Над 36 милиони Американци ги изгубиле работните места поради пандемијата

Aмериканскиот Стејт Департмент  соопшти дека 2,98 милиони Американци ги загубиле работните места минатата недела.

Така, од средината на март, кога започна економскиот застој поради пандемијата на коронавирус, повеќе од 36 милиони луѓе ги загубиле своите работни места во САД, пишува ДВ.

Според Њујорк Тајмс, повеќе од половина од оние кои побарале бенефиции за невработеност во последните неколку недели не успеале да ги добијат потребните надоместоци. Американскиот весник , истакна и дека 13 држави сè уште немаат целосно спроведено програма за помош при невработеност, како резултат на пандемијата што ја донесе Конгресот во март за да им помогне на оние кои инаку немаат право на надомест за невработеност.

Досега има 1,4 милиони случаи на заразени со коронавирус во САД, што претставува скоро третина од сите случаи низ целиот свет. Повеќе од 85.000 Американци починале од компликации поврзани со ковид-19.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер