Над 30 загинати и повеќе десетици исчезнати во поплавите во западна Германија

Драматично деноноќие и апокалиптични сцени во западна Германија, силниот дожд предизвика стихии кои што однесоа најмалку двесетина животи, а бројот на жртви и исчезнати од час во час расте. 

Брзаците од вода и кал проголтаа повеќе живеалишта во областа Ајфел, а во опасност да се урнат се уште 20тина домови. Дел од граѓаните спасот го бараа на крововите од куќите, од каде што очајно чекаа да бидат извлечени, некои пак морале веднаш да избегаат.

Моравме да ја напуштиме куќата, уништено беше се, ќе одиме кај моите родители, затоа што тие живеат на повисоко место, па таму ќе бидеме се чувствуваме побезбедни./ Немаше вода околу 1 и 30 часот, но за 30 минути дојде екстремен наплив, што целосно поплави се/ Одеднаш водата почна да навлегува, надојде од тука, и за секунда длабочината ми дојде до градите.

Според проценките на метеоролозите на западот и југозападот од Германија силата на природата излеала околу 200 литри на метар квадратен, количина која што наврнува во период од 2 до 3 месеци, а стравувањата остануваат бидејќи дождовите се очекува да продолжат.

-Последен пат нешто вакво видовме во 2005г, и претходно во 1999г кога реки се излеаа поради поројни дождови, но ова сега е навистина исклучително.- Стефан Лапс - Метеоролог.

Додека службите на терен се борат туѓите животи, веќе некои од нив го изгубија својот, според информациите има загинати пожарникари, а на терен се и вооружените сили да подадат рака за помош, но потопените улици на Хаген, се тешки за движење дури и за спасувачите.

-Ваквата состојба не натера да бараме помош од армијата, за да ја ставиме ситуацијата во Хаген под контрола, за среќа, со нивна помош работите одат кон подобро.вели Хенинг Кеуне – Кризен Штаб – Хаген.

Затечена од катастрофата се најде и канцеларката Ангела Меркел која што е во работна посета во САД, која што порача дека е целосно шокирана од случувањата.

Одредени места се целосно отсечени од светот, канализацискиот систем е до тој степен оптеретен што се апелира до граѓаните да не ја користат водата. Природната непогода посебно ги погоди покраините Северна Рајна, Ветфалија, а не ги одмина ниту Баден, Баварија и Саксонија. Целиот сообраќај во дел од регионите е во целосен прекин.

Драматична е состојбата и во Белгија, регистрирани се починати лица, а граѓаните, откажани се сите државни настани, а граѓаните веќе се солидаризираат за помош на оние на кои што им е најпотребно.

Драматично деноноќие и апокалиптични сцени во западна Германија, силниот дожд предизвика стихии кои што однесоа десетици животи, а повеќето десетици се исчезнати.

ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани убојни средства во Газа може да потрае 14 години.

Според проценките на ОН, за време на војната низ Газа биле создадени 37,5 милиони тони урнатини, од кои повеќето биле од бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦА наведува дека околу два милиона луѓе или половина од населението на Газа нашле засолниште во Рафа. Тие имаат потешкотии да пристапат до основните потреби, како што се здравствената заштита, чиста вода и санитарни јазли.

Во извештајот на OЦA се додава соопштение од водоводните претпријатија од крајбрежните општини во Газа, во кое се предупредува дека водоводните и канализациските системи се блиску до целосен колапс.

Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по лекувањето од рак

Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по позитивниот ефект од лекувањето од рак, пренесе ДПА.

Кралот Чарлс од почетокот на февруари се лекува во дневна болница, а извори рекле дека и покрај добрите вести, кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува од болеста за која не се откриваат детали.

Чарлс и кралицата консорт Камила денеска ќе посетат центар за лекување на рак за да се сретнат со медицински специјалисти и пациенти.

Настанот има за цел да ја подигне свеста за важноста на раната дијагноза и да ги истакне иновативните истражувања, поддржани од Cancer Research UK, кои се спроведуваат во болницата.

Британскиот крал Чарлс во јануари помина три ноќи во болница за операција на зголемена простата, при што му беше откриен рак, но не рак на простата.

Откако неговата дијагноза беше објавена на 6 февруари, тој ги одложи сите јавни ангажмани, но продолжи со своите должности како шеф на државата во палатата, со аудиенции и состаноци. /МИА

Кировски: Пировата победа на Али Ахмети

Али Ахмети беше неприкосновен лидер на македонските Албанци во изминатите повеќе од 20 години. 

Ретко говореше во јавноста, а уште поретко даваше погрешни изјави. Оттука навистина беше шокантно кога на последниот митинг на скопскиот плоштад пред гласањето во првиот круг од изборите, понесен од атмосферата почна да извикува УЧК !УЧК ! Тоа не го правеше никогаш, зошто да ја враќа ситуацијата на нешто од пред 23 години? Кому помогна со такви извици? И уште повеќе, тргна во лични дисквалификации и навреди против лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

За човек кој усшено балансираше и со десната и со левата политичка опција кај македонските партии, и беше во коалициски влади со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ повеќе од 20 години, речиси е несфатливо да ги урива мостовите на комуникација и можностите за прагматична постизборна коалиција. Причината е веројатно очај и паника. Нема друго рационално објаснување.

Веројатно Али Ахмети со сигурност знае дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицираат со албанската опозиција и дека тој оди во опозиција. Можеби тоа ќе значи и крај на неговата политичка кариера, тие одлуки ќе зависат од многу фактори, а свои „кариерни аргументи“ може да дадат и странските сојузници.

ВМРО-ДПМНЕ едноставно е во ситуација кога не може да коалицира со ДУИ. Прво: затоа што со години зборува дека треба оваа власт која е симбол на корупција да замине во опозиција, а корупцијата во перцепцијата на граѓаните главно се врзува со ДУИ.

Второ, самиот тој багаж на корупција го прави ДУИ политички „парија“. Едноставно, секоја македонска партија која коалицира со ДУИ е губитник. Една од причините за епскиот пад на власта на СДСМ која заминува од власта со историски најслаб резултат под 200 000 гласови е ДУИ. Во ВМРО-ДПМНЕ веројатно се свесни дека доколку коалицираат со ДУИ наредните избори нив ги чекаат такви историски најниски бројки.

Трето, политичката борба и реторика на која сме навикнати и која пред избори е прифатлива, ескалираше на лично ниво, со навреди, дисквалификации и „кекси“.

Прикаските дека „странскиот фактор и Калето“ ќе извршат постизборен притисок за ДУИ да мора да биде дел од власта, се муабети на луѓе кои не разбираат политика. Американската надворешна политика има една единствена константа, а тоа е прагматичност во спроведување на нивните политички концепти и геостратегиски цели. Оттука, тие ќе прифатат парламентарно мнозинство кое може да оди и до 70 пратеници, без да се плеткаат околу тоа дали ВМРО-ДПМНЕ прави влада со ДУИ или со „Знам„. Нив единствено ги интересира владата да им испорачува она што е нивни геополитички интерес. Кој ќе биде во таа влада, за нив секако е речиси сеедно. Се разбира, во новата влада не може да има место за една анти-Нато партија како што е Левица, на било каква коалиција со Апасиев, никој не смее ниту да помисли.

Што се однесува до сеењето страв за дестабилизација доколку не биде ДУИ во владата, моите извори велат дека во ДУИ веќе биле предупредени од стратегиските партнери да не помислуваат на такви ескалации. Дестабилизации на цели региони не се случуваат за заштита на кариери на поединци.

Е тука доаѓаме до прашањето дали Али Ахмети ќе се повлече од лидерското место на ДУИ по заминувањето во опозиција со „крената глава“ како победник и во пресметката меѓу претседателските кандидати и на парламентарните избори.

Доколку новата влада не го испорачува она што е интерес на НАТО сојузниците, тогаш Али Ахмети и ДУИ ќе им требаат за да се врши дополнителен притисок врз новата влада. Тогаш можеби странскиот фактор ќе почне да се вклучува во внатрешни политички процеси.

Но, само во ситуација ако се загрозени нивните витални интереси. Доколку новата влада испорача и доколку имаат сенс за геополитика, тогаш идниот премиер ќе има одврзани раце да соработува и да коалицира со кого сака, да гони криминал и корупција, да ја спроведува целосно неговата политичка агенда.

Ако не се испорача, тогаш идниот премиер, независно од тоа колку убедлив триумф ќе има и какво комотно мнозинство ќе има во парламентот, ќе има сериозен проблем. Ќе мора да балансира со разни концесии со албанскиот политички партнер и тоа од старт ќе му донесе разочарување кај оние што гласаа за опозицијата, ќе ја алиенира меѓународната заедница и ќе му го загрази владеењето.

Извор: https://globe.mk/

притисни ентер