Над 300 уметнички дела во Музејот на современа уметност - Канал 5

Над 300 уметнички дела во Музејот на современа уметност

Во реконструираните простории на НУ „Музеј на современата уметност“ од вечерва е отворена постојаната поставка „Солидарноста-недовршен проект“, по повод 50 години од основањето на музејот.

Над 300 уметнички дела во Музејот на современа уметност


Во новоконципираната поставка, изложена во три галериски простори на 3.500 метри квадратни, се претставени над 300 врвни уметнички дела. Тука се ликовните дела на Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински, уметничките форми и инсталации на Калдер, Јанис Гаитис, скулптурите на Иван Кожариќ, Душан Џамоња, Роберт Јакобсен, Штурса... Изложени се и делата на авторите кои го илустрираат развојот на македонската современа ликовна уметност: Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Мазев, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Димитар Кондовски, Душан Перчинков, Јордан Грабулоски, Родољуб Анастасов, Анета Светиева...

Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, тоа е само дел од меѓународната колекција и репрезентативна национална збирка на откупени и донирани над 5.000 дела на околу 2.000 автори од 66 земји на светот кои по земјотресот во 1963 го дадоа својот придонес во обновувањето на Музејот на современа уметност.

- Денеска со голема одговорност се исполнува ветување, долг кон историјата на уметноста, кон нашето културно наследство, кон македонската публика бидејќи по неприфатливата децениска „пауза” во која бевме осиромашени за едно богато визуелно задоволство, во овој нов современ простор од 1.500 метри квадратни добиваме можност да ги видиме и доживееме делата на македонските и светските автори кои со својот индивидуален пристап оставија длабоки траги во современата ликовна историја, рече Канческа-Милевска.

Таа истакна дека постојаната поставка постојано ќе се надополнува и со ликовните дела и скулптурите од мал галериски формат кои преку стимулативните мерки и откупи на Министерството за култура во голема мера ќе го збогатат фондот на оваа институција.

- Нашите автори заслужуваат ваков простор за изложување на своите дела, а нашата публика заслужува Музеј со извонредно значајни содржини од кои и младите генерации ќе може да ги збогатат своите искуства и сознанија за современата ликовна уметност, рече министерката за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)

Анис ал-Асбахи, портпарол на Министерството за здравство под контрола на Хутите, денеска изјави дека седум лица се ранети во напади предводени од Саудиска Арабија врз пристаниште во Црвеното Море и нафтен објект во јеменската провинција Ходеида.

Последователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)

Во објава на платформата „X“, тој напиша дека четворица цивили се ранети за време на нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пристаништето Рас Иса, додека тројца други се повредени во напад врз нафтен објект во округот Баџил.

„Последователните напади врз нафтени постројки и витални пристаништа претставуваат јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и придонесуваат кон низа воени злосторства насочени против цивили и критична инфраструктура“, изјави портпаролот.

Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, се борат против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

Судството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

Судиите на Венко Филипче и Али Ахмети повторно одработија за спас и одбрана на нивните наредбодавци.

Само после неколку месеци откако обвинителот Ислам Абази го затвори случајот за набавката на модуларните болници со што Филипче го спаси од одговорност, сега и судијата Африм Фидани ги ослободи поранешните директори на тетовска болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, за трагедијата во која животот го загубија 14 наши сограѓани.

Ова отвора сериозни прашања за функционирањето на правосудниот систем и за еднаквоста пред законите, штета има, жртви има, а виновни нема.

Како е можно за пожар во кој загинаа 14 луѓе виновен да биде кабелот и да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица од тој период, како што се тогашните директори на болницата и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче?

Како е можно да не се испита одговорноста на сите надлежни лица во синџирот на одлучување и управување, Филипче како најодговорен воопшто да не биде повикан на разговор, а од друга страна да се ослободуваат и Бесими и Етеми.

Дали во Македонија правдата зависи од партиската блискост и политичките врски, а блиските до Филипче и Ахмети имаат привилегија да бидат над законот?

За 14-те загубени животи правда и одговорност мора да има, Македонија не смее да биде држава во која политичките врски се посилни од правдата.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

Според излезните анкети Илијана Јотова ќе биде прва жена на претседателската функција во Бугарија, по вчерашниот втор круг на изборите. 

Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

Илијана Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Валчев победија на претседателските избори во Бугарија со 57,58 отсто од гласовите. Според обработени 99,95 проценти од записниците, за Јотова и Валчев гласале повеќе од 1 милиони избирачи. По објавувањето на резултатите, Јотова им се заблагодари на граѓаните за поддршката. Таа порача дека ќе се залага за соработка и изнаоѓање решенија.јотова оцени дека нејзината кампања била позитивна и без говор на омраза. Валчев најави посебно внимание за младите и нивната иднина. Тој рече дека ќе работи на создавање услови младите да останат во Бугарија, а раселените да се вратат. Премиерот Румен Радев им ја честиташе победата и порача дека граѓаните гласале за мир и стабилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер