Агенцијата за национална безбедност: Попречувањето на пропагандни активности во функција на руските интереси
1Агенцијата за национална безбедност: Попречувањето на пропагандни активности во функција на руските интереси
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
ЗдравјеНад 20 милиони луѓе во светот се вакцинирале со Спутник V Повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот ја примиле руската вакцина против ковид-19 Спутник V, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).Спутник V е одобрена во повеќе од 60 земји, кои заедно имаат 3,2 милијарди жители, според RDIF, кој ја продава вакцината. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека предлогот фармацевтските компании да се откажат од правата на патенти за вакцините против ковид-19 е идеја што вреди да се разгледа и дека тој е отворен за тоа, пренесе Интерфакс. „Пандемијата е вонредна состојба“, рече тој. Путин рече дека Русија произвела „лесна“ верзија на Спутник V, која сега е достапна во земјата. Оваа верзија се дава само во една доза и е скоро 80 проценти ефективна, според RDIF. Полесната верзија на вакцината делува побрзо, но и нејзиниот заштитен ефект трае пократко, според информациите објавени претходно. Русија сега има четири вакцини против ковид-19 и произвеле 31,9 милиони дози. 9,4 милиони Руси, или 6,4 проценти од населението, биле целосно вакцинирани, а 9 проценти ја примиле првата доза, рече вицепремиерката Татјана Голикова. Повеќето Руси, според анкетите, не сакаат да се вакцинираат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
МакедонијаАгенцијата за национална безбедност: Попречувањето на пропагандни активности во функција на руските интересиАгенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава.Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, која има деструктивна и малициозна агенда за остварување влијание врз јавниот дискурс, во корист на странски интереси. Во рамки на заеднички координирани активности на АНБ, МВР и ОЈО, на 18.09.2026 г. преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор. Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење. Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. Наведените активности се континуитет на претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава за КД „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ. Агенцијата во рамки на своите надлежности ќе продолжи да презема активности во насока на детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваат стратешките евро-интегративни процеси на земјава, стои во соопштението од Агенцијата за национална безбедност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче за сè се против, не сакаат инвестиции и развој на државатаСДС и Филипче за сè се против, не сакаат инвестиции и развој на државата, ама затоа пак се за „прво Бугари во Устав, па сè останато“.Венко Филипче почнува да се губи на политичката сцена, а СДС ја претвора во маргинална партија. Внатрепартиски раскаран, во државата Филипче за се е против, не сака инвестиции, не сака развој, не сака индустрија, рудници, дата-центри, му смета се што значи развој на земјата и подобар живот за граѓаните. Но, сепак, има нешто за што е Венко Филипче. Освен за марихуана економија, тој е и за, како што и самиот изјави, прво Бугари во Устав, па сè останато. Очигледно Филипче наумил, по стилот на неговиот струмички ментор Зоран Заев, ново предавство на националните интереси и, бланко, прифаќање на се што доаѓа од Бугарија, да прифати. Тоа што Венко Филипче треба да направи е јавно да одговори пред македонската јавност, неговите сопартијци со кои секој ден се кара, пред македонските граѓани, дали зад ваквата негова изјава стои нов бизнис договор на штета на македонските идентитетски обележја и државни интереси? Практиките на тргувањата со националните интереси за лични придобивки и бизнис интереси веќе ни се познати од минатото од Зоран Заев, ментор и духовен лидер на Филипче, кои заедно на власт потпишаа капитулантски договор, сменија име на држава, прифатија бугарски диктат. Народот веќе ги има прочитано и СДС и чиракот на Заев, Венко Филипче и нема да им дозволи за свои интереси да си играат со судбината на државата и идентитетските прашања, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во сојуз со граѓаните за заштита на националните интереси и државниот развој. А, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како што до сега водеше политики кои носат инвестиции, раст на економијата и БДП кој во последниот квартал стигна до 4,3%, нови работни места, повисоки плати, инфлација пониска од еврозоната, во време на светска енергетска криза цените на горивата се најниски од земјите во регионот, така и понатаму ќе продолжи посветено да работи во интерес на граѓаните и државата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Стоилковиќ во кампања за Вучиќ со Заветница што го велича Ратко Младиќ - бараме итна смена!Иван Стоилковиќ, министер во владата на арамијата Мицкоски, повторно ја работи српско-руската агенда. Овојпат во Битола, покрај Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски - Заветница, министерка во техничката влада на Србија, поранешна радикалка на Шешељ. Таа ги нарекува НАТО-силите „НАТО империјалисти“ и вели дека сакале да ја опколат Русија, тврди дека во Киев биле поставени „марионетски власти“ и дека Русија била „принудена“ да преземе акција против неонацизмот. Таа јавно изјави: во Сребреница не се случил геноцид. Тоа е спротивно на правосилни пресуди на меѓународните судови. За Ратко Младиќ вели: генерал на Република Српска, човек што го бранел народот. Младиќ е осуден воен злосторник. Тоа не е историја. Тоа е политика што ги релативизира злосторствата и ги продлабочува поделбите. Стоилковиќ не стои случајно до неа. Соработник на БИА. Министер што работи за руски и кинески интереси. Уште полошо: министер на Македонија учествува во политичка кампања за сестринска партија на ВМРО-ОКГ - СНС, партија во друга држава. Не со било кого. Со личност што велича воен злосторник и јавно ги застапува руските интереси. По директната поддршка за Вучиќ, за Кина, за Русија. По ултрадесничарските партнери. По митингот за поддршка на Вучиќ во Куманово. По средбите со Милош Вучевиќ и почесниот конзул Адамовиќ, бизнис партерот на Мицкоски. По организирање превоз за митингот во Белград. По впишување македонски државјани во избирачки список на соседна земја и делење српски пасоши за гласање. Гласачи, македонски државјани, запишани на територија на Србија, во градови и села близу македонската граница. Во Србија беше објавено дека во избирачкиот список има повеќе од 900.000 гласачи кои наводно не одговараат на реалниот број полнолетни жители. Токму поради ваквите работи, како и поради постапките на ВМРО од минатото, ни е јасно зошто ВМРО сака да го промени Изборниот законик. Тоа е практично copy-paste на моделот на Вучиќ. Ова што го прави македонскиот министер Стоилковиќ - тоа е мешање во изборен процес на друга држава. Министер од Македонија нема што да бара таму. Македонија е членка на НАТО. Граѓаните ја избраа Европа. Владата им стави министер што шета со анти-НАТО агенда и со култ кон Хашки осуденик. СДСМ бара итна смена на Иван Стоилковиќ. Тој е министер што работи за туѓа кампања, туѓа служба и туѓа каса. Позади него е арамија што го држи. Бандата нека си го земе дома. Државата не е полигон за Вучиќ, ниту сцена за воспевање на Младиќ. Скопје, 01.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00