СветНад 4000 истовремени експлозии на пејџери во Либан, 11 загинати, илјадници повредени Експлозијата на пазар во Бејрут е само еден од неколкуте илјади симултани експлозии на пејџери кои вчера го потресоа Либан и делови од Сирија. Во досега невидениот масовен напад без преседан врз припадници на милитантната група Хезболах, убиени се најмалку 12 луѓе, меѓу кои две деца. Експлозивот бил активиран, откако на корисниците на уредите им стигнала шифрирана порака. -Oна што се случи беше како земјотрес, како ненадеен бран што удира на секого, и оние што биле мета и оние околу нив. , изјави жител на Бејрут. -Состојбата е на раб на ескалација. Ако имало акција, треба да има и реакција. , вели жител на Бејрут. Болниците во Бејрут се преполни. Над три илјади луѓе се повредени, од кои 300 се критично. Повреден е и иранскиот амбасадор во Либан. -Повеќето од повредите се на самото лице, особено на очите на рацете или во делот на стомакот. Според пациентите, повредите се настанати од уред за комуникација. , изјави Фирас Абиад, министер за здравство на Либан. Иако Израел засега одбива да коментира, Хезболах експресно го обвини дека стои зад нападот и се закани со праведна одмазда. Она што е познато е дека милитантната група неодамна ги забранила мобилните телефони и набавила пејџери за своите членови како уред кој е побезбеден при обид да бидат лоцирани или контролирани од израелските разузнавачки служби. Повикувајќи се на разузнавачки извори, Ројтерс објави дека токму израелската Мосад стои зад експлозиите, откако претходно поставила експлозив во пет илјади пејџери произведени од тајванска компанија, кои потоа биле увезени за Хезболах. -Израелците веројатно виделе можност да купат илјадници пејџери, ги расклопиле и вметнале експлозив и ги пуштиле во продажба директно за Хезболах, користејќи радио фреквенции кои пренесуваат податоци во пејџерот и симултано ги детонирале сите пејџери. , изјави Стив Ганард, поранешен дипломат во Стејт Департментот. Но, случајот доби сосема поинаков тек, откако посочената тајванска компанија „Голд Аполо“ ги отфрли тврдењата и прстот го впери кон унгарската фирма „BAC Consulting“ дека ги произвела уредите, која поседувала лиценца да го користи истиот тајвански бренд. -Вашата компанија повеќе не го призведува моделот „AR-924“? Не е прашањето дали го произведуваме. Тоа не е наш производ. , изјави Ксу Чинг, претседател на „Голд Аполо“. Хезболах е шиитска група со седиште во Либан, една е од највооружените милитантни организации во светот, финансирана е од Иран и функционира како држава во држава. Проценките се дека располага со 30 илјади борци, а по конфликтот во Газа ги интензивираше ракетните напади врз Израел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инцидентиИлјадници граѓани излегоа на улиците низ Франција во текот на вчерашниот ден, барајќи подобри услови за живот, повисоки плати и поголеми инвестиции во образованието. Протестите на повеќе локации прераснаа во инциденти и судири со полицијата, а беа регистрирани и приведувања. Според податоците на полицијата, на демонстрациите учествувале повеќе од 100 илјади луѓе, од кои околу 24.000 во Париз. Синдикатот на младите, пак, изнесе повисока проценка, тврдејќи дека на протестите се приклучиле околу 200 илјади. Инциденти биле регистрирани во Париз, Лион, Бордо и Нант, каде што биле приведени над 120 луѓе. На демонстрациите биле ангажирани околу 70.000 полицајци, исто колку и за претходните три големи протести. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДСБројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли.Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ''економските експерти'' од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа. Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат. Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година. Во време на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцофрена а Филипче и Заев се грижеа само за раст на сопствените бизниси и инвестиции во авиокомпании, плантажи и висококатници во Дубаи додека народот го осиромашија и го оставија на раб на егзистенција. Денес владата предводена од ВМРО ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ ја стабилизира економијата и ја води кон раст. Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност. Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември. Кај туризмот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период минатата година, се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест проценти кај двата показатели. Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности. Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој. Никој не тврди дека економските проблеми се решени преку ноќ. Напротив, потребна е сериозна работа, инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард што е приоритетна цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошциЗа сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање. Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter