Над 200 компании на утрешниот македонско-српски бизнис форум во Скопје, се очекува потпишување меморандум за соработка - Канал 5

Над 200 компании на утрешниот македонско-српски бизнис форум во Скопје, се очекува потпишување меморандум за соработка

Како што изјавија Стоилковиќ и Месаровиќ, потенцијалот за соработка меѓу двете земји е голем, особено во делот на прехранбената индустрија, а тенденцијата е зголемување на размената.

Над 200 компании на утрешниот македонско-српски бизнис форум во Скопје, се очекува потпишување меморандум за соработка

Преку 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од утрешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во Скопје, а целта е интензивирање на стопанската соработка, најавија денеска вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ откако ги посетија компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“.

Како што изјавија Стоилковиќ и Месаровиќ, потенцијалот за соработка меѓу двете земји е голем, особено во делот на прехранбената индустрија, а тенденцијата е зголемување на размената.

Според нив, на форумот ќе се разговара и за инфраструктурни проекти.

-Целта е српските производи да се најдат во македонските трговски ланци и српските компании во што поголем обем да отвораат погони во Северна Македонија, но и инвеститорите од Северна Македонија да дојдат да инвестираат во Србија и нивните производи да се најдат во српските трговски ланци, да стигнат до крајните потрошувачи. Но, не само производите, тука се и услугите. Не памтиме ваков бизнис форум со преку 200 компании, ниту толку голем интерес. Апсолутно постојат заеднички цели, особено заеднички настап на трети големи пазари согласно спогодбите што Србија ги има склучено со земји како Кина, Египет, Емиратите, државите на ЦЕФТА и ЕФТА, како и со сите останати со кои имаме договори за слобдна трговија, рече Месаровиќ.

Годинава, додаде, Србија и Македонија бележат раст во размената, но потенцијалите се многу поголеми од она што се остварува.

-Потенцијалот секогаш лежи таму каде што се ресурсите, а главните ресурси на Македонија се прехранбените производи и тука ќе биде најголемиот фокус на се што ќе се случува понатаму. Зголемувањето на размената главно се должни на храната, но не треба да се заборават и другите гранки. Форумот е преголем, преку 200 компании или најмалку 300 учесници, интересот е голем, дури и денеска стигнуват пријави за учество. Ова е голем економски настан и за Македонија и за Србија. Се очекува и економската соработка да ги следи добрите односи меѓу двете земји. Но, тоа ние мора да го овозможиме, на сите начини да успееме таа соработка да ја подигнеме на повисоко ниво. Пред неколку беше под една милијарда, годинава е 1,4, тежнееме да заврши со 1,5 милијарди и во следните години да достигне две милијарди. Постојат ресурси и серизна намера кои може тоа да го овозможат, ние сме тука да им помагаме на стопанствениците за тоа да се реализира, потенцира Стоилковиќ.

На утрешниот форум е предвидено и да се потпише меморандум за соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски по средбите во Осло е подготвен да седне на заедничка маса со Путин, има само еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Осло изјави дека за време на неговите разговори со специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, биле разгледани „јасни идеи“ .

Зеленски по средбите во Осло е подготвен да седне на заедничка маса со Путин, има само еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Осло изјави дека за време на неговите разговори со специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, биле разгледани „јасни идеи“ за тоа како да се постигне мир и можноста за одржување трилатерален состанок на лидерите.

Зборувајќи во норвешката престолнина, Зеленски рече дека еден од следните чекори би можел да биде состанок на највисоко ниво, на кој би се решавале прашања за кои, според него, можат да одлучат само лидерите на државите, објави Скај Њуз.

„Една од важните идеи е да се оди кон можен трилатерален состанок на лидерите за решавање на прашања што можат да ги решат само лидерите“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Виткоф утре ќе отпатува во Русија.

„Стив утре ќе оди во Русија и ќе видиме што има да каже Путин“, рече Зеленски.

За време на престојот во Русија, се очекува Виткоф да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можното продолжување на мировниот процес. Кремљ претходно објави дека очекува американскиот претставник да го информира Путин за позициите на украинската и европската страна што ги слушнал за време на разговорите во Осло.

Зеленски: Ништо за Украина без Украина

Украинскиот претседател се осврна и на извештаите за можна трилатерална средба меѓу САД, Русија и Кина.

Зеленски рече дека не може да се постигне договор во врска со неговата земја без директно учество на Киев.

„Ништо за Украина без Украина“, рече Зеленски.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изрази подготвеност за можна трилатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и Путин. Според достапните информации, таква средба би можела да се одржи за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во ноември, иако главната тема би била нуклеарното оружје и контролата на оружјето, а не исклучиво војната во Украина.

Зеленски во Осло на средба со Виткоф

Зеленски денес во Осло имаше средби со Виткоф, норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стабс. Претставници на Велика Британија, Франција, Германија и Полска, како и претставници од Европската Унија и НАТО, исто така учествуваа во разговорите, додека Џаред Кушнер се придружи преку видео врска поради болест.

Норвешката влада соопшти дека Зеленски побарал од Норвешка и Финска да го организираат состанокот како дел од дипломатските напори во критичен момент за Украина.

Посетата доаѓа во време на сериозно влошување на односите меѓу Киев и Вашингтон. Зеленски ги критикуваше доцнењата во испораката на американските системи за воздушна одбрана, проблемите со споделувањето податоци за руските ракетни напади и ограничувањата за користење на сателитскиот систем „Старшилд“ во последните денови.

Во исто време, Трамп ги засили критиките кон Зеленски и рече дека Украина можеби ќе треба да назначи друго лице да ги води преговорите со Русија. Затоа, состанокот во Осло се смета и за обид за обновување на политичкиот дијалог меѓу Киев и Вашингтон и наоѓање формат за продолжување на преговорите. Зеленски разговараше со Виткоф и Кушнер на 18 октомври за резултатите од претходните дипломатски контакти и следните чекори, а денешната средба претставува продолжение на тие разговори на највисоко политичко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува хаосот во Тирана: Полицијата со солзавец и водени топови ги растерува демонстрантите, тие вратија со камења (ВИДЕО)

Полицијата во Тирана денес употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред Министерството за образование, откако демонстрантите фрлаа камења кон зградата и полицајците.

Продолжува хаосот во Тирана: Полицијата со солзавец и водени топови ги растерува демонстрантите, тие вратија со камења (ВИДЕО)

Ситуацијата пред Министерството за образование се затегна откако демонстрантите повторно ја нападнаа и оштетија зградата, по што полицијата интервенираше за да ги отстрани од зградата, јавува албански „Еуроњуз“.

Демонстрантите фрлаа камења кон полицајците и полициските возила, а некои се обидоа да спречат поминување на цистерна за вода стоејќи пред неа.

Полицијата соопшти дека седум полицајци се повредени за време на интервенцијата, додека голем број демонстранти го напуштија просторот пред Министерството откако употребија солзавец и водени топови.

Протестите во Тирана денеска влегоа во осмиот ден, а пред собирот на студентите и младите, албанскиот премиер Еди Рама постави столчиња пред својата канцеларија на кои напиша дијалог, но демонстрантите одговорија со кинење на столчињата и пишување на зборот „Оставка“ на хартија.

Еден демонстрант рече дека премиерот „може да види дијалог само во соништа“, додавајќи дека „дијалогот го водат оние што го следат“.

По протестот во понеделник во Тирана, уапсени се 33 лица, а против 41 лице е поднесено обвинение.

Според Управата за локална полиција во Тирана, за време на митингот повредени се седум полицајци.

Меѓу уапсените се шест малолетници, на возраст од 15 и 17 години.

Сите уапсени се осомничени за напаѓање на полицајци и возила во сини униформи со камења и тврди предмети, како и за оштетување на канти за ѓубре и сообраќајни знаци, користејќи тврди предмети и оган.

Полицијата соопшти дека за време на седумдневните протести во Тирана се уапсени вкупно 271 лице, од кои 51 имаат криминални досиеја во различни области, вклучувајќи убиство, предизвикување повреди, нелегално поседување оружје, производство и продажба на дрога, проституција, кражба, измама и фалсификување документи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАТО испраќа авиони и дронови кон Црното Море (ВИДЕО)

НАТО ќе испрати повеќе поморски патролни авиони, радарски системи и беспилотни летала во Црното Море, соопшти воената алијанса.

НАТО испраќа авиони и дронови кон Црното Море (ВИДЕО)

НАТО ќе испрати повеќе поморски патролни авиони, радарски системи и беспилотни летала во Црното Море, соопшти воената алијанса, по серијата смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во регионот, кои се чини дека се поврзани со војната на Русија во Украина.

Одлуката беше објавена откако главното тело за донесување одлуки на НАТО, Северноатлантскиот совет, разговараше за безбедноста на Црното Море во седиштето на алијансата во Брисел.

Покрај авионите, беспилотните летала и радарските системи, членките на НАТО испратија или ќе испратат разузнавачки агенти и тимови за форензичка анализа на експлозиви, изјави полковникот на американската армија Мартин Л. О’Донел, воен портпарол на НАТО.

Серија напади врз бродови

НАТО не го припиша неодамнешниот бран напади на ниту една земја. Воените аналитичари веруваат дека повеќето од нападите веројатно ги извршила Русија, но Москва не ја презеде одговорноста за нив.

Минатата недела, седум морнари беа пријавени како исчезнати откако беспилотни летала погодија два хемиски танкери во близина на брегот на Црното Море на Романија, запалувајќи ги и покренувајќи нови безбедносни загрижености по клучна поморска рута што ја користи Украина.

Најмалку пет други товарни бродови беа погодени покрај бреговите на Романија и соседната членка на НАТО, Бугарија, во текот на изминатите десет дена, при што најмалку 23 морнари беа пријавени како исчезнати или мртви.

„НАТО веќе ја зајакна нашата позиција по должината на источниот дел, вклучително и капацитетите против беспилотни летала“, објави портпаролката на главната команда на НАТО, Алисон Харт, на платформата X. „Ќе продолжиме да дејствуваме обединето и да се осигураме дека сме подготвени и способни да одговориме на секоја закана и да ги заштитиме нашите милијарда луѓе“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер