Над 3 500 пријавени за „Вози право, вози здраво", регистрацијата сѐ уште трае - Канал 5

Над 3 500 пријавени за „Вози право, вози здраво", регистрацијата сѐ уште трае

 Повеќе од 3 500 деца и возрасни досега се пријавиле за најмасовниот настан на тркала низ улиците на Скопје – „Вози право, вози здраво" што ќе се одржи в недела на 5 јуни во организација на Стопанска банка АД-Скопје.

Над 3 500 пријавени за „Вози право, вози здраво", регистрацијата сѐ уште трае

Скопските улици в недела неколку часа ќе бидат преплавени од луѓе со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и скејтборди.

– Сите регистрирани учесници од денеска може да ги подигнуваат своите стартни броеви од i-bank store филијалата на Стопанска банка во ГТЦ од страната на кејот 13 Ноември. Подигнувањето е овозможено од среда (1 јуни) до петок (3 јуни) од 10 до 18 часот, како и во сабота (4 јуни) од 12 до 20 часот. На денот на ревијалниот настан, во недела (5 јуни), нема да може да се подигнуваат стартните броеви. Оние што сѐ уште не се регистрирале, тоа може да го направат преку овој линк, информираат организаторите на настанот.

Стартот на „Вози право, вози здраво" е во 18 часот од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк, каде што сите учесници ќе се освежат со вода, сокови, грицки и сладолед и ќе се забавуваат со добра музика и акробатите од Баскерфест. На стартот ќе има групни предизвици за учесниците во кои најуспешните ќе добијат подароци од Стопанска банка, а на крајот на настанот ќе има богата лотарија за сите регистрирани учесници во која ќе се доделуваат 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед.

– Добитници на наградите се учесниците чиј стартен број ќе биде извлечен, а не тие што пристигнале први на целта, при што извлечените добитници мора да се лично присутни за време на лотаријата за да го покажат својот стартен број. Во спротивно, наградата ќе биде доделена на следниот извлечен добитник.

„Вози право, вози здраво" е ревијален настан со кој се промовираат здравите животни навики и користењето еколошки транспортни средства со кои ја чуваме животната средина, како и забавата за сите генерации, семејства и пријатели. Ова ќе биде шести пат како се организира овој настан на кој во изминатите години учествуваа десетици илјади граѓани, посочуваат организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија откако беше издадено предупредување за главниот град Вилнус и околниот регион.

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија

Леталото во Литванија дошло од соседна Белорусија и се движело кон запад.

Гитанас Науседа, претседателот на Литванија, утринава објави: „Беспилотно летало што штотуку навлезе во литванскиот воздушен простор беше уништено од борбени авиони на НАТО. Со оглед на тоа што Русија ја засилува агресијата врз Украина, ваквата подготвеност е од витално значење за нашиот регион.“

Во меѓувреме, Полска ги активираше своите воздухопловни сили како превентивна мерка поради руските напади со беспилотни летала врз Украина. Вчера полската војска извлече сомнително руско беспилотно летало од морето кај балтичкиот брег во северна Полска.

Литванија, Латвија и Естонија – сите членки на НАТО на границата со Русија – постојано се соочуваат со навлегувања на беспилотни летала на нивните територии откако Москва ја започна војната против украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна.

Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм.

Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев.

Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели.

Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Кумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело.

Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина.

Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер