Над 300.000 евра за патни трошоци за пратеници за 13 месеци - Канал 5

Над 300.000 евра за патни трошоци за пратеници за 13 месеци

За 13 месеци Собранието исплатило над 300 илјади евра за патни трешоци на актуелниот парламентарен состав.

Над 300.000 евра за патни трошоци за пратеници за 13 месеци

Од почетокот на маднатот, според податоците кои Радио Слободна Европа ги добило по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, надоместок за патен трошок добиле 65 од вкупно 120 пратеници..

Прв на листата е пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Кире Божиновски од Ресен, на кого му биле исплатени над 13 илјади евра. Втор на листата е неговиот сопартиец од Прилеп – Петар Ристески со 12 илјади евра.

По Божиновски и Ристески, следени на листата се координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку и Јован Митревски од СДСМ, кој доаѓаат од Струга, со по речиси 10 илјади евра. По околу 9.000 евра за патни трошоци пак зеле пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кавадаранецот Зоранчо Јованчев и Јулија Тушевска од Валандово.

- Во првите 10тина кои земале најмногу пари по основ патни торшоци се и поранешниот пратеник Селим Сулејмани, кои си поднесе оставка вво мај, Миле Талевски од СДСМ и Дејан Проданоски од ВМРО ДПМНЕ.

- Покрај опцијата за надоместок за патен трошок, од 2018 година беше воведена можноста и за закуп на стан до 400 евра месечно, а оваа можност во овие 13 месеци ја искоритстиле само 9 пратеници, за што месечно во просек се даваат по 300 до 400 евра, или вкупно биле потрошени нешто над 44 илјади евра.

Поранешната претседателка на антикорупциска Билјана Ивановска за Канал 5 вели, дека наспроти трошоцоите на пратениците, многу поголем проблем се трошоците што ги прават останатите функционери кои имаат на располагање служебени возила, за што според неа потребна е детална анализа и проценка колку од нив се вистински потребни.

„Имаме огрмоен фонд на службени возила, но во отсуство на анализа за реалните потреби за користење на службените воизла тие истите се користат не само за службени туку и за приватни цели значи постои злоупотреба.... Мерката за ставање на службените воизла во една боја ќе се приемни тоа е многу едно ставна мерка која ќе овозможи видливост. Но сметам дека е потребна подлабока реформа.... Тоа се огромни средства, наместо да се фрлаат во ветер може да се искористат за инфрастурктура... “ -- Билјана Ивановска – поранешна претседателка на ДКСК.

Прашањето за патните трошоци на пратениците се отвора речиси секоја година, но споредбено со изминатите 10тина години сумата сега е и повеќе од двојно намалена... во 2015 и 2016 година за оваа намена на годишно ниво од буџетот се излеваа и по околу 700 до 800 илјади евра годишно.

2015 година – 770 883 евра

2016 година – 698 797 евра

2017 година – 512 000 евра

2018 година – 522 930 евра

2019 година – 390 993 евра

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Според анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки.

Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони.

Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом

Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област.

Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка.

Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила.

Зошто се приближуваат до луѓето?

Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир.

Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште.

Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките.

Полициски часови и затворање на паркови

Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките.

Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински.

Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување.

По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични.

Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот

Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок.

Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место.

Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер