Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
2Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
МакедонијаНад 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит ПазарНад 6.000 парчиња пиротехника била запленета во текот на вчерашниот ден на Бит Пазар.Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени оперативно - тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје на улицата „192“ на подрачје на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства. - Известен е јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна постапка, а против лицата кои ја продавале пиротехниката ќе бидат поднесени соодветни пријави, потенцираа од МВР. Тагови: пиротехника Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМинистрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските границиФон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПритвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Куклица“Определен е притвор за 41-годишната кратовка што пред два дена беше приведена поради физички напад врз посетители на локалитетот „Куклица “. Станува збор за жената која извесен период нелегално наплаќаше влез во локалитетот во кратовско, кој е прогласен за споменик на природата. Од обвинителството посочуваат дека и покрај сите преземени мерки, осомничената продолжила да го узурпира локалитетот, неосновано да им наплаќа влезници на посетителите. „При последниот инцидент, осомничената презела и дејствија на кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие ,односно таа физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат“,велат од обвинителството. Од МВР вчера информираа дека 41-годишната била приведена попладнето на 2 август откако било пријавено дека физички нападнала повеќе посетители на локалитетот „Куклица“.Тагови: Куклица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook