Над 6 илјади апликации биле поднесени за мерката самовработување - Канал 5

Над 6 илјади апликации биле поднесени за мерката самовработување

Младите луѓе во земјава се повеќе се насочени кон отворање на сопствен бизнис – надлежните институции велат интересот за грантови за самовработување, како дел од оперативниот план за годинава е рекорден. 

Над 6 илјади апликации биле поднесени за мерката самовработување

Од пристигнати над 6 000 апликации - 3 296 се од лица до 29 години, што според надлежните е навистина охрабрувачки. Мерката за самовработување како дел од оперативниот план, според владата е една од најатрактивните, 2 500 лица се во фаза на потпишување грант, а министерот за економија Бесар Дурмиши вели очекува до Нова година да почне и исплатата. За лица до 29 години следуваат 10 илјади евра, а за лица над 29г. - 7 илјади евра, доколку се здружат во друштва со ограничена одговорност тогаш сумите може да достигнат и 20 или 14 илјади евра.

„Мислиме дека пред крајот на годината овие денови ќе ги имаат и парите за да може да работат... Првата година ако не успеат да ја вршат својата дејност 80 % од овие средства треба да ги вратат. Втората година 60 %, минимум треба да опстои фирмата 2 години после може да се затвара...“ - Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

„Ова не се само бројки ова се нови бизниси, што ќе отворат нови занаетчиски работилници, ИТ стартапи, услуги, производствени мали фирми нови можности за развој и зајакнување на цела економија... “ -Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

До овој момент се издадени 2 900 ваучери за изработка на бизнис план, а оценети 2 600 – од овие 1 100 се за млади до 29 години, 900 за лица над 29 години, а 600тини за правни субјекти регистирирани како друштва со ограничена одговорност. А освен грант, невработените лица ќе добијат и менторство и поддршка за почнување и водење на бизнис. В.д директорто на Агенцијата за вработување е убеден дека секој од добитниците има потенцијал да изгради стаилен и одрлив бизнис кој ќе придоенсе кон локланата економија и отворање нови работни места.

Оперативниот план годинава тежи 40 милиони евра, и е за 7,5 милиони повеќе од однос на претходната година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез подготвена за тренинг

Светската музичка ѕвезда, 57 годишната Џенифер Лопез е фотографирана во Калифорнија при пристигнување на тренинг.

Фото: Џенифер Лопез подготвена за тренинг

За таа прилика, таа избрал спортска црна комбинација, тесни бициклистички и топ, што дополнително ја истакна нејзината совршена фигура.

Со овој аутфит атрактивната Џеј Ло уште еднаш потврди дека е жена со тело на кое може да и позавидат и двојно помладите девојки.

Сите веднаш забележаа колку е мускулеста латино-дивата, а за нејзината страст кон фитнесот веќе е зборувано толку многу пати.

Познатата пејачка со години го вклучува вежбањето како важен дел од својот животен стил, а нејзиното најново појавување во јавноста уште еднаш ги покажа резултатите од таа посветеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: 

Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија

„Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р.

Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик.

Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е неспособно за плаќање и дека му претстои стечај, со намера да стекне противправна имотна корист и да ги оштети доверителите, го намалил имотот од кој доверителите можеле да ги намируваат своите побарувања. Притоа, присвоил 10 возила во вредност од 69.719.484 денари, скутери во вредност од 545.000 денари и трговска стока во вредност од 4.457.322 денари, кои не биле евидентирани со соодветна документација и не биле пронајдени од стечајниот управник, со што не станале дел од стечајната маса.

Поради наведеното, побарувањата на доверителите во вкупен износ од 12.069.922 денари, од кои 1.179.059 денари се побарувања на УЈП, останале целосно ненамирени.

Исто така првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација (договори, фактури, испратници, сметкопотврди и сл.) за нивна економска оправданост во сметководствената евиденција, истите ги присвоил за себе и притоа не пресметал и не платил данок на добивка во вредност 5.387.259 денари и данок на личен доход во вредност од 5.985.244 денари.

Со наведените дејствија, преку правниот субјект, В.Р. се стекнал со противправна имотна корист и го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 23.442.425 денари, по основ на оштетување на доверителите, Данок на добивка и данок на личен доход.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер