Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
2Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
2Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
ЖивотНад 600 омилени производи на кралицата Елизабета II ќе го изгубат „кралскиот печат“ Смртта на кралицата Елизабета Втора. може да значи и дека 600 нејзини омилени брендови ќе го изгубат нивниот „кралски печат“.Доколку новиот крал не ги одобри, ќе мора да го отстранат во рок од две години. Чаевите Fortnum и Mason, мантили од Burberry, чоколадото Cadbury, па дури и метли и храна за кучиња се меѓу производите кои се изложени на ризик да го изгубат кралскиот престиж. Пред сѐ, печатот е знак за квалитет. Оние кои имаат право на тоа можат да го испечатат кралскиот грб на своите производи, амбалажата, да го стават на огласи, на работните места и возилата. Иако е тешко да се измери, за некои, кралското одобрување секако ја зголемува продажбата. Ако не добијат одобрение од новиот крал Чарлс III, кој веќе имал свои 150 брендови со кнежевско одобрение, во рок од две години ќе мора да ја отстранат ознаката дека тие се претпочитаниот снабдувач на суверенот. Некои од нив биле заеднички за нив. Фортнум и Мејсон, на пример, веројатно не мора да се грижат за новото одобрување бидејќи на Чарлс му се допаѓа нивниот чај. „Горди сме што го имаме печатот на нејзиното височество од 1954 година и што го снабдувавме кралското домаќинство за време на нејзиниот живот“, велат од лондонската компанија која произведувала чај и за кралот Едвард VII, прадедото на Елизабета. Barbour, компанијата која беше официјален снабдувач на водоотпорна и заштитна облека на кралицата, нема причина да се грижи, зошто е бренд и за нејзиниот син. Меѓу брендовите кои имаат корист од нивната поврзаност со кралицата е виното на Dubonnet, клучна состојка во омилениот Dubonnet џин коктел на Елизабет. Лунер, кој се гордееше со снабдување на кралицата со познати чанти, може да ја изгуби ценетата етикета. За брендовите кои не се толку многу поврзани со кралицата за јавноста, што несомнено беа чантите, „кралскиот сертификат е пред сè признание за знаење и традиција“, вели Кристијан Порта, директор за глобален развој во Pernod Ricard, сопственик на Дубонет. Таа француска компанија има и кралска етикета за шампањот Mumm. И стоките за широка потрошувачка можат да добијат кралско одобрение како Хајнц, познат по својот кечап. Американската компанија Келог ја снабдувала кралицата со житарки. Нејзиниот британски портпарол Пол Вилер вели дека тие биле постојан снабдувач на кралското семејство за време на 70-годишното владеење на Елизабета. „Имавме специјално комбе со кое доставувавме житарки на кралското семејство директно од фабриката“, рече тој. Кралските одобренија траат пет години, а критериумите за нивно обновување се сè построги. „Не се работи само за совршен квалитет и услуга, туку треба да докажете дека имате добар бизнис, особено кога станува збор за почитување на човековите права“, рече Вилер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлековски се сретна со повредените од „Пулс“Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ФудбалКристијано Роналдо казнет со 255 евра!Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра. Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика. Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер дека не сака да ја заврши војната. Тој истакна дека Украина, во просек, губи од 25.000 до 35.000 војници секој месец.Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник од Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“, соопштија од Кремљ. Украинскиот преговарачки тим добил сигнал од американската страна за подготвеност за одржување средба, а разговорите би можеле да се одржат во вторник или среда, изјави претседателот Володимир Зеленски. Во меѓувреме, американскиот претседател повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне. Тој сугерираше дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина. „Овој конфликт можеше да биде решен уште одамна. Да ме беше послушал – се сеќавате ли како беше во Овалната соба? Ова можеше да се реши уште пред многу време. Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг, а не Зеленски, за мировните преговори“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа. Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина: „Искрено кажано, Русија се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо што би било надвор од вообичаеното“. Тој најави дека е отворен за разгледување на можноста за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, јас би учествувал“, рече Трамп. Папата Лав XIV го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош и евакуација на цивили од Олешки.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16