквалификуван, оставајќи ја Хасан во трката само со помалку познати противници од помалите партии. Во пресрет на изборите, беа регистрирани и апсења и киднапирања на критичари на владата. Од среда, големи групи демонстранти се судрија со полицијата и уништија имот поврзан со владејачката партија. Демонстрациите беа центрирани во пристанишниот град Дар ес Салам, но оттогаш се проширија низ целата земја. Владата одговори со воведување полициски час и прекинување на интернет врските, што го потврди и глобалниот монитор NetBlocks. Началникот на армијата, генерал Џејкоб Џон Мкунда, вчера го осуди насилството, ги нарече демонстрантите „криминалци“ и најави дека безбедносните сили ќе ја контролираат ситуацијата. ОН: Вознемирени сме Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права (OHCHR) изрази „разочарување“ од смртните случаи и повредите во протестите, велејќи дека добила извештаи за најмалку 10 лица убиени од безбедносните сили. OHCHR потврди веродостојни извештаи за смртни случаи во Дар ес Салам, Шинјанга и Морогоро, каде што безбедносните сили употребиле боева муниција и солзавец. Портпаролот Сеиф Маганго ги повика безбедносните сили да покажат воздржаност, а демонстрантите да демонстрираат мирно. Тито Маготи, адвокат за човекови права, рече дека е „неоправдано“ безбедносните агенции да користат сила. „Таа мора да го слуша народот. Расположението во земјата е такво што немаше избори... Не можеме да гласаме за еден кандидат“, рече тој.Тагови: протести Танзанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКОМинистерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупцијата) при Советот на Европа, кој од 2 до 6 ноември 2026 година престојува во земјава.Посетата се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречувањето на корупцијата и промовирањето на интегритетот на локално ниво. Во рамки на евалуацискиот процес, експертскиот тим ќе оствари средби со претставници на надлежните институции и други релевантни чинители, со цел оценување на постојните антикорупциски механизми, идентификување на предизвиците и утврдување на можностите за нивно унапредување. Министерството за правда ја истакнува важноста на соработката со ГРЕКО и Советот на Европа во насока на зајакнување на институционалниот интегритет, транспарентноста, отчетноста и владеењето на правото.Тагови: ГРЕКО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функцијаПо повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи. „Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски. Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција. Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи. Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи. „Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас. Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните? Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови? Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа? Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи? Зошто се молчи за овие прашања? Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто? Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор? Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook