СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
КултураНад 60 филмови на 18. Скопски филмски фестивалНад 60 филмови и придружни настани ќе понуди 18. Скопски филмски фестивал кој ќе се одржува од утре до 24 април во „Милениум“, „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија. Фестивалот утревечер ќе го отвори премиерата на филмот „Медена ноќ“ во режија на Иво Трајков, копродукција на Македонија, Чешка и Словенија. - Се потрудивме да донесеме филмови кои беа актуелни мината година во Европа и светот, да донесеме гости, да направиме повеќе работилници и мастер-класи, а голема чест ни е што фестивалот годинава ќе го отвориме со нов македонски филм - „Медена ноќ“ на Иво Трајков. Годинава нудиме повеќе од 60 филмови распоредени во десет програми - главна програма, програма на авторски филм, нововодената програма на хорор филмови и традиционалните програми на кратки играни и анимирани филмови, програма на светски филм и студентска програма, како и почесна програма посветена на нашиот главен и многу значаен гостин - иранскиот режисер Мохсен Макмалбаф, рече на прес-конференција Сунчица Уневска, селектор на филмовите во главмата програма. Нагласи дека се горди од годинашната главна програма, во која ќе биде прикажан победникот во Берлин - филмот „Такси“ на иранскиот режисер Џафар Панахи, кој се уште одбележува 20-годишна затворска казна. - Носиме уште три наградени филма од Берлин, мексиканското деби на Габриел Рипштајн во чиј филм „600 милји“ игра Тим Рот, потоа полскиот „Тело“ на Малгоржата Шумовска, кој ја доби „Сребрената мечка“ за режија, како и германското деби „Викторија“ на Себастијан Шипер, кој доби награда за уметнички придонес во поглед на употребата на камерата. Од Берлин ни доаѓа и германско-австралискиот филм „Еликсир“ посветен на бунтовните уметници, во кој игра македонската актерка Наташа Петровиќ, рече Уневска. Во оваа програма е и израелскиот „Судењето на Вивијан Амсалем“, потоа „Возвишен“ на Клаудија Љоса и филмот „Турист“ на Рубен Остлунд. - Од Кан ни доаѓа најубавиот филм од минатата година, „Тимбукту“ на Абдераман Сисако кој донесе вистинска поезија на екранот, рече селекторката на главната програма. Од Програмата на светски филм таа ги издвои францускиот трилер на Андре Тешине „Човекот што премногу љубеше“, унгарскиот „Белиот бог“ на Корнел Мундрузо и данскиот „Тивко срце“ на Били Август. Во програмата на авторски филм се и новиот филм на Абел Ферара, Гај Маден, Џесика Хауснер, како и „Диви приказни“ на Дамијан Шифрон. Премиерно ќе бидат прикажани и три филма од регионот кои се направени во копродукција со Македонија - бугарскиот „Пресуда“ на Стефан Командарев, во кој игра Мики Манојловиќ, потоа словенечкиот „Инферно“ на Винко Модерндорфер - двете се социјални приказни. Третиот е хрватскиот „Такви се правилата“ на Огњен Свиличиќ, во кој копродуцент е Светозар Ристовски. Режисерот Свиличиќ е и гостин на фестивалот и ќе одржи работилница насловена „Патувањето на херојот“. Специјалниот гостин на фестивалот - иранскиот режисер Мохсен Макмалбаф, пак, ќе одржи мастер-клас и ќе биде прикажан неговиот филм „Претседателот“. Макмалбаф е основоположник на новиот бран во иранската кинематографија и еден од највлијателните современи светски филмски режисери, кој од 2005 живее во прогонство. Неговиот филм „Кандахар“ според изборот на магазинот „Тајмс“ е еден од 100-те најдобри во историјата на филмот. „Медена ноќ“ на Иво Трајков, со кој утревечер ќе почне 18-тиот СФФ, е снимен во целост во Скопје, во 2013 година, со Верица Недеска и Никола Ристановски во главните улоги. На премиерата утре ќе присуствува целата екипа, а ден по проекцијата, в сабота, СФФ ќе организира прес-конференција. Роберт Јазаџиски од продукцијата „Кавал филм“ информираше дека сценариото е инспирирано од новелата „Уво“ на Јан Прохаска од 1960-тите, кој се смета за еден од најдобрите сценаристи на чешката кинематографија. Сценариото е адаптирано за 90-тите години од минатиот век. По премиерата утре, филмот ќе биде редовно на репертоарот на „Милениум“ од 25 април, по завршувањето на СФФ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook