Над 200 човечки пршлени нанижани на трски се најдени во Перу (ФОТО) - Канал 5

Над 200 човечки пршлени нанижани на трски се најдени во Перу (ФОТО)

Археолозите во Перу откриле речиси 200 примероци на човечки пршлени нанижани на стебленца од трска, што укажува на уникатен начин на третман на мртвите, никогаш досега документирано во регионот, покажало новото истражување.

Над 200 човечки пршлени нанижани на трски се најдени во Перу (ФОТО)

Меѓународен тим на истражувачи кои работат во долината Чинча, на јужниот брег на Перу, ги пронашле повеќето од овие нанижани пршлени во големи домородни гробници познати како „чулпас“, кои датираат од времето кога биле присутни европските колонизатори во јужноамериканската земја..

Археолозите откриле дека секое од гранчињата од трска со вкупно 192 пршлени во речиси сите случаи се направени од останки на едно лице, според студијата чии резултати се објавени вчера во археолошкото списание Antiquity.

Се чини дека домородното население избрало и возрасни и малолетни лица за оваа единствена процедура, велат истражувачите.

Се верува дека „пршлените нанижани на стебленца од трска“ настанале помеѓу 1450 и 1650 година, на крајот на владеењето на Инките и на почетокот на европската колонизација, кога колонизаторите станале доминантни во регионот, вели главниот автор на студијата, Џејкоб Л. Бонгерс.

Пред доаѓањето на Европејците, долината Чинче била дом на Кралството Чинч од 1000 до 1400 година, кое успеало да воспостави сојуз со моќната империја на Инките.

Но, со доаѓањето на европските колонизатори, населението беше десеткувано. Записите велат дека во 1533 година имало повеќе од 30.000 членови на племето кои до 1583 година опаднало на само 979.

Бонгерс, виш научен соработник по археологија на Универзитетот во Источна Англија во Обединетото Кралство, исто така го документирал грабежот на стотици гробови во регионот во неговото претходно истражување.

„Ограбувањето на домородните гробови за време на колонијалниот период беше широко распространето низ долината Чинча. Целта на грабежот беше првенствено да се отстранат предметите од злато и сребро пронајдени во гробниците и се совпадна со напорите на Европејците да ги искоренат домородните верски и погребни обичаи“. вели Бонгерс.

Анализата на „нанижаните пршлени“ сугерира дека таквите креации можеби потекнуваат како дел од напорите на домородното население да ја поправи штетата направена врз мртвите по грабежот, велат авторите на студијата.

Радиојаглеродното датирање спроведено од истражувачкиот тим покажува дека пршлените биле нанижани на гранчиња од трска последователно, по првичното закопување на телото.

„Овие нанижани пршлени веројатно се создадени за, на некој начин, да ги реконструираат „мртовците по грабежот на гробот“, сугерира Бонгерс. „Нашите наоди сугерираат дека таквите вертебрални низи претставуваат директен, ритуализиран одговор на домородното население на европскиот колонијализам.

За многу домородни групи во долината Чинче, физичкиот интегритет по смртта бил од големо значење. Според студијата, домородните народи во регионот практикувале уникатни техники за погребување. На пример, соседните луѓе Чинчоро ги развиле првите познати техники на мумификација со милениуми пред старите Египќани да практикуваат таков погребен обред.

Кога европските колонизатори ги уништиле мумиите во висорамнините на Андите, домородните групи го спасиле она што успеале да го спасат од уништените посмртни остатоци и создале нови ритуални предмети од нив. Нанижаните пршлени пронајдени во долината Чинче би можеле да претставуваат сличен обид за реконструкција на оштетените скелети по грабежот на Европејците.

„Ритуалите играат важна улога во општествениот и верскиот живот на домородните народи. Но, на нив може негативно да влијаат освојувањата во кои се воспоставуваат нови односи на моќ. Овие наоди потврдуваат дека гробниците се дел од областа каде што се случил овој конфликт“, вели Бонгерс, објави Нешенел Џиографик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Локализиран пожарот кај Лознани по 24-часовна интервенција на пожарникарите и населението

По 24-часовна интервенција, куќите во селото Лознани, помеѓу општините Могила и Прилеп, повеќе не се загрозени, информираа ноќеска директорот на Дирекцијата за спасување, Стојанче Ангелов, и командирот на битолските пожарникари, Христијан Тодоровски

Локализиран пожарот кај Лознани по 24-часовна интервенција на пожарникарите и населението

„Најпрвин имавме дојава за пожар во прилепско Маково. Почнавме таму да гасиме. Потоа имаше пожар во месноста Ергела накај селото Гнеотино, за во вечерните часови да се разгори пожар кај Лознани. Тој пожар го работиме цел ден денеска и го локализиравме дури вечерва. Имавме премногу тешка борба во Лознани во Новоселани беа загрозени куќи, успеавме да ги спасиме. Сега имаме активен пожар према селата Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани. Исто така, во текот на денот имаше и пожар кај селото Маково, о од друата страна на патот“, информираше Тодоровски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 14. август 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 14. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 14. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас.

Кариера

Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа.

Здравје и совет

Сите ќе ги победите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу.

Кариера

Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник.

Здравје и совет

Ослободете се од љубовните грижи.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг.

Кариера

На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено.

Здравје и совет

Дозирајте ја храната и пиењето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања.

Кариера

Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура.

Здравје и совет

Пијте повеќе течности.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани.

Кариера

Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став.

Здравје и совет

Претерувате во исхраната.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна.

Кариера

Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање.

Здравје и совет

Пораснете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени.

Кариера

Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред.

Здравје и совет

Денеска планетите се на ваша страна.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете.

Кариера

Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите.

Здравје и совет

Јадете пополека и доволно џвакајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. не форсирајте ништо.

Кариера

Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас.

Здравје и совет

Мали нервози.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок.

Кариера

Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат.

Здравје и совет

Слушајте ги луѓето во вашата околина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба.

Кариера

Вашата енергија ќе биде заразна за околината. на многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата.

Здравје и совет

Понекогаш земете си пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки.

Кариера

Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје и совет

Бариерите се уриваат сами од себеси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер