Холивудскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ по три години повторно во Драмскиот театар Скопје
СДСМ-Извештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашање
1Холивудскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ по три години повторно во Драмскиот театар Скопје
2СДСМ-Извештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашање
СветНад 400 лица се приведени во Истанбул во судири со полицијата поради учество во демонстрациите Над 400 лица се приведени во Истанбул во судири со полицијата поради учество во демонстрациите за 1 мај. Вкупно 409 лица се приведени во Турција од страна на полицијата поради учество во демонстрациите по повод 1 мај, Денот на трудот и солидарноста, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја за турските медиуми. Во истанбул беа приведени 407 лица и по едно лице во градот Токат во северна Турција и градот Ван во југоисточна Турција. Според информациите од опозицискиот весник „Џумхуриет“, стотици демонстранти биле блокирани од полицијата во централните области на Истанбул, Бешикташ и Шишли, каде што избувнале судири додека демонстрантите се обидувале да ги пробијат барикадите. Меѓу блокираните лица беа пратеници од главната опозициска Републиканска народна партија (РПП). Полицијата не им дозволи на демонстрантите да стигнат до плоштадот Таксим, каде што масовните демонстрации се забранети од 2013 година. Според информациите на веб-страницата Т24, меѓу приведените се 11 адвокати. Адвокатската комора на Истанбул ги повика властите да ги ослободат адвокатите, велејќи дека „притворањата се незаконски“. Стотици луѓе беа приведени и во други делови од градот. Според опозициските медиуми, испрашувањето на приведените од полицијата продолжува. Турскиот министер за внатрешни работи изјави дека приведените ќе бидат одговорни за „кршење на Законот за собири и демонстрации“. Вчера во прославите за 1 мај низ цела Турција учествуваа 286 илјади луѓе, а за обезбедување на прославите беа мобилизирани 122.777 полицајци. Поради блокирањето на транспортните врски помеѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул од страна на властите, прославите беа локализирани во областите Кадиќој и Картал на азискиот брег, на кои учествуваа вкупно 65 илјади луѓе. Според соопштението од канцеларијата на гувернерот, на прославите во Кадиќој присуствувале 35 илјади луѓе, а во Картал 30 илјади луѓе, а 52.656 полицајци биле распоредени за одржување на редот и безбедноста низ целиот град. Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоливудскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ по три години повторно во Драмскиот театар СкопјеПо бројните изведби во САД, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во дијаспората, пред македонската публика в петок, на 12 јуни, во 20 часот ќе настапи холивудскиот актер со балканско потекло, Жељко Џек Димиќ, со својата монодрама „Ој, животе“.По бројните изведби во САД, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во дијаспората, пред македонската публика в петок, на 12 јуни, во 20 часот ќе настапи холивудскиот актер со балканско потекло, Жељко Џек Димиќ, со својата монодрама „Ој, животе“, претстава која во изминатите години предизвика исклучителен интерес и силни емоции кај публиката низ регионот. Монодрамата „Ој, животе“, создадена според култниот текст на актерот и публицист Јосип Пејаковиќ, е проект што Димиќ го адаптира, го режира и го изведува веќе неколку години. Претставата ја следи судбината на човек кој доброволно заминува на издржување затворска казна наместо својот помлад брат, а низ исклучително актерско мајсторство пред публиката оживуваат повеќе ликови, ситуации и животни судбини. Критиката и публиката ја издвојуваат способноста на Димиќ во текот на целата изведба самостојно да создаде цел свет од различни карактери, водејќи ја публиката низ смеа, тага и длабока човечка емпатија. Претставата е мајсторски редок спој на хумор, емоција и животна вистина. Медиумите редовно нагласуваат дека токму мешавината на комедија и силна животна драма ја прави оваа претстава исклучително блиска и препознатлива за посетителите од целиот Балкан. Димиќ е актер со богата меѓународна кариера. Остварил над 85 филмски, телевизиски и театарски улоги. Освен на англиски јазик, тој игра улоги на српски, руски, чешки и на италијански јазик. Џек Димиќ во Холивуд е познат по своите улоги во американски телевизиски и филмски продукции, меѓу кои се сериите: „Ред и закон“, „Место на злосторот“, „Црна листа“, „Замок“, „Сина крв“, како и во сериите што во последните години се снимаат во регионот ̶ „Државен службеник“, „Сенки над Балканот“, „Ургентен центар“, „Воена академија“, „Клан“, „Династија“, „Вера“ и многу други. Џек Димиќ го играл научникот Никола Тесла во филмот „Народот на Тесла“, кандидат за Оскар за долгометражен играно-документарен филм во 2020 година. Во интервјуата што ги дава по повод најновите изведби, Димиќ истакнува дека и покрај долгогодишната кариера во Америка, со особена радост настапува на мајчиниот јазик и исклучително ја цени непосредната комуникација со публиката од регионот. Токму затоа претставата „Ој, животе“ прерасна во негов најличен и најемотивен театарски проект. Димиќ нагласува дека: „ ‘Ој, животе’ не е само монодрама – тоа е приказна за жртвата, семејството, човечката добрина и силата на духот, раскажана од актер чија кариера ги поврзува Њујорк, Холивуд и Балканот“. Гостувањето во Македонија претставува ретка можност љубителите на театарот да проследат актер кој успешно ги спојува холивудското искуство и балканската театарска традиција, носејќи на сцената претстава која веќе години наназад освојува публика на различни континенти. Гостувањето е овозможено во соработка со Амбасадата на Босна и Херцеговина во РСМ и НУ Драмски театар Скопје. Билетите во знак на одбележувањето на 80-годишнината на Драмски театар Скопје и овој месец ќе бидат со попуст и изнесуваат 300 денари. Може да се набават преку онлајн продажбата или на билетарницата на Драмскиот театар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛука Модриќ ќе се пензионира! Еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња, Хрватот Лука Модриќ, одлучи да ја заврши својата играчка кариера по претстојното Светско првенство.Нико Шира, италијански новинар, објави дека Лука Модриќ донел голема одлука по неколку недели размислување. Еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња одлучи да ја заврши својата играчка кариера по претстојното Светско првенство! Освојувачот на „Златната топка“ во 2018 година сака да ја предводи хрватската репрезентација на уште едно големо натпреварување со капитенската лента. Лука е рекордер во селекциите од екс Југославија со 197 настапи во редовите на Хрватска, а во кариерата во клупскиот фудбал има скор до 932 натпревари, 99 гола и 143 асистенции. Главната причина за одлуката за играчот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид беше фактот што Милан не се квалификуваше за Лигата на шампионите за следната сезона.Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаСДСМ-Извештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашањеИзвештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, јасно покажува дека нема напредок во клучните реформи - владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата.Ова е уште една потврда на она што СДСМ го зборува месеци наназад. Наместо реформи, владата на Мицкоски продолжува со политичка контрола врз институциите, јавно мешање во работата на обвинителството и создавање на атмосфера на страв и притисок. Извештајот исто така јасно порачува дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет не смеат да бидат доведувани во прашање во процесот на европска интеграција. Дополнително, извештајот нагласува дека билатералните прашања треба да се решаваат преку добрососедски односи и отворен дијалог, а не преку провокации и националистичка реторика која ги влошува односите со соседите. Ова е директен одговор на сите обиди преку етнонационалистичка реторика и лажни дилеми да се блокира европскиот пат на Македонија. Владата на Мицкоски и понатаму се обидува да ја претстави уставната измена како „уцена“ и закана по идентитетот, иако токму тоа е основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ и нема никаква закана за македонскиот идентитет. Наместо да работи на исполнување на европските стандарди, таа продолжува со изолација и пропаганда. СДСМ уште одамна порачува: доста е со изговорите. Без уставни измени и без вистински реформи во правосудството, нема напредок кон Европа. Граѓаните не заслужуваат лаги и манипулации - заслужуваат јасен пат кон подобра иднина. Реформи сега. Европа сега. Скопје, 05.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter