Над 200 повредени, 100 уапсени на протестите против даноци во Кенија - Канал 5

Над 200 повредени, 100 уапсени на протестите против даноци во Кенија

Најмалку 200 луѓе се повредени, едно лице загина, а повеќе од 100 беа уапсени ширум Кенија во националните протести против плановите на владата да собере 2,7 милијарди долари дополнителни даноци, соопшти Алијансата на групи за права.

Над 200 повредени, 100 уапсени на протестите против даноци во Кенија

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите во главниот град Најроби, се вели во заедничката изјава на пет групи за човекови права, вклучително и Амнести интернешенел и Медицинското здружение на Кенија.

Присуството на чаури укажува дека биле испукани живи куршуми, велат тие. Едно лице почина од прострелна рана здобиена за време на протестите во Најроби, објави Дејли нејшн.

Илјадници претежно млади луѓе демонстрираа вчера во главниот град на Кенија, Најроби, против најавеното воведување на нови даноци од страна на претседателот на таа земја, Вилијам Руто.

Демонстрантите го блокираа централниот деловен кварт на Најроби, а полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои маршираа кон зградата на парламентот, каде што пратениците расправаат за нов закон. Демонстрантите се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон за да пристапат до зградите на парламентот, носејќи антивладини плакати и скандирајќи против Руто.

Демонстрантите бараат пратениците да гласаат против законот, што се очекува негативно да влијае на платите на Кенијците, претприемачите и потрошувачите. Тие велат дека Руто го прекршил ветувањето дека ќе ги намали даноците и ќе ги намали трошоците за живот.

Новите даноци ќе вклучуваат 2,75 проценти на заработката за националниот план за здравствено осигурување, како и зголемени даноци за растително масло и гориво, што ќе ги зголеми трошоците за производство.

Предлозите за воведување данок на додадена вредност од 16 отсто на лебот и нов годишен данок на моторни возила беа отстранети од предлог-законот во вторникот по средбата меѓу Руто и членовите на владејачката партија, но оние што демонстрираа рекоа дека амандманите не се целосно отфрлени и сакаат пратениците тоа да го направат. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот Македонија - Кипар, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“.

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Натпреварот Македонија – Кипар, ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Д-р Ангелески е специјалист ортопед кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедија.

Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор очекувам да ја зајакне улогата на инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

Македонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.

Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка.

Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model).

На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија.

Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина.

Со освоените три титули, македонските претставници уште еднаш го потврдија потенцијалот на домашната модна сцена, успешно претставувајќи ја Македонија на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер