Над 37 000 граѓани досега со интерес за вакцинирање, се очекува испораката на вакцини

Над 37000 граѓани досега се пријавиле преку онлајн апликацијата за вакцинирање против Ковид-19. 

Првите 8000 вакцини од компанијата „Фајзер" кои ни ги отстапи Србија се очекува да пристигнат следните денови, а кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската „Синофарм". Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, во интервју за белгискиот весник „Ла либр", рече дека Македонија е колатерална штета на процесот, кој не ги исполнил очекувањата во однос на испораката на вакцините, оценувајќи оти земјите од Западниот Балкан требаше да бидат дел од европската програма за имунизација уште од самиот почеток.

Османи потсети и дека земјава уплати 800.000 дози вакцини во рамките на КОВАКС механизмот, и има, исто така, директен договор со „Фајзер" за 800.000 дополнителни дози. -На овој начин сметавме дека сме сигурни и покриени со 1,6 милиони дози и дека тие се повеќе од доволни за да се имунизира нашето население. Но, сè уште не сме добиле ништо, вели Османи.

Тој потенцира дека, за жал, земјите од регионот на Западниот Балкан се влезени во регионален натпревар за добивање вакцини и со таа станаа предмет на геополитичка конкуренција за прашањето за вакцините.

– Владата одлучи да купи 200.000 вакцини од Кина, но нашата цел е да се заштитиме од овие геополитички размислувања. Идејата е да се започне кампањата за вакцинација, додава Османи, кој се надева дека наскоро ќе ги добиеме и платените вакцини.

Потсети дека од појавата на пандемијата на Ковид-19 регионот доби голема поддршка преку механизмите за солидарност на ЕУ или НАТО во однос на набавка на санитарна опрема, со што земјите од Западниот Балкан добија чувство дека се дел од Унијата, но таквиот впечаток не продолжи и кога започна вакцинацијата.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека сè уште се подготвува документацијата за вакцините од производителот „Фајзер", кои од Србија треба да пристигнат во Македонија.

– Се работи за подготовка на техничката документација од „Фајзер" кон Србија за реекспорт, или за реплаќање или донација од Србија. Целта е прво да стигнат 4.000 вакцини, а потоа и другите 4.000, изјави Заев, кој потенцира дека раководството на Србија сака час поскоро да ни ги достави вакцините.

Примопредавањето на вакцините беше најавено за завчера, но потоа во последен момент беше одложено за наредните денови, бидејќи Србија сè уште нема добиено одобрение од „Фајзер" за пренамена на вакцините за македонски пазар.

Првите 8000 вакцини од компанијата „Фајзер" кои ни ги отстапи Србија се очекува да пристигнат следните денови, а кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската „Синофарм". Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер" кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

Над 37000 граѓани досега се пријавиле преку онлајн апликацијата за вакцинирање против Ковид-19, информираа вчера за МИА од Министерството за здравство.

Веб-страницата беше пуштена во функција пред три дена, а на неа може да се пријави секој граѓанин заинтересиран за вакцинација. Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин".

Според предвиденото од надлежните институции, во првата група за вакцинација се здравствените работници и лицата над 70 години.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера изјави дека околу 70 отсто од здравствените работници изразиле желба да се вакцинираат.

– Тие ќе бидат први вакцинирани, како и лицата над 70 години. Со мечирање на хроничните болести се прави список за известување кон матичните лекари, понатаму матичните лекари треба да ги известат своите пациенти и да ги прашаат дали сакаат да се вакцинираат и тој податок да се внесе во „Мој термин", рече Филипче.

Претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова во синоќешното гостување на телевизија „Сител" изјави дека нашата држава месеци наназад се подготвува за една од можеби најголемите операции, не само кај нас, туку и на светско ниво, а тоа е логистиката околу пристигнувањето и дистрибуцијата на вакцините и нивната апликација и ние сме целосно подготвени да ги примиме вакцините.

Таа потенцира дека поради најавите за доаѓањето на фајзеровата вакцина уште од декември минатата година, нашиот здравствен систем е подготвен и во делот на складирање.

– Обезбедени се неколку фрижидери на минус 70, од кои едниот е веќе во Клиничкиот центар, другите се стационирани во здравствените домови низ државата и воспоставени се комплетни стандардни процедури во однос на нивното складирање, диструбуција и апликација, вели Грозданова.

Претседателката на Комитетот за имунизација информира дека медицинските лица од вакциналните тимови, поминале две виртуелни обуки и две обуки во живо, со цел процесот на вакцинација да се одвива според сите стандарди кои ваквиот процес ги бара.

Во исчекување на вакцините, епидемиолошката состојба кај нас и натаму се смирува. Од 2596 тестирања, вчера беа регистрирани нови 367 случаи на коронавирусот. Пет лица починати и 202 оздравени пациенти.

Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 2876, Кавадарци – 398, Охрид – 369, Прилеп – 267, Куманово – 236, Велес – 228, Тетово – 213, Делчево – 207. Во другите градови има помалку од 200.

Вкупниот број на хоспитализирани во земјава е 591 пациент. Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 342 позитивни и суспектни на коронавирусот. Во Скопје се лекуваат 249. Во болниците во државата има 480 слободни кревети, од кои во Скопје 100.

Во ГОБ „8 Септември" има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. /МИА

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер