МакедонијаНад 20.000 Македонци вчера заминале во Грција на продолжен викендОчекувано, многу од македонските граѓани го искористија овој прв пролетен продолжен викенд да заминат за Грција. Според информациите од граничните служби, само вчера за 12 часа повеќе од 20.000 Македонци ги поминале македонските гранични премини. Најголеми гужви и денеска се забележуваат на ГП Богородица, каде чекањето трае со часови. Слична е состојбата и на ГП Дојран, кој често се користи како алтернативен премин, но денеска и таму има долги колони. Од МВР велат дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници.Тагови: грција евзони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо пожар над селото Палиград на Китка спасено телеВчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка.Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден. Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество. За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија. Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животнитеинформира првиот човек на ЦУК, Мухамед Али.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛиверпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескапАнглискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година. Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на ВардарГрадот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае.Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани, простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото одржување и уредување претставува обврска и одговорност кон сите граѓани. Во рамки на акцијата се заменуваат уништените и оштетени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата долж пешачката зона. Целта е кејот да биде повторно безбеден, функционален и уреден простор достапен и пријатен за сите генерации. Уредувањето на кејот е дел од пошироките активности за враќање на животот и содржините на овој простор. Во изминатиот период се изградени нови спортски терени и се поставува современа урбана опрема, а паралелно се реализира и голема акција за темелно расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје. Кејот е пулсот на Скопје – место каде што градот живее и каде што секојдневно престојуваат илјадници граѓани. Затоа, неговото уредување, одржување и развој остануваат еден од приоритетите во создавањето подобар и поквалитетен јавен простор. Градот Скопје продолжува со активности за унапредување на кејот и негово претворање во современ, безбеден и функционален простор кој ќе им служи на скопјани и на идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter