Над 3,3 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус

Бројот на заразени во светот изнесуа 3, 322 835, , починаа 234, 408 . , а оздравеа  над еден милион лица.

Според црните сататистики веднаш по Соединетите американски држави се Италија и Шпанија . Галопирачки раст има Велика Британија која според бројот на лица кои ја изгубија битката со вирусот изби на третото место, во оваа земја само вчера починаа 674 лица .

Владата во Шпанија во сабота ќе им овозможи на жителите да излезат еден час за да можат индивидуално да спортуваат или да се шетаат.

Министерот за здравство Салвадор Ила треба да го претстави планот што ќе им овозможи на жителите според возраста да можат да излезат на улица.

Во местата со повеќе од 5.000 жители ќе биде воведен распоред кој на улиците ќе го контролира полицијата. Распоредот е поделен за луѓе од три генерации.

Во земјата инфицирани се 239, 639 лица, така што Шпанија сè уште има најголем број пациенти во Европа.

Вчера починаа 268 лица, најмалку во последниот месец.

Премиерот на Русија Михаил Мишустин изјави дека ќе се самоизолира, откако бил позитивен на тестот за коронавирусот. 54-годишниот Мишустин беше прогласен за премиер во јануари. Неговиот позитивен тест дојде во истиот ден кога Русија забележа нови рекордни 7.099 случаи на коронавирус, со што вкупниот број потврдени инфекции е над 114 ,000.

Италија регистрира девет случаи на повторно заразување со коронавирусот

Станува збор за пациенти кои биле отпуштени од болници со негативен резултат по третманот и кои подоцна се разболеле повторно со ковид-19 или имале поблаги симптоми на зараза.

Бројот на новозаразени од ковид-19 во Шведска во изминатите 24 часа порасна 21.092, а вчера починаа 124 лица.

Стапката на смртност во Шведска е значително поголема отколку во многу други земји од Европа и достигна повеќе од 21 на 100.000 луѓе, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Шведската Влада ги затвори државните граници за странци кои не живеат во ЕУ и забрани јавни собирања на повеќе од 50 луѓе.

Градинките и основните училишта се отворени, средношколците и студентите учат од дома.

Одбележан Денот на Логистичка база - еден од главните столбови на Армијата

Во изминатите години вие припадниците на Логистичката база ја покажавте вашата професионалност и подготвеност со пружање на логистичка пооддршка на единиците на Армијата.

Логистичката база е клучен елемент во справувањето со предизвиците како еден од главните столбови на Армијата на Република Македонија, истакна заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага честитајќи го 20 Мај - денот на Единицата на воената свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје.

На свеченоста на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата на кој присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други гости, Јајага го потенцира придонесот на Логистичката база како важен сегмент во Армијата.

-Логистичката база и нејзиниот персонал активно придонесува во секоја активност на припадниците на Армијата во и вон границите на нашата држава, било тоа да е вежбовна активност или пак континуирано обезбедување на логистичка поддршка на составите кои се упатуваат во мировни мисии и во обезбедување на јужната граница, но и логистичка поддршка на сите вежбовни активности и транзит на силите на НАТО и партнерските наши земји. Придонесот кој го дава оваа база е круцијален во насока на успешно справување со предизвиците, а ние граѓаните тоа многу добро го знаеме. Секогаш кога е потребно припадниците на нашата Армија се први во поддршка на населението и на останатите институции во земјата, било тоа да се кризни состојби или состојби настаните од природни непогоди или креаирани од човекот. За жал би констатирал дека светот денеска живее во време кога овие вториве се се повеќе актуелни, каде голем број човечки животи се загрозени и каде за жал има голем број жртви директно од борбени дејствија, рече Јајага.

Во изминатите години вие припадниците на Логистичката база ја покажавте вашата професионалност и подготвеност со пружање на логистичка пооддршка на единиците на Армијата.

-Од ова место да ви порачам да продолжите со вашиот професионализам затоа што успехот на вашата единица поддразбира успех на нашата цела Армија, а ние ќе продолжиме да придонесуваме во обебзеудваме на сите потребни ресурси за ваше беспрекорно функционирање, порача заменик-министерот за одбрана Јајага честитајќи го денот на Единицата.

Честитки по повод Денот на Единицата упатија и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и командантот на Логистичка база полковник Мухарем Мухареми.

За Денот на единицата, согласно програмата,по пригодните обраќања беа доделени стимулативни мерки за припадници на единицата.

Логистичката база го прославува 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година почнало Разловечкото востание и првите логистички подготовки за неговото отпочнување.

Едерсон ќе го пропушти Купот на Америка поради скршеница на дланката

Голманот на бразилската репрезентација и Манчестер сити, Едерсон ќе го пропушти Купот на Америка, објави прес-службата на Бразилската фудбалска конфедерација.

На 16 мај се дозна дека по натпреварот со Тотенхем (2:0) на голманот му била дијагностицирана скршеница на десната дланка.

Местото на Едерсон ќе го заземе голманот на Сао Паоло Рафаел.

Копа Америка ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.

Реконструирана училишната спортска сала вп ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.

При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити.

Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Општина Ѓорче Петров

притисни ентер