Над 5 милиони заразени, повеќе од 330 000 починати од Ковид -19

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.136.799 лица. Од нив починале 331.496, а оздравеле 2,049,565 луѓе.

– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се само пет новозаразени со ковид-19,со што вкупната бројка достигна 969 лица. Во исто време во списокот на излекувани се впишани 13лица или вкупно до сега битката со невидливиот непријател ја добиле 771лице односно 80 отсто од вкупната бројка на заболени. Активни на болеста се се 167 лица, а болнички се лекуваат само 14, од нив тројца се на интензивна терапија. Битката со коронавирусот ја изгубиле 31 пациент,кои боледувале и од други болести. Од 20 април во Албанија нема починат од коронавирус. Со последно направени 204 тестови, до сега вкупно се тестирани 13.825 сомнителни случаи.

– Само еден нов случај на ковид-19 од анализирани 2.647 примероци во изминатите 24 часа соопшти Министерството за здравство на Кипар. Од почетокот на епидемијата, заразени со новиот коронавирус се 923 лица.

– Уште две лица во Грција починаа од Ковид-19, а денеска беа соопштени три нови случаи. Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 2.853 лица, а од почетокот на епидемијата починаа 168 лица.

– Во изминатите 24 часа во Хрватска се регситрирани три нови случаи на зараза. Вкупниот број на заразени во државата е зголемен на 2.237. Еден човек го загуби животот со што вкупниот број на смртни случаи е 97.

– САД со 1.570.583 потврдени случаи се држава со најмногу заразени. Следуваат Русија (308.705), Шпанија (278.803), Бразил (271.885), Велика Британија (248.818), Италија (226.699), Франција (180.809), Германија (177.827) и Турција (151.615). Останати држави со повеќе од 50.000 потврдени случаи на заразување со Ковид-19 се Иран (124.603), Индија (106.886), Перу (99.483), Кина (82.965), Канада (79.112), Саудиска Арабија (59.854), Белгија (55.791) и Мексико (54.346).

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски со порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака:

„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.

Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.

Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање.

На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите.“, соопштуваат од неговиот кабинет.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер