Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ
2Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ
3МФ: Усвоена нова Стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава
СветНад 300 летови се откажани поради дефект на радарскиот систем на аеродромот во Милано Сериозен технички дефект во Регионалниот центар за контрола на воздушниот сообраќај во Милано (Milano ACC) предизвика неколкучасовно прекинување на воздушниот сообраќај над северозападна Италија.Илјадници патници беа блокирани, додека повеќе од 300 летови беа откажани, одложени или пренасочени кон други аеродроми. Во саботата навечер, 28 јуни, околу 20:20 часот, се случи дефект на системот за пренос на податоци во рамките на контролата на воздушниот сообраќај Enav во Милано. Само дваесет минути подоцна, беше донесена одлука за воведување на таканаречената „rateo zero“, со што се суспендирани движењата на авионите во погодениот регион. Засегнати беа главните аеродроми во Милано (Малпенса и Линате), како и во Бергамо, Торино и Џенова. Летовите беа пренасочени кон нивните матични аеродроми, пренасочени кон други дестинации, а голем број патници беа задржани на авионот повеќе од еден час. Проблемот со радарскиот систем се прошири и на други аеродроми во Италија, вклучувајќи ги и оние во Венето, кои мораа да примат пренасочени летови. Полетувањата постепено продолжија околу 22:15 часот, но со значителни ограничувања и доцнења. Во текот на ноќта, следеа понатамошни прекини и продолжувања со намален капацитет. 🇮🇹 Causa avaria al sistema radar di Linate, che ha coinvolto gli aeroporti del nord-ovest, tutti i voli in partenza e in arrivo sono sospesi in attesa della risoluzione del problema tecnico. Seguiranno aggiornamenti pic.twitter.com/2333Et73Bt — MilanBergamoAirport (@MilanBergamoBGY) June 28, 2025 Според соопштението на италијанската агенција за контрола на воздушниот сообраќај Енав, причината не била директен дефект на ИТ, туку деградација на мрежната поврзаност во рамките на системот за размена на податоци, познат како Е-Нет. Оваа мрежа ги поврзува контролните центри, аеродромите и радарските станици, пренесувајќи клучни информации како што се радарски податоци, временски билтени и комуникации со пилотите. Guasto al sistema radar di Milano: caos negli aeroporti del Nord, cancellazioni e ritardi https://t.co/JeHdbypk9j via @quicosenza pic.twitter.com/Ish7nBQFi5 — quicosenza.it (@quicosenza) June 29, 2025 Поради природата на инцидентот и фактот дека системот има безбедносни механизми за пренасочување на сообраќајот на податоци, се очекува да се формира посебна комисија во соработка со Италијанската агенција за цивилно воздухопловство (ENAC) за да се испита зошто редундантноста не функционирала. Европската агенција Евроконтрол го класифицираше инцидентот како „дефект на радарскиот систем“ и ги информираше сите оператори преку NOTAM. Покрај доцнењата, некои летови останаа без екипажи поради пречекорување на дозволеното работно време, што дополнително ја комплицираше нормализацијата на сообраќајот. Италијанскиот воздушен простор е покриен од радарски центри во Милано, Падова, Рим (Чампино) и Бриндизи. ACC во Милано е одговорен за секторот на северозападна Италија, каде што се случи прекинот од синоќа.Тагови: радарски систем во Милано Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДел од новите министри денеска ги преземаа функциите Сашо Клековски седна во здравство, Ѓоко Велковски ја презеде министерската позиција во социјална политика, демографија и млади, Јетон Шасивари го наследи Филков. Неколкумина од новоизбраните министри ги презедоа новите функции, по вчерашната целодневна собраниска седница. Во зовриена атмосфера и без присуство на опозицијата, Собранието доцна синоќа ги избра новите осум министри од владината реконструкција. Наместо фокус на кадровските промени, седницата беше обележана со жестоки вербални пресметки, навреди, меѓусебни обвинувања и барања за извинување, поради што опозицијата ја напушти собраниската сала. Сите министри беа избрани со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“ по што дадоа свечена заклетва во Собранието Бурниот ден беше заокружен со заедничка фотографија со премиерот Мицкоски и новоизбраните членови на неговиот кабинет. Расправата за владината реконструкција помина во тензична расправа меѓу власта и опозицијата. На крајот од седницата, непосредно пред гласањето, премиерот Мицкоски упати извинување до пратениците и граѓаните за настаните што ја одбележаа собраниската седница. - Среќен сум што го имам ова парламентарно мнозинство, кое досега испорача многу реформски закони, кои, впрочем, и еврокомесарката Марта Кос го истакна при нејзината последна посета кај нас, и тоа јавно. Како претседател на Владата, сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани и се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да ни се повтори“, изјави Мицкоски. Извинувањето на Мицкоски следеше откако пратеничката група на СДСМ обвини дека кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ упатил навреди кон нивните пратеници, а за истото се пожалија и од ДУИ. Тие бараа лично извинување од Стоилковиќ, но и од премиерот Мицкоски, како и да прекине седницата, а откако не добија ја напуштија истата. Претходно СДСМ свикаа и вонредна прес-конференција, на која оценија дека однесувањето на владините претставници било надвор од сите демократски критериуми. Во смирување на страстите не помогна ниту вонредниот состанок на координаторите на пратеничките групи со собранискиот спикер Африм Гаши на кој според опозицијата, било договорено да се донесе заклучок со кој ќе се осуди однесувањето на Стоиљковиќ, но таков чекор не бил реализиран. -Со цел за непречено функционирање на Собранието, а како дел од заедничката координација во име на парламентарното мнозинство сакам јасно и гласно да кажам дека не одобруваме никакво однесување спротивно на принципите што ги заговаравме во Етичкиот кодекс и согласно Деловникот заради заштита на угледот и дигнитетот на Собранието, изјави Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Друг треба да побара извинување, тој што доаѓа за министер треба да побара што го направи цело ова, а бараме од премиерот да преземе мерки, изјави Ајдари од ДУИ. -Ваков начин на однесување којшто продуцира и омраза, доведе до работа на насилство треба да биде навистина осуден. Очигледно е дека не сакате да направиме чекор напред кон подобрување на целата оваа сотојба. изјави Спасовски од СДСМ. По напуштањето на опозициските пратеници, седницата продолжи, а во салата од оние што не се дел од парламентарното мнозинство останаа само пратениците на Левица кои упатија критики за работата на Владата. Непосредно пред гласањето и тие заминаа од собраниската сала. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕОслободителна пресуда доби екс премиерот Никола Груевски за случајот Талир 2 кој се однесува на финансирањето на изградбата на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Со оваа пресуда, паѓа и основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, имот кој беше замрзнат во текот на постапката. Ова е втора пресуда за предметот кој во 2024 година скопска Апелација ја укина првата пресуда со која Груевски беше осуден на 6 години затвор а поранешниот владин секретар Кирил Божиновски условно. На тоа му претходена измените на КЗ од 2023 година како резултат на кои за Груевски имаше промена на обвинението а делото против Божиновски застаре. Ослободителната пресуда, е резултат токму измените на КЗ, образложи судијката Даниела Алексовска Стојановска. Измените на КЗ беа донесени од тогашното мнозинството на СДСМ и ДУИ во Собранието. -Обвинетиот Никола Груевски се ослободува од обвинение. Ваквата ослободителна пресуда е исклучиво резултат на донесување на Законот за изменување и дополнување на КЗ од 2023 година а како директна последица на кој што беше и укинувањето на првостепената пресуда во овој предмет како што тоа го констатира и Апелациониот суд Скопје во второстепената одлука во овој предмет,- изјави – Даниела Алексовска Стојановска – Судија. Груевски беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, според обвинението дело сторено со искористување. Со измените на КЗ имаше измена на обвинението дека делото го сторил со пречекорување на своите овластувања, но доказите останаа непроменети. Судијката Алесовска Стојановска образложи и дека Обвинителството не понудило нови докази за да се утврди намерата. -Покрај тоа што оваа пресуда е сосема различна од претходно донесената во конкретниот предмет, сепак анализата и оценката на доказите, утврдените факти и заклучоците изведени од страна на судот останаа непроменети. Така што при постоење на истите докази врз основа на кои судот претходно утврди дека е сторено предметното кривично дело со искористување на службената положба и овластување, цени дека при постоење на истите тие докази не се докажа надвор од разумно сомнение дека делото е сторено со друг вид на дејствија односно со пречекорување на овластувањата и со неизвршување на службената должност,- изјави – Даниела Алексовска Стојановска – Судија. Случајот го отвори сега згаснатото СЈО во 2018 година а потоа го презеде скопското обвинителство. Но и за оваа пресуда странките имаат право на жалба. Но конечната разврска извесно е дека не може да се промени со оглед на тоа дека предметот застарува за околу еден месец. Никола Груевски е се уште во бегство а во судница одлуката ја слушнаа неговите адвокати и претставник на партијата.Тагови: Груевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМФ: Усвоена нова Стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјаваУсвоена нова Стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава – се зајакнува законската, институционалната и оперативната рамка за откривање и борба против измами во користењето на ЕУ фондовите.Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава за период 2026-2030 година. Стратегијата е подготвена согласно преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамки на Поглавјето 32 - Финансиска контрола, кое опфаќа: јавна внатрешна финансиска контрола, надворешна ревизија, заштита на финансиските интереси на ЕУ и заштита на еврото од фалсификување и има за цел да придонесе за подобрување на дисциплината и транспарентноста во користењето на јавните средства (национални средства и средства од ЕУ), но и за обезбедување заштита на финансиските интереси на ЕУ во РСМ. Стратегијата е подготвена по партиципативен пристап на Oдделение за координација на борба против измами на ЕУ средствата (АФКОС одделението) при Министерството за финансии со вклучување на сите засегнати страни и меѓусекторска координација и соработка со институциите кои се дел од Институционална мрежа за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјата (АФКОС мрежата), органите и структурите во системот за управување и контрола со средствата од Европската Унија и Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската унија во РС Македонија 2026-2030 година значи спроведување реформа во приоритетните области кои се однесуваат на превенција од неправилности и измами, откривање на неправилности и случаи на сомнежи за измами, истрага и гонење на измами и поврат на средства и санкции. Преку спроведување на Стратегијата се очекува зајакнување на превенцијата од неправилности и измами и воспоставување ефективни и сразмерни мерки против измами, подобрување на алатките и техниките за откривање на неправилности и измами, обезбедување навремена истрага и соодветен третман на пријавените случаи на сомнежи за измами, како и зајакнување на капацитетот за обезбедување сразмерни и одвраќачки казни, соодветни финансиски корекции и дестимулирање во случај на неправилности и измами. Националната стратегија за борба против измами го промовира мотото „нулта толеранција за измама“ при спроведување на програмите на ЕУ. Националната стратегија за борба против измама првпат е донесена во 2019 година со цел подобрување на законската, институционалната и оперативната рамка во превенцијата, откривањето и борбата против неправилностите и измамите при имплементацијата на ЕУ фондовите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook